ХЕ Чебрен

Спроведувањето на овој проект е во надлежност на Mинистерството за животна средина и просторно планирање.

Преградното место „Чебрен“ се наоѓа во клисурниот дел на Црна Река, оддалечено 81 км спротиводно од нејзиното устие во р. Вардар, во близина на с. Манастир, а околу 7 км спротиводно од Расимбегов Мост. На овој потег веќе е изградена ХЕ „Тиквеш“ со нормална кота на акумулацијата 265,00 м.н.в., додека за останатиот клисурен дел на Црна Река анализирани се повеќе решенија и варијанти за нејзино енергетско искористување. Наедно, во претходната студиска фаза на проектирање, усвоено е да се изградат две прибрански хидроелектрани со значаен акумулационен простор, и тоа: ХЕ „Галиште“ со нормална кота на акумулацијата 392,00 м.н.в., и ХЕ „Чебрен“ со кота на акумулацијата 565,00 м.н.в.

Во февруари 2016 година, е објавен јавен повик во  Фајненшл тајмс (Financial Times) и на веб-страницата на МЖСПП за пројавување интерес за проектирање, изградба и концесионирање на ХЕ „Чебрен“ и ХЕ „Галиште“, при што се пристигнати 11 техничко-економски решенија од заинтересирани компании. Во февруари 2017 година изработена е Префизибилити Студија за испитување на оптимално енергетско искористување на потегот на Црна река узводно од ХЕ Тиквеш.

ХЕ Чебрен