РЕК Осломеј

СТРУКТУРА

Име и презиме Функција Email адреса Телефон
Златко Пиперкоски Директор zlatko.piperkoski@elem.com.mk 045 259 801
Ќерим Халили Директор qerim.halili@elem.com.mk 045 259 807
Раде Цветаноски Директор на ПЕ Термолектрана rade.cvetanoski@elem.com.mk 045 259 803
Миле Милошески Директор ПЕ Рудник mile.miloseski@elem.com.mk 045 259 925
Влора Сула Раководител на Сектор за правни и општи работи vlora.sula@elem.com.mk 045 259 868
Чедомир Арсовски Раководител на Сектор за инвестиции и развој, технички работи и сигурност cedomir.arsoski@elem.com.mk 045 259 889
Мито Попоски Раководител на Сектор за комерцијно – финансиски работи mito.poposki@elem.com.mk 045 259 809
РЕК ОСЛОМЕЈ 045 259 802

 

РЕК Осломеј е втора термоелектрична централа според инсталирана моќност во Република Северна Македонија која своевремено учествуваше со приближно 10% во вкупното домашно производство на електрична енергија. ТЕЦ Осломеј се состои од еден блок со вкупна инсталирана моќност од 125 MW, а започнала со работа во 1980 година.

Оваа термоелектрична централа моментално ги користи како основно гориво преостанатите количини од локалниот лигнит од рудникот Осломеј – Запад (басен Кичево).

Со цел продолжување на работниот век на ТЕЦ Осломеј, од страна на реномирани консултанти, во 2015 година изработена е физибилити студија за модернизација на централата што препорачува користење на увозен јаглен со повисока калорична вредност. Стратегиската цел е прецизно утврдување на моменталната состојба на ТЕЦ Осломеј со цел продолжување на животниот век на оваа централа во согласност со националните барања и барањата на ЕУ за животна средина и обезбедување долгорочно и одржливо снабдување со јаглен.