Квалификувани кандидати во втора фаза од квалификациски систем бр 20998/2024/К1
Квалификувани кандидати во втора фаза од квалификациски систем бр 20998/2024/К1
Во рамките на ESG Adria Summit 2025 што се одржува во Тиват, Република Црна Гора, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и директорот за финансии на АД ЕСМ Иван Стојановски остварија работна средба со претставници на КфВ банката, Клаус Милер, директор за Југоисточна Европа и Турција и Милица Кнежевиќ. Во фокус на средбата беше реализацијата на неколку проекти: финансиската и техничка поддршка […]
Ја известуваме јавноста дека поради настанат проблем на дистрибутивната електроенергетска мрежа во подружница „Енергетика“, која е приклучена на комбинираната електрана КОГЕЛ што произведува електрична и топлинска енергија, во прекин е испораката на топлинска енергија кон потрошувачите во населбите Железара, Триангла, Маџари и Хиподром. Станува збор за проблем предизвикан од надворешен фактор, и не е последица од работните процеси во ЕСМ Енергетика. Веднаш се известени и […]
Во периодот од 6 до 11 април, Термоелектраната Битола ќе работи со намален капацитет, испорачувајќи електрична енергија преку еден блок. Причина за ова е планираниот редовен ремонт на блокот “Битола 2”, кој започна на 1 април и има за цел да ја зголеми ефикасноста на постројката. Дополнително, утрово беше планирано исклучен од мрежа термоблокот “Битола 3” поради неопходна интервенција на регулационен вентил, која се очекува […]
ЕСМ Снабдување со топлина и ЕСМ Енергетика ги известуваат своите потрошувачи дека, согласно најавените ограничување на испораката на природен гас од дистрибутерот Номагас, во периодот од 1 до 5 април годинава, ќе има минимални редукции на испораката на топлинска енергија. Очекуваме дека овие редукции нема значително да влијаат на комфорот на потрошувачите, односно нема да има намалување на температурите во становите од 20+1оC. Причина за […]
Генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев, заедно со дел од раководниот тим на компанијата, оствари работна посета на Подружницата Енергетика, лоцирана во индустрискиот комплекс “Железарница” во Скопје. Целта на посетата беше директно запознавање со тековните активности и потенцијалите на овој важен енергетски капацитет. Во рамките на „Енергетика“ функционира и комбинираната електрана КОГЕЛ, која произведува електрична и топлинска енергија. Узунчев ја истакна важноста на „Енергетика“ […]
За време на посетата на Прага по повод седницата на Мешовитиот комитет за економска соработка меѓу Македонија и Чешка, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и членовите на Управниот одбор на АД ЕСМ, директорот за финансии Иван Аџија Стојановски и директорот за развој и инвестиции Владимир Пејоски, остварија средби со претставници на неколку водечки регионални компании специјализирани за турбини за хидроцентрали и […]
Делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, членови на Управниот одбор на АД ЕСМ и претставници одМинистерството за енергетика, рударство и минерални суровини, оствари средба со директорот на економскиот сектор при чешкото Министерство за индустрија и трговија Едуард Мурицки, и директорот за нови технологии, Јан Прашил. Во фокусот на разговорите беа имплементацијата на нови технологии во енергетскиот сектор, можностите за […]
Во рамки на официјалната посета на Чешка, македонската делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска , заедно со дел од менаџментот на АД ЕСМ , ја посети термоелектраната Тушимице. Посетата беше организирана со цел да се разгледаат напредните технологии кои се применуваат во процесот на експлоатација, обработка и согорување на јагленот, како и да се истражат можностите за соработка меѓу двете […]
Раководствата на АД ЕСМ и АД МЕПСО денеска одржаа координативна средба со цел усогласување на стратегиите за развој на преносната електроенергетска мрежа и интеграција на новите производни капацитети од обновливи извори на енергија. На средбата, АД ЕСМ ги презентираше плановите за проширување на своето производно портфолио со нови капацитети од обновливи извори на енергија, додека АД МЕПСО ги претстави проектите за зајакнување на сигурноста и […]