Хидроелектрани

ХЕЦ Бошков Мост
Набавките се реализираат со 3 (три) договори (ЛОТ-ови), согласно процедурите на ЕБОР преку кој се финансира проектот, и тоа:

    • ЛОТ1 - Градежни работи - Тендерската постапка е завршена, избран е најповолен понудувач. За потпишување на договорот услов е претходно решавање на дополнителното финансирање за проектот. Правно-формално процедурата за набавка е се уште во тек.
    • ЛОТ 3 - Електромашинска опрема - Изготвен е извештај за евалуација на понудите, но поради гореспоменатата ситуација со дополнителното финансирање, не е извршен формален избор на најповолен понудувач.
    • ЛОТ 4 - Разводна постројка и приклучок на ЕЕС - Подготвена е тендерска документација, но повикот не е објавен бидејќи оваа активност согласно предвидената динамика за реализација, планирано е да се реализира како последен чекор во проектот. Повикот ќе се објави кога за тоа ќе се стекнат услови.
  • Постапка за одобрување на урбанистичко- планска документација.
  • Изработен е елаборат за нумерички податоци за просторот на проектот со цел: започнување активности за решавање на имотно-правните односи .
  • Анализа на варијантите за приклучок на ХЕЦ Бошков Мост и ХЕЦ Шпилје 2.
  • Изработка на стратешки оценки на урбанистичката документација за с. Селце и планската документација за проектот.
  • Изработка/подготовка на дополнителни анализи за усогласеност со ЕБОР- политиките за биодиверзитет.
  • Изработка на урбанистичка документација за приклучок на ЕЕС.
  • Постапка за избор за проценител и проценка.
  • Подготовка на техно-економска анализа со ново предвидените цени на ХЕЦ Бошков Мост.
  • Изработени се извештаи за летен, есенски, зимски и пролетен мониторинг на животната средина и биодиверзитетот во фаза „пред изградба“, согласно усвоениот Акционен план за спроведување на мерки за заштита на животната средина во согласност  со одобрената СОВЖС за проектот. Усвоен е завршниот извештај од еколошкиот мониторинг. Извештаите се доставени до ЕБОР.
  • Изработка на студија за проценка на влијанието врз акватичниот биодиверзитет.
  • Изработка на збирен извештај на мерки за намалување на влијанието врз животната средина.
  • Превод на СОВЖС за проектот Бошков Мост на aнглиски јазик.
  • Доставено е барање за продолжување на Решението за давање согласност за спроведување на проектот .
  • Во соработка со ЕБОР спроведени се хидролошки мерења со цел потврда на хидролошката основа за развој на проектот.
  • Подготовка за експропријација на ХЕЦ Бошков Мост
  • Следење на финансиската реализација на договорот за консултантски услуги склучен со Штуки (STUCKY) и АФ Консалт (AF Consult) .

 

Ревитализација на ХЕЦ - Втора фаза

  • Следење на финансиската реализација  на 12 договори.

 

ПАХЕЦ Чебрен

  • Во рамките на тендерската процедура за  ПАХЕЦ Чебрен и брана и акумулација Орлов Камен, а која ја спроведува владината комисија за големи и мали хидроелектрани и ИФЦ (IFC), подготвен е јавен повик за пројавување на интерес. Објавата беше на 30.01.2014 година, во дневните весници во РМ, Службен весник на РМ и веб- страницата на МЗСПП. Тендерската постапка за избор на најповолен понудувач е прекината со објава во Службен весник на РМ број 134 од 09.09.2014, поради тоа што во предвидениот рок беше доставена само една понуда која не ги задоволуваше  условите од тендерската документација.

  Брана Луково Поле  и довод на Корапски води

  • Потпишан е договор за изработка на независно правно мислење за проектот.
  • Изработена е проектна програма за изработка на основен проект за 2x35 kV вод МХЕ „Црн Камен“ – ТС 35/10 kV.
  • Изработена е проектна програма за проектирање пристапни и обиколни патишта за Луково Поле.
  • Завршена е финансиската ревизија и испратена е до Светска банка.
  • Добиен трет финален  извештај од  панел на експерти за животна средина.
  • Финализирање на студијата за оцена и влијание врз животната средина-СОВЖС и доставување на драфт верзија .
  • Прифаќање на нацрт- финалната верзија за независно правно мислење за проектот.
  • Изработка на проектен извештај.Одржани се состаноци со консултантот, панел експертите, Светска банка и претставници на АД ЕЛЕМ.
  • Подготовка на анекс на основниот договор со консултантот.

Вардарска Долина

  • Изработена е ажурирана префизибилити студија за проектот Вардарска Долина  со ажурирање на цените за градежните работи, електромашинската опрема, пресметки на годишно производство и ажурирање на економските  податоци.
  • Во согласност со заклучокот на Владата на Р. Македонија е дефинирана нова проектна задача за изработка на нова префизибилити студија за хидроенергетско искористување на водниот потенцијал на реката Вардар.

Надградба на ХЕЦ Шпилје

  • Подготовка на физибилити студија, вклучително студија за оцена на влијанието врз животната средина, со изработка на воведен извештај, прелиминарен извештај за оцена на влијанието врз животна средина и прелиминарна верзија на тендерска документација за дополнителни геолошки истраги.
  • Изработена е прелиминарна оптимизациона анализа.
  • Доставен е времен извештај .
  • Направен е избор на варијанта која ќе се обработува до финална изработка на физибилити студијата како и изработка и преглед на извештаи и друга пропратна документација.
  • Избор на варијанта за приклучен ДВ ХЕЦ Шпилје - ХЕЦ Бошков Мост.
  • Следење на договорот за консултантски услуги склучен со Фихтнер (Fichtner) за изработка на физибилити студијата.

Искористување на водите од ХЕЦ Равен до акумулација Козјак

  • Изработка на информација за проект за оптимално искористување на водите од ХЕЦ Равен до акумулација Козјак.

 

Сеизмички мониторинг и сеизмичка активност на локации на постојни и идни брани

  • ЛОТ 1: Сеизмички мониторинг на постојните брани и на локациите за новите брани во АД ЕЛЕМ.
  • ЛОТ 2: Сеизмичка активност - индуцирана сеизмичност на браните Козјак, Света Петка и локацијата Белица.
  • Водење на работите за сеизмички мониторинг – одржување и сервисирање на инструменти за регистрација на силни земјотреси, инсталирани на браните: Маврово, Шпилје, Глобочица, Тиквеш, Козјак и Света Петка, и на локации за идните брани: Велес, Чебрен, Криволак и Градец.
  • Водење на работите за сеизмичка активност - индуцирана сеизмичност на браните Козјак, Света Петка и локацијата Белица.
  • Усогласување на потребната техничка документација со Секторот за комерција за објавување на ЈН.

Консултантски услуги од областите кои го покриваат тековното и инвестициско работење на АД ЕЛЕМ

  • Склучени се договори за консултантски услуги со: Градежен факултет Скопје, Машински факултет Скопје, ФЕИТ Скопје и ФПТН Штип за давање консултантски услуги од областите кои го покриваат тековното и инвестициско работење на
    АД ЕЛЕМ. Предвидена реализација  на договорите  за период  од 5.11.2013 до  5.11.2016 година.
  • Учество во работно тело за спроведување на договорите.

Извршени се консултантски (стручни) услуги за сите фази од следните области: градежништво, машинство, електротехнички и информатички технологии и рударство. Изработени се: проектни задачи, проектни програми, извештаи, програми за истражувања, теренски мерења, лабораториски испитувања и други услуги во согласност со обврските од договорите.

 

 

 

Copyright © 2015 А.Д ЕЛЕМ. Сите права се заштитени.