ХЕС Црн Дрим

СТРУКТУРА

Име и презиме Функција Email адреса Телефон
Сашо Коркут Директор saso.korkut@elem.com.mk 046 785 403
Тони Маркоски Раководител на Служба за производство на електрична енергија toni.markoski@elem.com.mk 046 785 432
Марјан Главинчески Управник на ХЕ ГЛОБОЧИЦА – СТРУГА marjan.glavinceski@elem.com.mk 046 785 421
Џеладин Имеровски Управник на ХЕ ШПИЛЈЕ – ДЕБАР dzeladin.imerovski@elem.com.mk 046 785 444
046 839 514
Живка Наумоска Раководител на служба за финансиски и комерцијални работи zivka.naumoska@elem.com.mk 046 785 440
Мерита Бизати Раководител на служба за правни и општи работи merita.bizati@elem.com.mk 046 785 410
ХЕС ЦРН ДРИМ 046 785 400

 

ХЕС Црн Дрим ја сочинуваат две брани и хидроелектрани, ХЕ “ШПИЛЈЕ” и ХЕ “ГЛОБОЧИЦА”.

ХЕ “ШПИЛЈЕ” e најголемата акумулациска хидроелектрана на сливното подрачје на реката Црн Дрим во близина на Дебар. Хидроелектраната се наоѓа на самиот состав на реките Црн Дрим и Радика, па затоа режимот на дотекувањата во акумулацијата зависи од режимот на двете реки.

ХЕ “ГЛОБОЧИЦА” се наоѓа во западна Северна Македонија на реката Црн Дрим, околу 30 km северно од Струга. Оваа деривациска електрана која го затвора тесниот профил на реката Црн Дрим, со својата акумулација врши неделно израмнување на дијаграмот на потрошувачка. ХЕ Глобочица има камено-насипна брана со висина од 94,5 m. Хидроелектраната “Глобочица” е проектирана и изведена со инсталирана моќност од 42 MW и годишно производство од 191 GWh.