СТИПЕНДИИ И ВО УЧЕБНАТА 2013/14 ГОДИНА

Најдобрите 5. студенти од електроенергетските насоки на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), кои навреме ја завршија првата година, со просек над осум, добија стипендии од Електрани на Македонија. Месечната стипендија изнесува 6.000 денари.

Како општествено одговорна компанија, сметаме дека помагањето и поддршката на општеството е неопходно за  развојот на заедницата, особено поддршката на активности што директно го поттикнуваат унапредувањето на образованието и науката. Стипендирање на најуспешните студенти на ФЕИТ се спроведува веќе трета година по ред, и е силен стимул на идните студенти за запишување на Факултетот.