Грижа за заедницата

ГРИЖА ЗА ЗАЕДНИЦАТА

Стипендии за студентите на ФЕИТ, Машинскиот факултет во Скопје и Техничкиот факултет во Битола

АД ЕЛЕМ, во континуитет го зголемува бројот на студенти што добиваат стипендија од нашата компанија. Поддршката за стипендирање на најуспешните студенти на ФЕИТ продолжи и оваа година, и на пет академски граѓани им доделивме годишни стипендии во износ од 60.000 денари. Во согласност со потпишаните меморандуми за соработка со техничките факултети, АД ЕЛЕМ додели и 5. стипендии за студентите на Машинскиот факултет во Скопје. Стипендиите беа доделени на студенти со просек над осум и што исполнуваат определени критериуми пропишани на конкурсот. Стипендијата изнесува 6.000 денари и важи за една студиска година. Оваа општествено одговорна практика дава сè подобри резултати и придонесува за унапредување на образованието и науката. Годинава првпат стипендиравме и пет студенти од Техничкиот факултет во Битола. Стипендиите се доделуваат за времетраење од 10 месеци, со можност за продолжување или прекин, во зависност од исполнувањето на обврските на студентите. Со доделувањето на стипендиите, АД ЕЛЕМ дава свој придонес и поддршка во едукација и оспособување на стручни и квалитетни кадри од областа на енергетиката и воедно ги стимулира идните студенти за запишување на овие факултети.

Copyright © 2015 А.Д ЕЛЕМ. Сите права се заштитени.