ХЕ Галиште

Спроведувањето на овој проект е во надлежност на Mинистерството за животна средина и просторно планирање.

Расположливиот потенцијал на Црна Река досега е искористен само со изградбата на високата брана „Тиквеш“, а тоа е всушност долниот дел од клисурниот потег на Црна Река. Спротиводните акумулации „Галиште“ и „Чебрен“ имаат исклучиво енергетско значење, со услови за формирање на големи акумулации, (особено акумулацијата „Чебрен“ ) и за израмнување на протечните води на Црна Река, сè со цел нивно целосно искористување.

Преградното место „Галиште“, кое е во средишниот дел на клисурниот потег на Црна Река, се наоѓа на самиот почеток на постојната акумулација „Тиквеш“, односно 54 км спротиводно од вливот на Црна Река во реката Вардар. ХЕ Галиште е проектирана со инсталирана моќност од 193,5 MW. Ќе работи како вршна електрана, при што волуменот на акумулацијата дозволува сезонско префрлање на протекувањата на вода. Во согласност со анализите што произлегуваат од  физибилити студијата ХЕ „Галиште“ годишно е предвидено да произведува 262,5 GWh. Со изградба на браната „Галиште“ ќе се формира акумулација со вкупен волумен од 344 х 106 м3. Хидроенергетската постројка „Галиште“ е предвидено како прибранска, а високата брана се предвидува да биде од типот камено-насипана со централно глинено јадро.

ХЕ Галиште