| 2010-09-01 | ||
| Калкулатор за пресметка на износ за исплата по интерен оглас за доброволен престанок на работен однос на работници во АД ЕЛЕМ |
||
| За превземање притисни овде |
||
| 2010-08-28 | ||
| ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА РУДАРИТЕ ВО РЕК„БИТОЛА“ И ВО РЕК „ОСЛОМЕЈ“ |
||
| Денеска, во рудникот Суводол на РЕК„Битола“ беше одбележан 28 август - Денот на Македонските рудари. На свеченоста, покрај менаџерскиот тим на РЕК„Битола“ и вработените на Комбинатот, присуствуваа и претставници на УО на АД ЕЛЕМ Скопје, предводени од генералниот директор д-р Влатко Чингоски.
Во своето обраќање, директорот на РЕК„Битола Мирко Ристевски го истакна значењето на работата на рударите во крајните производни резултати на РЕК„Битола“, додека директорот на рудниците во РЕК„Битола“ Сашо Јовчевски се осврна на постигнатите резултати на оваа производна единица во периодот помеѓу двата празници. На присутните им се обрати и генералниот директор на ЕЛЕМ д-р Влатко Чингоски. - За обезбедување на стабилен и модерен енергетски систем во државата што е наша примарна цел, неопходно е одржување на стабилно производство на јаглен во рудникот Суводол и продолжување на работниот век на РЕК„Битола“ во наредните две децении, со отворањето на новите јагленокопови во Брод – Гнеотино и ПЈС на рудник Суводол - истакна во своето излагање пред рударите генералниот директор на ЕЛЕМ д-р Чингоски. Тој истакна дека годинава успешно е завршена монтажата на рударската опрема – багер СРс 1050 и одлагач А2РСБ 5500, вредна 25 милиони евра, што како први БТО систем е вклучена на отворањето на ПЈС во рудникот Суводол, од каде во наредните 20 – тина години се очекува да се ископаат 50 милиони тони јаглен. Исто така, нагласи д-р Чингоски, со ставање во функција на два нови багери ЕШ 10/70 вредни 4,5 милиони евра, зајакнати се капацитетите и на рудникот Брод – Гнеотино, каде дополнително ќе се вложат 1,8 милиони евра за асфалтниот пат од Новаци до Брод и уште 17,3 милиони евра за главниот транспортен систем за континуиран дотур на јаглен од површинскиот коп Брод – Гнеотино до рудникот Суводол во должина од 10 километри. -Со оглед на тежината на вашата работа и задачите кои ги извршувате во секојдневната „борба“ со природата и временските услови, сакам да ве уверам дека како раководство на ЕЛЕМ правиме и ќе правиме се што е во наша моќ да ги осовремениме и унапредиме условите за работа, со посебен акцент на безбедноста на опремата и пред се на луѓето - истакна на крајот д-р Чингоски. На прославата во рудникот Суводол традиционално беа прогласени и најдобрите рудари за оваа година како и победниците на спортските работнички игри, организирани во чест на Денот на рударите. Денот на рударите беше одбележан и во РЕК „Осломеј“ каде пред рударите се обратија заменик генералниот директор на АД ЕЛЕМ г.Асан Јакупи и директорот за производство на АД ЕЛЕМ, г.Димитар Танурков. Осврнувајќи се на успешните резултати кои изминативе години ги бележи РЕК „Осломеј“, Танурков потенцира дека рударите во овој комбинат се меѓу најважните алки во процесот на производство на електрична енергија. |
||
| 2010-08-20 | ||
| ХЕ „Козјак“ реализира најголемо производство на електрична енергија од нејзиното вклучување во 2004 година |
||
| Хидроелектраната „Козјак“ капацитет во сопственост на АД „Електрани на Македонија“, забележа најголемо производство на електрична енергија од нејзиното вклучување во електроенергетскиот систем на Република Македонија во 2004 година. Од почетокот на годинава до средината на август, регистрирана е испорака на електрична енергија од над 190 милиони киловатчасови, со што е надминат досега најдобриот резултат на хидроелектраната од 179,52 милиони киловатчасови остварен за цела 2006 година.
Годишното производство на ХЕ „Козјак“ во однос на енергетскиот биланс е остварено на 27 мај, или за помалку од пет месеци. Со оглед на тоа што сме при крај на вториот квартал од тековната 2010 година, вредноста на досега постигнатиот резултат е од исклучително значење за овој капацитет со оглед на тоа што хидроелектраната и понатаму произведува електрична енергија во согласност со потребите на електроенергетскиот систем. Моментно, акумулацијата има водни резерви доволно за производство уште на дополнителни 48 милиони киловатчасови електрична енергија во понатамошниот период. Агрегатите се во одлична техничка кодиција и се максимално ангажирани според потребите и барањата на македонскиот електроенергетски систем. ХЕ „Козјак“ и понатаму ќе биде максимално ангажирана за да ги задоволи потребите за производство на електрична енергија и максимално да ги преработи дотоците во акумулацијата. И хидроелектраната „Тиквеш“ се очекува за кратко време да го достигне и надмине производствениот рекорд од 265 милиони киловатчасови поставен во 1981 година. Според проекциите, овој капацитет тековната година најверојатно ќе ја заврши со произведени над 300 милиони киловатчасови, што ќе се заведе како досега убедливо најголемо производство на електрична енергија во 42 годишното постоење на оваа хидроелектрана. Овие производни резултати на хидроелектраните на АД ЕЛЕМ се должат пред се, на добрата хидролошка состојба, одличната техничка подготвеност на хидроелектраните, квалитетно реализираната прва фаза од проект за ревитализација на хидроелектраните со кредитот од Светска банка, како и оптималното управување со хидроелектраните и солидната термо-хидро координација на ниво на целата компанија. |
||
| 2010-08-16 | ||
| АД ЕЛЕМ го збогати Охридско Езеро со 750 килограми квалитетен подмладок на јагула |
||
| Денеска, во водите на Охридското Езеро на иницијатива на АД „Електрани на Македонија“ беа испуштени околу 330 килограми квалитетен подмладок на јагула. На пуштањето на јагулите во водите на езерото присуствуваа генералниот директор на АД Електрани на Македонија д-р Влатко Чингоски, директорите на ХЕЦ Глобочица и ХЕЦ Шпилје Тихомир Скепароски и Љупчо Ангелоски, како и управителот на фирмата преку која е набавен подмладокот на јагули „Преспа Рибарство“ од Скопје, Србољуб Ристиќ.
Во моментот кога беа изградени двете хидроелектрани ‘Шпилје‘ и ‘Глобочица‘, природниот пат на јагулата од Охридското Езеро до Саргасовото Море и назад беше спречен. Затоа, АД ЕЛЕМ како општествено одговорна компанија со години наназад врши порибување и збогатување на фондот на јагули во овој специфичен акватичен систем. - Подмладокот на јагула со кој ќе се порибува Охридското Езеро потекнува од затворени системи за одгледување, ослободен од сите видови на заразни болести, за што АД ЕЛЕМ претходно ги има обезбедено сите потребни ветеринарни уверенија за здравствената состојба, вклучувајќи го и Уверението од државниот ветеринарен институт на земјата од каде што се набавуваат единките. Подмладокот на јагула со тежина од 15 – 50 грама од парче, претходно престојуваше во карантин во базените на Институтот за сточарство во Скопје, односно во работната единица мрестилиште Шум – Струга, каде е извршена здравствена анализа и други дијагностички испитувања- рече денеска д-р Чингоски во Охрид пред чинот на порибување. Вкупната вредност на подмладокот на јагула со кој ќе се порибува Охридското езеро изнесува околу 2.5 милиони денари, средства обезбедени од АД ЕЛЕМ Скопје. Вакво порибување на Охридското езеро компанијата традиционално ќе го продолжи и во иднина, со што како општествено одговорна компанија, во континуитет ќе обезбедува обновување и зачувување на овој ендемски вид риба. Утре и задутре, според утврдената динамика на порибување, во водите на Охридското Езеро ќе запливаат уште околу 420 килограми млади јагули. |
||
| 2010-08-12 | ||
| Потпишан меморандум за соработка помеѓу АД ЕЛЕМ и ФЕИТ |
||
| Генералниот директор на АД „Електрани на Македонија“ д-р Влатко Чингоски и деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии - ФЕИТ, проф. д-р Миле Станковски, денеска потпишаа меморандум за соработка, со кој се утврдени полињата од заеднички интерес, базирани на искористувањето на научно – стручните, професионалните, материјално техничките и просторните услови, насочени кон унапредувањето на едукативните, истражувачките и апликативните активности од областа на електротехниката и информациските технологии.
Посебен акцент во меѓусебната соработка ќе биде ставен на развојот на едукативните активности, реализирани преку континуирано образование на инженерско – техничкиот кадар, стипендирање на студенти и постдипломци, обезбедување на студентска пракса за студенти – стипендисти и останати студенти запишани на ФЕИТ во работните единици на АД ЕЛЕМ, давање препораки за вработување на студенти дипломирани на ФЕИТ на барање на АД ЕЛЕМ , предавања, семинари, одбрана на магистерски и докторски трудови од делокругот на електротехниката и информациските технологии. -Меморандумот за соработка со Факултетот за електротехника и информациски технологии е исклучително важен документ, кој ќе ја подигне соработката на повисоко ниво - рече генералниот директор на АД Електрани на Македонија, д-р Влатко Чинговски. Овој меморандум, според д-р Чингоски е поттикнувачки и ќе ги даде само рамките од кои треба да произлезат други документи. -Од една страна, ке им овозможиме на студентите и постдипломците, преку организирање на семинари, работилници, изготвување на проекти, студентска пракса, како и додипломски, магистерски и докторски студии и различни теми од областа на енергетиката, комплетен увид во она што ќе биде нивна идна професија. Од друга страна пак, етаблирани експерти од Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе добијат можности да ги советуваат нашите стручни кадри за одредени проблеми и за воведување на модерни технологии во секојдневното работење“, изјави д-р Чингоски,. Овој меморандум на нашите 4.000 студенти ќе им овозможи својот професионален придонес да го дадат во својата земја, смета Деканот на ФЕИТ, МилеСтанковски. „Со вакви активности ќе им овозможиме на најдобрите студенти да продолжат да работат во нашата држава и да го даваат својот придонес во стопанството на нашата држава. Бидејќи нашиот факултет, освен што се грижи да произведе инженери, ние се грижиме и за тоа што ќе прават студентите понатаму, дипломираните инженери и следејќи го светскиот тренд во областа на образованието и напредокот на електроенергетиката, дојдовме до заклучок дека бројот на студенти кои што моментално студира и кој што го очекуваме да се запише оваа година на нашиот факултет, не е доволен за да ги задоволи потребите на стопанството од оваа област за следните 5 до 10 години“, изјави Миле Станковски, Декан на ФЕИТ. Покрај ова , АД ЕЛЕМ и ФЕИТ меѓусебно ќе соработуваат на развојно – истражувачки и апликативни проекти, размена на информации за членување во домашни и меѓународни професионални здруженија, како и на други активности од консултативен карактер. Со потпишувањето на Меморандумот, АД ЕЛЕМ уште еднаш потврди дека претставува општествено одговорна компанија, која ги следи, активно учествува и ги помага сите научно – образовни и технолошки достигнувања во делокругот на нејзината работа. |
||
| 2010-08-11 | ||
| ПОЧНА МОДЕРНИЗАЦИЈАТА НА ТЕ БИТОЛА 1 |
||
| Следејќи ја стратегијата на зајакнување и целосна модернизација на производствените перформанси, АД „ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА“ и годинава продолжи да инвестира во нови енергетски проекти кои ќе придонесат за солидна енергетска стабилност и унапредување на енергетскиот систем на Република Македонија.
Во таа насока, во РЕК „Битола“ започна реализацијата на најголемата инвестиција од завршувањето на изградбата на комбинатот во 1988 година – модернизација и автоматизација на термоелектраните Битола. Според договорот, руската компанија „СИЛОВИЕ МАШИНИ“, која е избрана како најповолен понудувач, по принципот „клуч на рака“ , почнувајќи од годинава па заклучно со 2012 година, ќе ја реализира оваа инвестиција вредна 55,9 милиони евра, од кои 30 милиони евра се кредитно задолжување од Стопанска банка ад скопје , додека останатите средства во висина 25,9 милиони евра се сопствени средства на АД „ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА“ -Модернизацијата на ТЕ„Битола“ која е во тек , насочена е пред се кон зголемување на доверливоста на работа на термоелектраната и продолжување на експлоатациониот век на енергетските блокови за најмалку уште 120.000 работни часови. Инвестицијата ќе ја зголеми инсталираната моќност на секој од трите агрегати во ТЕ„Битола“ за дополнителни 8,32 мегавати по блок, односно вкупно 25 мегавати инсталирана моќност за трите блока. Тоа ќе значи и зголемување на производството на електрична енергија од 160 до 200 гигават часови на годишно ниво, без зголемување на специфичната потрошувачка на јаглен - изјави д-р Влатко Чингоски, генерален директор на АД ЕЛЕМ, денеска од Битола. И конечно, модернизацијата на енергетските блокови ќе ги редуцира динамиката и оперативните трошоци за ремонти и тековно одржување на термоелектраната во наредниот период. Кога сме кај инвестиционите вложувања во РЕК„Битола“ треба да потсетиме дека годинава во нашиот најголем електроенергетски капацитет инвестирани се повеќе од 100 милиони евра. Пред се ова се однесува на отворањето на подинската јагленова серија на рудникот Суводол и набавката и монтажата на еден нов БТО систем составен од багер СРс 1050 и одлагач А2РСБ 5500 во кој се вложени 25 милиони евра. Потоа, тука е зајакнувањето на производниот процес на површинскиот коп Брод – Гнеотино со два багери дреглајни еш 10/70 вредни 4,5 милиони евра како и изградбата на асфалтниот пат и рудничкиот круг. Потпишан е и договорот со германската компанија „ТИСЕН КРУПП“ за набавка и монтажа на главниот транспортен систем за јаглен од површинскиот коп Брод – Гнеотино до рудникот Суводол во должина од 10 километри, што претставува инвестиција вредна 17, 3 милиони евра, која ќе се реализира во наредните 12 месеци. Сите овие крупни инвестициони вложувања ќе придонесат за продолжување на векот на експлоатација на РЕК„Битола“ и за стабилно производство на електрична енергија во наредните 20 до 25 години. |
||
| 2010-07-30 | ||
| АД ЕЛЕМ ГО ИМПЛЕМЕНТИРАШЕ СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ И СЕ ЗДОБИ СО СЕРТИФИКАТ ИСО 9001:2008 |
||
| АД „Електрани на Македонија” се стекна со сертификат за квалитет откако целосно го имплементира системот за управување во согласност со стандардот ИСО 9001:2008. По извршената проверка на системот за управување со квалитет, Меѓународната акредитирана сертификациска куќа „СГС Београд“ даде препорака за издавање сертификатот, а нејзиниот директор г. Маринко Укропина, денеска истиот му го врачи на г. Влатко Чингоски, генерален директор на АД ЕЛЕМ.
-Овој сертификат има огромна важност не само за нашата компанија и за Република Македонија, туку и за целиот регион. Ќе покажеме дека АД ЕЛЕМ работи според најновите светски стандарди, а имплементацијата на овој систем е чекор напред во развојот на нашата компанија, за нејзините вработени, за менаџерскиот тим, за сите кои работеа на проектот со несебичност, со упорност и посветеност. Воведувањето на системот за квалитет значи и подобрување на перформансите на компанијата чија цел е да го потврди квалитетот во иднина, и дополнителен мотив понатаму да продолжи да работи на имплементација на нови стандарди - посочи г. Чингоски. Постапката за воведување на системот за управување со квалитет во АД „Електрани на Македонија“ почна во 2008 година со склучување на договор за консултантски услуги со фирмата „МАККОНТРОЛ – Скопје“. Во текот на двегодишната работа со консултантите реализирани се многубројни активности, а изработен е и Прирачник за квалитет и 47 процедури кои ги пропишуваат работните процеси што се одвиваат во организациските единици на АД ЕЛЕМ. -Доделувањето на сертификатот на АД ЕЛЕМ е само почеток на соработката и основа за нови успеси, за понатамошен напредок и полесна реализација на следните сертификати , потенцираше директорот на Меѓународната акредитирана сертификациска куќа „СГС Београд“ г. Маринко Укропина. АД ЕЛЕМ е компанија од стратешко значење за Република Македонија и затоа целосно ја спроведува политиката за квалитет, како дел од определбата за успешно работење. Оттука, произлегуваат обврските на компанијата да се профилира себе си како општествено одговорно претпријатие со висока заложба за имплементирање на ИСО стандардите во работењето. |
||
| 2010-06-18 | ||
| ОТВОРЕН ДЕН ЗА ПОТРОШУВАЧИТЕ НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА НА АД ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА, ПОДРУЖНИЦА ЕНЕРГЕТИКА |
||
| Почитувани граѓани,
На 19 јуни (сабота), со почеток во 10 часот, во просториите на АД „Електрани на Македонија“, Подружница Енергетика(во кругот на скопска Железарница), ќе се одржи Отворен ден за потрошувачите на топлинска енергија кои ја користат оваа услуга преку Подружница Енергетика. Идејата за оваа средба со граѓаните произлегува од стратегијата на АД ЕЛЕМ, како компанија во државна сопственост да биде поблиску до своите потрошувачи на топлинска енергија кои се опфатени во системот на топловодно греење. Станува збор за жителите на урбаните заедници Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром. Имајќи го во предвид планот за развивањето на топловодната мрежа, целна група се и жителите на Бутел, М. А. Ченто и Чаир. Согласно определбата на АД ЕЛЕМ за ефикасност во работата, целта е и да се почувствува расположението на граѓаните, како и да им се објаснат придобивките кои тие ги имаат од двата нови турбоагрегати кои од неодамна се пуштени во погон, а се инвестиција на АД ЕЛЕМ и се дел од развојните проекти на Владата на Република Македонија. Компанијата, и понатаму продолжува да ги превзема сите чекори за развивање на мрежата и постигнување на висок степен на енергетска ефикасност на топловодниот систем. Исто така, покрај презентацијата на развојните проекти на топловодниот систем, кои ќе бидат претставени пред граѓаните, АД ЕЛЕМ -Енергетика истакнува дека е активен партнер на граѓаните кои користат топлинска енергија од овој капацитет и на истите е подготвена да им излезе во пресрет за изнаоѓање начин за подмирување на заостанатите сметки кој би бил прифатлив за потрошувачите. На овој Отворен ден за потрошувачите на топлинска енергија на АД ЕЛЕМ- Подружница Енергетика, посебен акцент ќе се стави на подигање на јавната свест во насока на навремено подмирување на своите месечни ануитети. Со редовно и навремено плаќање на истите, овој капацитет би бил во можност да ја прошири својата мрежа, да се инвестира за уште подобра енергетска ефикасност на топловодниот систем со што граѓаните кои се корисници на овој вид на енергија би почувствувале бенефит од аспект на заштеда на топлинската енергија, би добивале пониски сметки, како и непречена и квалитетна испорака на топлинска енергија во текот на грејната сезона. Со овој настан кој ќе се организира повеќепати во годината, континуирано ќе продолжи спроведувањето на Системот за квалитет ISO9001 со кој се мониторираат потребите на корисниците на топловодното греење. Ве очекуваме. Со почит! АД „ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА“ |
||
| 2010-06-10 | ||
| ИЗВЕСТУВАЊЕ за направената распределба на средства по Јавниот Повик за прибирање на апликации согласно Декларацијата за општествена одговорност на АД ЕЛЕМ - Скопје |
||
| До Комисијата беа доставени вкупно 91 апликација и согласно Декларацијата за општествена одговорност на АД ЕЛЕМ – Скопје, Комисијата врз основа на правила и критериуми за доделување на средствата, изврши селекција на пристигнатите апликации и направи предлог листа на апликанти на кои ќе се доделат средства.
Ваквата предлог листа беше усвоена од страна на Управен Одбор на АД ЕЛЕМ - Скопје со Одлука бр. 02-2644/106/2 од 26. 05. 2010 год. и потврдена од страна на Надзорен Одбор на АД ЕЛЕМ – Скопје со Заклучок бр. 02-2604/38/2 од 02. 06. 2010 година. Вкупно доделени средства по овој Повик се 10.160.000,00 ден, од кои: •спорт 4.250.000,00 ден •екологија 430.000,00 ден •култура и уметност 2.900.000,00 ден •образование и наука 460.000,00 ден •развој на цивилно општество 1.060.000,00 ден •поддршка на религиозни заедници 1.060.000,00 ден Сите учесници во постапката ќе бидат поединечно писмено известени за исходот по нивната апликација. Им благодариме на сите апликанти за покажаната доверба кон АД ЕЛЕМ – Скопје. Со почит, АД ЕЛЕМ – Скопје |
||
| 2010-05-27 | ||
| ПОЧНА ЕКСПЛОАТАЦИЈАТА НА ПОДИНСКИТЕ ЈАГЛЕНОВИ СЕРИИ ВО РЕК„БИТОЛА“ |
||
| Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и генералниот директор на АД „Електрани на Македонија“ д-р Влатко Чингоски вечерва на пригодна свеченост го означија почетокот на експлоатацијата на подинските јагленови серии во рудникот Суводол кои претставуваат нов извор на јаглен потребен за производство на електрична енергија. Ова лежиште ќе го продолжи производството на електрична енергија во термоелектраните „Битола“ за најмалку уште две децении.
Во функција беше пуштена нова модерна рударска опрема - багер СРс 1050 и одлагач А2РСБ 5500, произведени од германската компанија „Такраф“ и транспортен систем долг 2 км што ги спојува овие две машини. Опремата е поставена на монтажните платоа во РЕК „Битола“ од страна на фирмата „ЕЛ-ТЕ Инженеринг“ од Скопје. Багерот СРс 1050, има теоретски капацитет 4.800 метри кубни на час, пречник на работно тркало од 10,5 метри и 17 корпи, со висина на копање од 23 метри и длабочина од 2 метра. Одлагачот А2РСБ 5500 е со теоретски капацитет од 5500 метри кубни на час, со должина на истоварна стрела од 60 метри и висина на складирање од 17,5 метри.Вкупната инвестициска вредност за проектирање, за изработка, за монтажа и за ставање во погон на овој БТО(Багер-транспортер-одлагач) систем изнесува 25 милиони евра, од кои 20 % се сопствени средства на компанијата, а останатиот износ е банкарски кредит од германската КФВ банка и Стопанска банка. -Отворањето на подинската јагленова серија и вклучувањето во погон на новата рударска опрема е уште еден од многуте проекти кои АД ЕЛЕМ ги реализира за зајакнување и модернизација на производствените капацитети на компанијата - истакна директорот Влатко Чингоски. Годинава, го зголемивме производствениот процес во површинскиот коп „Брод-Гнеотино“ со два нови багера-дреглајни ЕШ 10/70 со вкупна вредност од 4,5 милиони евра, потпишавме договор за набавка и монтажа на транспортен систем за континуиран дотур на јаглен од површинскиот коп „Брод-Гнеотино“ до рудникот „Суводол“ во должина од 10 км чија вредност изнесува 17,3 милиони евра. Со започнатата модернизација на ТЕ „Битола “ очекуваме зголемување на производството за 160 GWh електрична енергија. Инвестицијата ќе се реализира за период од три години, а вкупната вредност е 56 милиони евра. ЕЛЕМ и понатаму ќе вложува во нови енергетски проекти што ќе придонесат за зајакнување на енергетската стабилност и унапредување на енергетскиот сектор-потенцираше директорот Чингоски пред бројните гости. На свеченоста во РЕК „Битола“ претседателот на Владата Никола Груевски истакна дека енергијата претставува најзначаен фактор за економскиот раст и развој на една земја. -Во последните години, енергетскиот дефицит станува сериозен предизвик за регионот, но и за Македонија, и токму поради тоа, Владата на Република Македонија, го има поставено енергетскиот сектор во листата на своите приоритети. - Пред три месеци ја пуштивме во употреба првата државна когенеративна електрана, инвестиција вредна 3,5 милиони евра, го пуштивме во функција и новиот Диспечерски центар за планирање, координирање и управување со производството на електрична енергија на АД ЕЛЕМ, а инвестициската политика продолжува со пуштање во употреба на новиот БТО систем со што започна процесот на отворање на новиот рудник, односно подинските јагленови серии во Суводол, посочи претседателот на Владата Никола Груевски. На вечерашната свеченост во рудникот „Суводол“, меѓу бројните видни гости присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања во Владата на Република Македонија Владимир Пешевски, Германскиот амбасадор во Република Македонија нејзината екселенција Улрике Марија Кноц и Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар. |
||
| 2010-05-07 | ||
| АД ЕЛЕМ и Стопанска Банка АД потпишаа договор за кредит наменет за модернизација на РЕК Битола |
||
| Денеска во Стопанска банка АД – Скопје е потпишан Договор за кредит со АД Електрани на Македонија (АД ЕЛЕМ) и Владата на Република Македонија во вкупен износ од 30 милиони евра во денарска противвредност.
Овој кредит е најголем кредит одобрен од комерцијалните банки во Република Македонија во последнава година и истиот е наменет за модернизација на РЕК Битола. Модернизацијата на 3 - те термоблокови во „РЕК Битола“ е од исклучително значење за АД ЕЛЕМ и за целокупниот електроенергетски систем на Република Македонија. - Проектот за модернизација и автоматизација на термоелектраната Битола, покренува инвестиции во вкупен износ од 55,9 милиони евра, од кои 30 милиони евра кредитно задолжување кај Стопанска Банка АД - Скопје, додека останатите средства, во висина од 25,9 милиони евра се сопствено учество на АД Електрани на Македонија. Денешното потпишување на Договорот за кредит со Стопанска банка АД - Скопје во износ од 30 милиони евра, за кој Владата на Република Македонија обезбедува државна гаранција, претставува многу значаен чекор во напорите кои ги превзема Владата на Република Македонија за остварувањето на побрз економски раст и развој. Ова претставува најголема инвестиција во ТЕ „Битола“ од нејзиното пуштање во работа во далечната 1988 година – рече Заменик Претседателот на Владата на РМ и Министер за финансии Зоран Ставрески. - Стопанска банка АД – Скопје учеството во овој значаен проект го обезбеди на тендер на кој понуди најдобри банкарски услуги и со тоа уште еднаш ја потврди својата сигурност, стабилност и капитална сила. Кредитот е со рок на отплата од 14 години со вклучени 3 години грејс период. Каматната стапка е утврдена на 1 месечен ЕУРИБОР + 4.75 процентни поени што во моментов изнесува 5.16%. Стопанска банка, како и во изминатите 65 години, продолжува да претставува значајна финансиска институција за кредитирање на инфраструктурни, долгорочни и издржани проекти од јавен интерес. Со одобрувањето на овој кредит Стопанска банка го потврдува својот капацитет да ги задоволи потребите на сите клиенти кои имаат потреба од финансиска поддршка за нивните здрави, профитабилни проекти и со генерации останува да биде столб на економскиот развој на Македонија. – изјави Првиот Генерален Директор на Стопанска банка АД – Скопје, Глигор Бишев - Кредитното задолжување од 30 милиони евра, заедно со 25,9 милиони евра сопствено финансиско учество на АД ЕЛЕМ претставува најголема инвестиција во ТЕ „Битола“ од нејзиното пуштање во работа во далечната 1988 година. Овој инвестициски зафат, пред се ќе бидe насочен кон продолжување на експлоатациониот век на термоблоковите за најмалку уште 120.000 работни часови како и зголемување на доверливоста во работа на термоелектраните. Дополнително, истиот треба да резултира и со зголемување на инсталираната моќност на секој од 3-те агрегати во ТЕ „Битола“ за дополнителни 8,32 мегавати по блок, односно дополнителни 25 мегавати инсталирана моќност за 3-те блока преку подобрување на степенот на искористеност на агрегатите за околу 3,7%. Тоа ќе значи и зголемување на производството на електрична енергија од 160 до 200 гигават часа на годишно ниво без зголемување на потрошувачката на јаглен. Меѓу другото, модернизацијата ќе ги редуцира динамиката и оперативните трошоци за ремонти и одржување на електраната, рече Генералниот директор на АД ЕЛЕМ, д-р Влатко Чингоски. Според договорот, руската компанија „Силовије машини“ која е избрана како најповолен понудувач, по принципот „клуч на рака" почнувајќи од годинава, па заклучно со 2012 година ќе ја реализира најавената инвестиција. |
||
| 2010-05-06 | ||
| ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА НАБАВКА И МОНТАЖА НА ГЛАВНИОТ ТРАНСПОРТЕН СИСТЕМ ЗА ЈАГЛЕН ЗА РУДНИКОТ БРОД – ГНЕОТИНО, ПРОЕКТ ВРЕДЕН 17,3 МИЛИОНИ ЕВРА |
||
| Менаџерските тимови на АД „Електрани на Македонија“ и на германската компанија „Тисен Крупп“ го потпишаа договорот за набавка и монтажа на главниот транспортен систем за јаглен во РЕК „Битола“ кој ќе се протега од површинскиот коп „Брод – Гнеотино“ до рудникот „Суводол“. Главниот транспортен систем, инвестиција на АД ЕЛЕМ вредна 17,3 милиони евра, ќе биде стационарен и наменет за континуиран транспорт на јагленот од извозната рампа на усекот во новиот површински коп „Брод – Гнеотино“, до истоварното место на јагленовиот систем на „Суводол“.
Врз основа на извршените графоаналитички анализи и прегледи на самата локација, избрана е траса на транспортерот со пет секции и вкупна должина од околу 10 километри. Набавката на целосната опремата, како и монтажата на главниот транспортен систем ќе се реализира во наредните 12 месеци. Со реализацијата на овој инвестициски зафат ќе се заокружи процесот на производство во новиот површински коп „Брод – Гнеотино“, а јагленот што ќе се транспортира од ова наоѓалиште, заедно со резервите од постојниот рудник „Суводол“ и од подинската јагленова серија на рудникот „Суводол“, ќе го продолжат векот на работа на РЕК„Битола“ во наредните 20 – 25 години. Проектот ќе се реализира со финансиска поддршка од Германската „Дојче Банка АГ“ (Deutsche Bank AG), при што АД ЕЛЕМ ќе вложи 2,6 милиони евра сопствени средства, а останатите 14,7 милиони Евра ќе се обезбедат преку кредит со период на отплата од 10 години. |
||
| 2010-05-03 | ||
| АД ЕЛЕМ ОДБЕЛЕЖА ГОЛЕМ ЈУБИЛЕЈ- РЕК „ОСЛОМЕЈ“ 30 ГОДИНИ ПРОИЗВЕДУВА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА |
||
| АД „ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА” одбележаа три децении од вклучувањето на РЕК „Осломеј” во електроенергетскиот систем на Република Македонија. Во мај 1980 година, РЕК „Осломеј” ги произведе првите киловат-часови електрична енергија. „Осломеј” беше првата изградена термоелектрана во Македонија со инсталирана моќност од 125 MW што работи на јаглен од рудникот „Осломеј”.
Комбинатот е втор капацитет според големина на АД ЕЛЕМ и има значајна улога во производството на електрична енергија. Во изминатиов триесетгодишен период, термоелектраната има произведено повеќе од 15.135 GWh, а ископани се над 27 милиони тони јаглен. Во 2008 година беа произведени 667,8 GWh, што претставува трет најдобар резултат од постоењето на Комбинатот. Во 2009 година беа произведени 591,4 GWh што претставува значајно натфрлување на просечното годишно производство што изнесува 504,5 GWh. РЕК„Осломеј“ во континуитет бележи одлични резултати во производството на електрична енергија во последниве три години . -„Свесни сме за големото значење на Комбинатот, затоа во последните три години реализиравме повеќе инвестиции. Во 2007 година го дислоциравме коритото на реката Темница и го отворивме усекот на Стар Рудник. Ги реконструиравме застарените постројки на термоелектраната: котелот, оџакот, разладната кула, а во претстојниот период се интензивирани активностите за изработка на проектната документација за доистражување, отворање и експлоатација на новиот рударски басен „Поповјани” и на локалитетот „Чукале”- истакна генералниот директор на АД ЕЛЕМ, д-р Влатко Чингоски. Во 2008 година, термоелектраната оствари над 4.008 работни часа или 167 дена континуирано производство, без каков било дефект или испад од системот. Тоа е најдобро остварување досега во историјата на РЕК „Осломеј“, од почетокот на работењето на термоелектраната во 1980 година до денес - нагласи д-р Чингоски, пред присутните гости и вработените во термоелектраната. Во своето обраќање, д-р Чингоски нагласи дека со изградбата на магистралните гасоводи постои можност ТЕ „Осломеј” да се пренамени во гасна електрана, при што гасот, место јагленот, би се користел како основно погонско гориво. Реализацијата на овој проект ќе значи зголемување инсталирана моќност на електраната и придонес кон еколошки прифатливи технологии за производство на електрична енергија: без пепел, без шљака, без јаловина, со намалени издувни гасови. АД ЕЛЕМ и РЕК „Осломеј” се залагаат за одржување чиста и здрава животна средина, секојдневно се следат мерењата на штетните материи, кои се во дозволените граници. За заштита на животната средина во тек е реализацијата на проектот за водено одлагање на пепелта низ цевководи во рудникот, што треба трајно да го реши најголемиот еколошки проблем на сите жители во регионот. АД ЕЛЕМ докажа дека со оптимално користење на природните ресурси може да се постигнат одлични производствени резултати. -Наш приоритет и обврска во наредниот период ќе биде постојана надградба, ревитализација и модернизација на постојните термо и хидроелектрани, и изградба на нови акумулации и хидроелектрани, потенцираше генералниот директор на АД ЕЛЕМ. |
||
| 2010-04-17 | ||
| Редуциран режимот на истекот на водите од Мавровското езеро |
||
| Со цел да придонесе за намалување на водостојот на реката Вардар, АД „Електрани на Македонија“ го редуцира режимот на истекот на водите од Мавровското езеро и го намали производството на електрична енергија од хидроелектраните Вруток и Равен.
Со преземањето на оваа мерка може да се влијае само на намалување на водостојот на Вардар, на потегот пред градот Тетово. После овој потег, реката Вардар ја полнат повеке сливови( Пена, Боговињска река, Бистрица, Поројска река, итн) кои поради обилните врнежи од дожд што неделава ја зафатија Република Македонија придонесуваат за зголемениот водостој на кој истекот на водите од Мавровското езеро има минимално влијание. АД ЕЛЕМ ја информира јавноста дека испуштањето на водите од Мавровското езеро не се причинител за вчерашното излевање на реката Вардар во тетовскиот регион, затоа што вкупниот истек на вода од Мавровските хидроелектрани учествува со 20-30% од протокот на река Вардар. |
||
| 2010-04-08 | ||
| Нови правила за продажба на вишоци на електрична моќност и енергија |
||
| Ве известуваме дека АД ЕЛЕМ Скопје, донесе нови правила за продажба на вишоци на електрична моќност и енергија во текот на еден или повеќе денови. Новите Правила стапуваат во сила на денот на нивното донесување. Сите започнати активности по претходните Правила ќе бидат завршени според Правилата од 24.10.2008 година.
Заедно со Правилата, усвоени се нови обрасци за Пријава, Изјава, Барање, Договор и Писмо за конфирмација (кое го заменува досегашниот Анекс на договор). За сите нејаснотии и дополнителни информации Ви стоиме на располагање и може да ни се обратите по е-маил: zorica.trpkovska@elem.com.mk или на телефонскиот број: +389 2 3149 157. |
||
| 2010-03-31 | ||
| ПРОМОВИРАН ПРОЕКТОТ „ПАРК НА ВЕТЕРНИ ЕЛЕКТРАНИ БОГДАНЦИ“ |
||
| АД „Електрани на Македонија“ има намера да инвестира во изградба на ветропаркот „Богданци“. На конференцијата за Проектот која заеднички ја организираа АД „Електрани на Македонија“ и WYG, физибилити студијата за „Богданци“ беше презентирана пред меѓународните финансиски институции, меѓу кои KfW, Европската инвестициона банка (EIB), Светска банка (WB) – институции кои веќе изразија заинтересираност за финансирање на истиот.
Целта на конференцијата беше да ги претстави резултатите од Нацрт-Физибилити студијата за проектот „Парк на ветерни електрани Богданци“, да поттикне дискусија за можностите за финансирање на проектот, за имплементација на проектот, како и за плановите на АД ЕЛЕМ за реализирање на Програма за развој на енергија на ветер. Проектот „Парк на ветерни електрани Богданци“ е прв од ваков вид во земјава, лоциран на територијата на општина Богданци, со инсталиран капацитет од приближно 50 MW и планирано годишно производство на електрична енергија од над 100 GWh. Изградбата на ветерниците ќе чини меѓу 75,5 и 78 милиони евра, средства кои треба да ги обезбеди АД ЕЛЕМ со помош на меѓународна финансиска институција. Генералниот директор на АД ЕЛЕМ, д-р Влатко Чингоски објасни дека овој проект би било најдобро да биде во целосна реализација на АД ЕЛЕМ поради тоа што се работи за прв ваков проект во Македонија и поради тоа што досега компанијата има вложено повеќе од еден милион евра во студии и истражувања за овој проект. -Сакаме да изградиме објект кој ќе има значење во електроенергетскиот сектор. Нашата цел како голем производител на електрична енергија беше да избереме локација на која што годишното производство од ветерници нема да биде помало од 100 гигават часа. Потребна е државна институција која што ќе може да го изоди целиот пат од почеток до крај во најкраток рок и на најефикасен начин и кој ќе даде пример за идните инвеститори како треба да се реализираат вакви проекти. АД ЕЛЕМ може да го направи тоа - рече д-р Влатко Чингоски. Според Бенџамин Јаргсторф од WYG, кои ја изработија Физибилити студијата, за најдобро искористување на ветровите ќе биде потребно да се изгради парк со ветерници од 20 или 50 метри високи. “За изградба на паркот ќе биде потребни околу една година, а ќе можат да произведуваат од 2 милиони мегават часови до 2,4 милиони мега ват часови“, вели Јаргсторф. Со изградбата на ветерниот парк ќе се зголеми уделот во производството на електрична енергија од обновливи извори од АД ЕЛЕМ, а со тоа и на Република Македонија, која има обврски кон Европска Унија за исполнување на целите за 20% производство од обновливи извори во енергетскиот биланс, цел која е поставена и поддржана од сите релевантни институции во РМ. АД ЕЛЕМ изминатиов период инвестираше и продолжува да инвестира во следниве активности: изработка на Атлас на ветрови на РМ, поставување на мерни станици и континуирани мерења во период подолг од 3 години; обезбедување на сите неопходни одобренија и дозволи, согласно законската регулатива; решавање на имотно-правните односи (согласно Законот за градење); приклучување на електроенергетскиот систем (согласно мрежни правила за пренос на електрична енергија); подготвителни градежни работи и изградба на пристапни патишта. |
||
| 2010-03-26 | ||
| ХЕ „ТИКВЕШ“ го реализира планот за производство на електрична енергија предвиден со Енергетскиот биланс за 2010 година за помалку од 3 месеци |
||
| Хидроелектраната „Тиквеш“ која работи во рамките на АД „Електрани на Македо нија“, пред истекот на првиот квартал од годинава го оствари планираното производство на електрична енергија за 2010 година од 129 GWh предвидено со Енергетскиот биланс. Иако, предвидениот план за производство на ХЕЦ „Тиквеш“ за оваа година беше проектиран на повеќе од нивото на дваесет годишниот просек на производството на оваа хидроелектрана кој изнесува околу 115 GWh, резултатот е постигнат и натфрлен за помалку од 90 дена.
Во 2010 година, производството се реализираше со просечна кота од 262,37м со што се остварени заштеди во работата од околу 10%. Во акумулацијата, моментно има расположливи 60 GWh електрична енергија за производство на електрична енергија во идниот период. Агрегатите се максимално ангажирани со вкупна моќност од 109 МW, а истекот преку турбините е околу 130 кубни метри во секунда. ХЕЦ „Тиквеш“ и понатаму ќе биде максимално ангажиран да ги задоволи потребите за производство на електрична енергија и максимално да ги преработи сите дотоци во акумулацијата. До денеска, сите хидроелектрани на АД „Електрани на Македонија“ значително го натфрлија планот за производство на електрична енергија за 2010 година. Од почетокот на годинава, за потребите на потрошувачите вкупно се произведени 664 GWh електрична енергија што е за 58% повеќе во однос на количините предвидени во Енергетскиот биланс за 2010 година за првиот квартал. Овој резултат се должи пред се, на добрата хидролошка состојба, техничката кондиција и добрата погонска подготвеност на објектите, оптимално управување со хидроелектраните и солидната хидро-термо координација. |
||
| 2010-03-18 | ||
| ВО РЕК„БИТОЛА“ ПУШТЕН ВО РАБОТА НОВИОТ БАГЕР – ДРЕГЛАЈН ВРЕДЕН 2,2 МИЛИОНИ ЕВРА |
||
|
Денеска, на монтажното плато во површинскиот коп „Суводол“ на РЕК„Битола“ , во присуство на менаџерскиот тим на АД ЕЛЕМ и РЕК„Битола“, во работа беше пуштен багер – дреглајн ЕШ 10/70, наменет за ископ на цврст материјал. Новиот багер, втор од ваков вид во рудниците на РЕК„Битола“, има носивост на корпа од 10 метри кубни, должина на работна стрела од 70 метри и брзина на движење 0,2 километри на час. Багерот е монтиран на монтажното плато во површинскиот коп „Суводол“ на РЕК„Битола“ за 28 недели, односно 37 дена пред предвидениот рок, а по завршувањето на пробната работа, во функција ќе биде во новиот површински коп „ Брод – Гнеотино.“ Испорачувач на опремата за оваа рударска машина е фирмата „РАНЕКС“ од Белград, монтажните работи ги извршуваше „КОЛУБАРА _ МЕТАЛ “ од Вреоци, Република Србија а надзорот на монтажата го водеше стручен тим на РЕК„Битола“ . Вкупната инвестициска вредност на новиот багер – дреглајн ЕШ 10/70 изнесува 2,2 милиони евра, средства на АД „Електрани на Македонија“. |
||
| 2010-03-03 | ||
| Диспечерскиот центар на АД ЕЛЕМ пуштен во функција |
||
| Претседателот на Владата на Р.Македонија, г. Никола Груевски и генералниот директор на АД ЕЛЕМ, д-р Влатко Чингоски денеска, официјално го пуштија во работа новиот Диспечерски центар за планирање, координирање и управување со производството на електрична енергија на „Електрани на Македонија“. Диспечерскиот центар, вреден 2,2 милиони евра, заедно со инсталираниот во 2009 година „АМР” систем за далечинско мерење од швајцарската компанија „Телегир”, вреден 700 илјади евра, формираат комплексен систем за контрола, мерење, надзор и управување со производствените капацитети на ЕЛЕМ.
- Овој Диспечерски систем во иднина ќе има огромна важност затоа што преку него континуирано ќе се следат временските промени, нивото на акумулациите, очекуваните количини на водни дотоци, ќе се пресметуваат потребите за електрична енергија во земјата и ќе се изготвуваат планови за производство не електрична енергија според потребите, рече претседателот на Владата, Никола Груевски. Се работи за врвна технологија која ќе обезбеди прецизно планирање и регулација на производството на електрична енергија и за кој Владата, преку државната компанија ЕЛЕМ инвестираше 2,2 милиони евра. - Инвестицијата се очекува да овозможи оптимизација и координација на домашното производство на електрична енергија, а со тоа оптимално штедење и солидно управување со природните ресурси, истакна претседателот на Владата,Груевски. - Диспечерскиот центар е уште еден важен дел на ЕЛЕМ кој означува модернизација и подобрување на перформансите на компанијата. Модернизацијата на ЕЛЕМ автоматски значи и модернизација на целокупниот електроенергетски систем на државата, а истовремено вложувањето на долг рок значи и вложување во современ регионален енергетски систем, нагласи Груевски, посочувајќи дека инвестицискиот тренд во ЕЛЕМ кој особено беше нагласен минатата година успешно продолжува и годинава. - Хардверските и софтверските решенија произведени од светски реномираната германска компанија „Сименс“, а проверени и употребувани во многу развиени енергетски системи низ светот се имплементирани во овој Диспечерски центар. Оваа германска компанија и нејзината филијала во Австрија доби задача да го имплементира овој систем бидејќи имаше најдобра понуда на распишаниот меѓународниот јавен повик во 2008 година, рече генералниот директор, на АД ЕЛЕМ д-р Влатко Чингоски, додавајќи дека со Центарот ќе управуваат професионално обучени стручни кадри. Тој посочи дека Диспечерскиот центар и „АМР” системот се само дел од опремата од системот (SCADA) и додаде дека значително поголем дел од опремата е инсталиран во сите производни погони низ Македонија. На исто ниво, како што рече, секојдневно ќе работат и ќе соработуваат три навидум независни, но во суштина тесно поврзани работни целини. - Првата целина ќе се грижи за погонската подготвеност на производствените капацитети и нивното усогласување со пријавените потреби од електрична енергија во земјата и врз основа на тие параметри ќе изготвува планови за работа на капацитетите. Втората, врз основа на утврдените производствени планови ќе врши водење на енергетските капацитети, надзор и управување. Третата целина врз основа на утврдените планови за производство и побарувањата од електрична енергија ќе ги утврдува можните вишоци на расположивата енергија која би се нудела на слободниот пазар преку новата компанија ЕЛЕМ –ТРЕЈД, појасни д-р Чингоски. Годината што измина, влеговме во цела низа инвестициски зафати во насока на зајакнување и целосна модернизација на сопствените производни капацитети.ЕЛЕМ и оваа година активно ќе продолжат да инвестираат во подобрување на работата на постојните производни капацитети како и во изградба на нови енергетски проекти кои ќе придонесат за солидна енергетска стабилност,понатамошно унапредување на ЕЕС на РМ и обезбедување на одржлив развој на економијата во земјава, истакна д-р Влатко Чингоски. |
||
| 2010-02-18 | ||
| Вклучени во погон двата ревитализирани и модернизирани турбоагрегати во „Енергетика“, инвестиција на АД ЕЛЕМ вредна 3,5 милони евра |
||
| Претседателот на Владата на Република Македонија г.Никола Груевски и генералниот директор на АД ЕЛЕМ д-р Влатко Чингоски, денеска официјално ги вклучија во електроенергетскиот систем двата ревитализирани и модернизирани турбоагрегати во електраната „Енергетика“ кои комбинирано ќе произведуваат електрична и топлинска енергија.
АД ЕЛЕМ со сопствената инвестиција од 3,5 милиони евра доби дополнително инсталирана моќност од 30 мегавати,а турбоагрегатите ќе работат во конгенеративен режим и комбинирано ќе произведуваат електрична и топлинска енергија. Како погонско гориво ќе се користи природниот гас кој досега на истата локација се користеше само за производство на топлинска енергија. - Владата на Република Македонија преку државните енергетски компании постојано инвестира и работи на осовременување на системот за енергетска поврзаност, изградба на нови енергетски капацитети, како и надградба и осовременување на веќе постоечките. Во тие рамки денеска ја пуштаме во употреба и реновираната електрана „Енергетика“ на АД ЕЛЕМ, рече Груевски, пред присутните гости. Претседателот на Владата на РМ посочи дека со реализацијата на овој проект електроенергетскиот систем на Македонија добива на располагање 30 мегавати нова инсталирана моќност, а се предвидува, како што рече, „Енергетика“ да произведува до 160 гигават часови електрична енергија со едновремена можност за производство до 200 гигават часови топлинска енергија. - Когенеративниот систем за производство на електрична енергија во споредба со конвенционалните системи овозможува пониска цена на електричната енергија. Воедно, природниот гас кој ќе се користи како погонско гориво во електраната значително ќе влијае и во намалувањето на загадувањето на околината. Бенефит ќе биде и топлинската енергија што ќе се произведува тука а која ќе можат да ја користат голем број на производствени и индустриски капацитети- истакна г. Груевски. Во иднина, како што рече, од ЕЛЕМ се најавува дека ќе се гради мрежа за дистрибуција на топла санитарна вода за домаќинствата и индустријата, како и мрежа за сите оранжериски капацитети кои ќе имаат потреба за користење на топлината. - Државата ќе продолжи со инвестирањето во енергетиката со модернизација на РЕК „Битола“, проектите за гасификација и за изградба на браната Луково Поле, како и со напорите за реновирање на веќе постојните производствени капацитети во чии рамки е предвидена ревитализација на хидроцентралите Врбен, Равен, Вруток, Шпилје, Глобочица и Тиквеш -рече претседателот на Владата г.Груевски, нагласувајќи дека паралелно ќе се продолжи со реновирањето на преносната мрежа и проектите за енергетска ефикасност и производство на енергија од обновливи извори. Директорот на АД ЕЛЕМ, д-р Чингоски истакна дека реновирањето и модернизацијата на „Енергетика“ започна во 2009 година во соработка со хрватската компанија Алстом од Карловац. - Денеска официјално го означуваме крајот на првата фаза со кој „Енергетика“ ќе се трансформира од класична топлана во когенеративна термоелектрана-топлана со висок степен на искористување на примарната енергија - природниот гас. После подолг период електроенергетскиот систем е збогатен со уште еден производствен капацитет можеби мал по инсталираната моќност, но значаен по својата суштина. Тој треба да ги зајакне перформансите на АД ЕЛЕМ во овој дел на градот и секако ќе влијае на зголемување на производството како на електрична така и на топлинска енергија во функција на нашите граѓани и потрошувачи“, рече д-р Чингоски. Инвестицијата во „Енергетика“ е само еден од низата поголеми инвестициски зафати на АД ЕЛЕМ во последниве 12 месеци, кои вкупно вредат околу 40 милиони евра. |
||
| 2010-02-02 | ||
| ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА АПЛИКАЦИИ ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА СОГЛАСНО ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА ОПШЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ НА АД ЕЛЕМ – СКОПЈЕ |
||
|
Врз основа на Одлуката за усвојување на Декларација за опшествена одговорност на АД ЕЛЕМ-Скопје УО бр.02-5327/89/5 од 30.11.2009 година, АД ЕЛЕМ - Скопје, објавува ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА АПЛИКАЦИИ ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА СОГЛАСНО ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА ОПШЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ НА АД ЕЛЕМ – СКОПЈЕ 1 ОПШТИ ОДРЕДБИ 1.1. Средствата за распределба ги обезбедува А.Д Електрани на Македонија- Скопје, од сопствени извори, со седиште на ул.11 Октомври бр.9, Скопје. Контакти: тел. 02 3149114, 02 3149127 Факс:02 3149176, 023238696, е-маил:vlatko.pavleski@elem.com.mk, nikola.stojanovski@elem.com.mk 1.2. Средствата ќе се обезбедат во вид на финансиски средства – спонзорства, донации и сл. и во вид на услуги / материјали обезбедени од страна на АД ЕЛЕМ преку своите подружници и ДООЕЛ-и (хотелско ресторантски услуги, градежно занатски услуги, транспортни услуги, услуги од механизација, материјали и сл.) 1.3. Области кои ќе бидат помогнати се: 1.3.1 Здравство и здравствена заштита 1.3.2 Социјална заштита 1.3.3 Спорт 1.3.4 Екологија 1.3.5 Култура и уметност 1.3.6 Образование и наука 1.3.7 Развој на цивилно опшество 1.3.8 Подршка на религиозните заедници 1.4. Право да достават апликација имаат, сите домашни, физички, правни лица или друг вид на организации (НВО, спортски друштва и манифестации, културни друштва и манифестации, здруженија, религиозни заедници и сл.) кои делуваат во областите кои ќе бидат подржани. 1.5. Секој апликант доставува само една апликација во една област. 2 ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПОВИКОТ, ПРЕВЗЕМАЊЕ И СОДРЖИНА НА АПЛИКАЦИЈАТА 2.1. Повикот трае од денот на објавување во јавните гласила па до 18.02.2010 г. 2.2. Апликацијата задолжително се поднесува во писмена форма на образецот кој може да се добие без надомест на следната интернет адреса: www.elem.com.mk или на факс со претходно барање на телефоните: 02 3149114, 02 3149127 2.3. Заедно со апликацијата се доставува и : • копија од уверение за државјанство (само за физички лица) • копија од соодветна регистрација на апликантот • изјава на апликантот дека во последните 5 години не му е изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари • претставување на апликантот (ЦВ) • план/програма за која се бара финансиската подршка • претставување на идејата, целите и очекуваните резултати од проектот • инструкции за уплата на средствата (банка, сметка и сл.) 3 НАЧИН И КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СРЕДСТВА 3.1. Изборот на апликанти на кои ќе им бидат доделени средства, ќе го врши Комисија на АД ЕЛЕМ, според правила и критериуми изработени и усвоени од страна на Управниот одбор на АД ЕЛЕМ. 3.2. Отворањето и оценувањето на апликациите ќе се врши без присуство на апликантите. 4 НАЧИН И РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИИТЕ 4.1. Апликацијата се доставува анонимно, во еден оргинален примерок, потпишана од страна на апликантот / одгворното лице на апликантот, во затворен коверт со назнака “НЕ ОТВОРАЈ” - АПЛИКАЦИИ ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА СОГЛАСНО ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ОПШЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ НА АД ЕЛЕМ-СКОПЈЕ. 4.2. Рокот за доставување на апликацијата е најдоцна до 18.02.2010 до 12 часот (до овој рок апликацијата да е во архивата на АД ЕЛЕМ-Скопје) 4.3. Апликантите своите апликации треба да ги достават по пошта или лично на следната адреса АД “ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА”, ул. 11 Октомври бр.9, Скопје,. 5 ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ 5.1. Поднесените апликации не се враќаат. 5.2. АД ЕЛЕМ се обврзува, содржината на апликацијата да не ја прави достапна на трети лица освен во случаите предвидени со закон. 5.3. Апликациите поднесени после утврдениот рок и оние кои не се изработени според барањата на овој Повик нема да се разгледуваат. 5.4. Секој апликант кој ќе добие средства е обврзан до АД ЕЛЕМ да достави извештај за искористеноста на средствата, после завршување на активностите за кои средствата се доделени. 5.5. Секој апликант е должен да ја чува кај себе документацијата во врска со доделените средства 5 години од моментот на доделување на средства 5.6. Секој апликант кој ќе добие средства е обврзан на адекватен начин, во областа во која делува како и кон пошироката општествена заедница да го промовира АД ЕЛЕМ како општествено одговорна компанија, а за што ќе има посебни состаноци со секторот за односи со јавност на АД ЕЛЕМ-Скопје. 5.7. АД ЕЛЕМ-Скопје го задржува правото да изврши евалуација по случаен избор на апликантите корисници на средства од АД ЕЛЕМ за тоа дали средствата се искористени за исполнување на целите наведени во апликацијата на апликантот. АД ЕЛЕМ-СКОПЈЕ *ФОРМУЛАРОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ МОЖЕТЕ ДА ГО НАЈДЕТЕ ВО ПОДМЕНИ „ТЕНДЕРИ“ |
||
| 2009-12-23 | ||
| Соопштение за пријавување за стекнување право за учество на аукциите за вишоци на електрична енергија за месец јануари 2010 година |
||
| Поради претстојните празници Католички Бадник на 24.12.2009 година (четврток) и Католички Божиќ на 25.12.2009 година ( петок) , пријавување за стекнување со право за учество на аукциските процедури за месец Јануари 2010 година кај АД ЕЛЕМ Скопје , ќе се врши од 23.12.2009 година (среда) до 28.12.2009 година (понеделник).
|
||
| 2009-12-15 | ||
| АД ЕЛЕМ и руската компанија „Силовие машини“ потпишаа Договор за модернизација на трите агрегати во РЕК „Битола“ |
||
| АД ЕЛЕМ и руската компанија ОЈСЦ „Силовие машини“ од Санкт Петерсбург денеска го потпишаа Договорот за модернизација на трите агрегати на РЕК „Битола“, согласно тендерот од септември 2008 година. Според Договорот, руската компанија по принципот „клуч на рака“ треба во периодот од 2010 до 2012 година да изврши модернизација и автоматизација на турбо агрегатите и генераторите на трите енергетски блока во РЕК„Битола“. Тоа значи дека во наредните 3 години треба да се изврши модернизација на турбините со замена на постојните ротори со нови како и модернизација на виталните делови од генераторите, на системот за вибродијагностички мониторинг на турбо агрегатите и на системот за водење на блоковите и автоматизација на процесите.
Со модернизацијата на секој агрегат инсталираната моќност треба да се зголеми за дополнителни 8,32 MW по блок, односно дополнителни 25 MW инсталирана моќност за трите блока. Ова зголемување на инсталирана моќност треба да се реализира преку подобрување на степенот на корисно дејство на агрегатите и без зголемување на специфичната потрошувачка на јаглен. Дополнително, со модернизацијата треба да се постигне продолжување на експлоатациониот век на термоелектраните за уште 120.000 работни часови како и редуцирање на динамиката и оперативните трошоци за ремонти и одржување на електраната. Реализацијата на проектот за модернизација на енергетските блокови на термоелектраната „Битола“ дополнително ќе овозможи зголемена доверливост на системот и зголемено производство на електрична енергија од термоелектраните, намалување на трошоците за одржување на блоковите и создавање на неопходни предуслови за квалитетна регулација и управување на системот. Во моментов, вкупната инсталирана моќност на термоелектраната „Битола“ изнесува 675 MW. Трите блока во електраната се во употреба од 1982, 1984 и 1988 година соодветно за блок 1, блок 2 и блок 3, што значи дека во просек непрекинато се во функција преку 25 години. Блоковите фабрички проектирани да работат 200.000 работни часови досега имаат изработено: блок 1, 198.736 часови, блок 2, 187.977 часови и блок 3, 159.349 часови. -Вкупната инвестиција за реализација на проектот за модернизација и автоматизација на сите три агрегатите на термоелектранта „Битола“ изнесува 55,9 милиони Евра од кои 35 милиони кредитно задолжување, додека останатите средства се сопствено учество на АД Електрани на Македонија. Ова е воедно и најголемата инвестиција во термоелектраните „Битола“’ од нивното пуштање во работа во далечната 1988 година- истакна на потпишувањето на Договорот, генералниот директор на АД ЕЛЕМ, д-р Влатко Чингоски. |
||
| 2009-11-27 | ||
| АД ЕЛЕМ и кинеската компанија CWE потпишаa Протокол за целосно исполнување на обврските од Договорот за изградба на ХЕ „Козјак“ |
||
| АД ЕЛЕМ и кинеската компанија China international water and electric corporation-CWE денеска потпишаa Протокол за целосно исполнување на обврските од Договорот за изградба на хидроелектраната „Козјак“.
Со потпишување на протоколот, CWE целосно ќе ги заокружи техничките прашања од Договорот за изградба на ХЕ „Козјак“. Во своето обраќање до присутните гости, Д-р Влатко Чингоски, Генерален директор на АД ЕЛЕМ нагласи дека од периодот на пробното пуштање до денес, ХЕ „Козјак“ произведе 652 гигаватчаса, а во рамки на хидропроизводството оваа хидроелектрана обезбедува 1/8 од вкупното хидропроизводство во Македонија. - Завршувањето на изградбата на ХЕ „Света петка“ или како понекогаш популарно ја нарекуваат „Матка 2“, заедно со ХЕЦ Козјак и постојаната ХЕ Матка, ќе значи заокружување на целиот проект со три каскадни хидроелектрани на реката Треска. Од нив електроенергетскиот систем ќе добива дополнителни 250 милиони киловатчасови електрична енергија годишно, истакна д-р Чингоски. Тој додаде дека благодарение на добрата хидролошка состојба, техничката кондиција и успешното менаџирање успеале на еден месец пред завршувањето на тековната година не само да го исполнат планот за производство на електрична енергија од хидроелектраните, туку и да го натфрлат за над 20 проценти. Д-р Чингоски најави дека приоритет на компанијата во следниот период ќе биде модернизацијата на постојните хидроелектрани, стабилизацијата и санацијата на постојаните градежни објекти, како и изградбата на нови хидроелектрани пред се, на акумулацијата Луково Поле и ХЕ Чебрен, Галиште и Бошков мост. Во оваа пригода, првиот човек на АД ЕЛЕМ потсети дека годинава, компанијата во континуитет продолжува да одбележува еден век производство и експлоатација на електрична енергија или 100 години од засветувањето на првата електрична светилка во Македонија. -Оваа година славиме еден век електрична енергија, во модерен свет каде што со брзината на светлината секојдневно се раѓаат нови идеи и иновации. Ова претставува силна заложба и поттик за работа на сите вработени во компанијата, да се движиме точно во тој правец, целосно професионално и посветено. Амбасадорот на Народна Република Кина во Македонија,неговата екселенција г-дин Донг Чунфенг изрази задоволство од соработката со ЕЛЕМ и истакна дека ХЕ „Козјак“ е најголем реализиран проект меѓу Македонија и НР Кина. CWE пристапи кон реализација на проектот ХЕ„Козјак“ со потпишување на Анекс-договорот во ноември 2002 година. Со потпишувањето на завршниот протокол, кинескиот производител целосно ги заврши активностите предвидени со гарантниот период од три години во однос на договорот за изградба на оваа хидроелектрана. Браната Козјак е една од највисоките брани во Европа. Заедно со хидроелектраната „Козјак“ се лоцирани на околу 25 километри возводно од нејзиното вливање во реката Вардар и на околу 16 километри низводно од ХЕ Матка. |
||
| 2009-11-04 | ||
| АД ЕЛЕМ и ХЕЦ „Шпилје“ одбележаа два јубилеи |
||
| Хидроелектраната „Шпилје“ денеска одбележа четири децении откако во погон беше вклучен првиот агрегат. Изградена низводно на самиот состав на реките Црн Дрим и Радика, во непосредна близина на македонско - албанската граница, оваа електрана е еден од највредните капацитети на АД „Електрани на Македонија“.
Во седумдесетите години кога е пуштена во погон, ХЕЦ „Шпилје“ обезбедувала една третина од вкупното производство на електрична енергија во Република Македонија, а до денеска има произведено околу 10.600 гигават часови електрична енергија. – Пред точно 40 години на денешен ден беше скромен почеток, но со ентузијазам, истрајност и пред се со компетентност на нашите кадри што низ годините го дале својот придонес и знаење во оваа хидроелектрана, денес ХЕЦ „Шпилје“ е стратешки енергетски објект- нагласи на денешната свеченост директорот на хидроелектраната Љупчо Ангелоски. Генералниот директор на АД ЕЛЕМ д-р Влатко Чингоски на свеченоста рече дека благодарение на добрата хидролошка состојба, техничката кондиција, како и на солидното оптимално менаџирање со хидроелектраните на речиси два месеца пред завршувањето на тековната година, целосно е исполнет планот за производство на електрична енергија од хидроелектраните според енергетскиот биланс, па и натфрлен засега за осум проценти. Д-р Чингоски, во своето обраќање до присутните гости најави дека приоритети во наредниот период ќе бидат постојаната надградба, ревитализација и модернизација на постојните хидроелектрани, како и изградбата на нови хидрокапацитети. -Тука пред се, ги имам во предвид акумулацијата „Луково Поле“, хидроелектраните Чебрен и Галиште, ХЕ „Бошков мост“ и проектот Вардарска долина, со кои во голема мера ќе го зголемиме енергетскиот потенцијал на нашата Република, а ќе ги искористиме нашите расположиви хирдоресурси, кои воопшто не се за потценување. АД ЕЛЕМ и „ ХЕЦ Шпилје“ денеска одбележаа уште еден значаен јубилеј - 100 години или еден век од почетокот на производство на електрична енергија во Република Македонија. - Пред точно 100 години, во далечната 1909 година, првата мала дизел електрична централа лоцирана во Скопје со моќност од денешни скромни, но тогашни многу значајни 44 КW, била пуштена во функција и го означила засветувањето на првата електрична светилка во Македонија. Оваа мала, но значајна термоелектрана во тоа време служела за напојување на една пумпна станица за градскиот водовод, за осветлување на зградата на општината , една мала уличка и конакот на тогашниот турски валија- потсети д-р Чингоски. |
||
| 2009-10-22 | ||
| Соопштение за пријавување на аукција за вишоци на електрична енергија за месец ноември 2009 година |
||
| Поради претстојниот празник и неработните денови заклучно со 25 октомври 2009 година, рокот за пријавување на аукциите за вишоци на електрична енергија на АД ЕЛЕМ е пролонгиран. Така, учесниците ќе може да ги поднесуваат апликациите и во понеделник 26.10.2009 година, најдоцна до 14 часот. |
||
| 2009-10-15 | ||
| Навреме стартуваше испораката на топлинска енергија од „Енергетика“ |
||
| АД „Електрани на Македонија“ преку својата подружница „Енергетика“ лоцирана во скопската населба „Железара“ ја почна испораката на топлинска енергија до своите корисници на 13 октомври годинава, два дена пред официјалниот почеток на грејната сезона. Испораката на топлинска енергија се одвива кон населбите Железара, дел од населбата Автокоманда, Маџари 1 и 2, и населбата Хиподром.
Навременото стартување на процесите производство , диструбиција и испорака на топлинска енергија, стручните екипи на АД ЕЛЕМ и Енергетика ги реализираа без технички проблеми. |
||
| 2009-09-28 | ||
| Информација во врска со обвинувањата од страна на СДСМ против АД ЕЛЕМ |
||
| АД Електрани на Македонија како реномирана компанија за производство на електрична енергија, во интерес на вистината и професионалноста во работата, уште еднаш потенцира дека обвинувањата од страна СДСМ дадени на вчерашниот прес, а во врска со Финансискиот извештај за работењето на АД ЕЛЕМ за првите три месеци од оваа година се апсолутно неаргументирани и тенденциозни.
Обвинувањата за наводните „партиски вработувања“ реализирани во нашата компанија за првите три месеци од оваа година се без основа бидејќи такви врботувања не се реализирани во тој период. Во моментов, АД Електрани на Македонија отвораат нов рудник Брод-Гнеотино за кој, според проектот за отворање на рудникот, е потребно да се ангажираат дури 500 нови лица. Во функција на ефикасното работење и намалување на трошоците на работата, АД ЕЛЕМ, во континуитет има ангажирано 250 привремено вработени лица кои активно работат подолго време, не само на отворање на рудникот Брод-Гнеотино, туку и на други работни места во Комбинатот каде што има потреба. Според ова, обвинувањата за некакви наводни „партиски вработувања“ се неаргументирани и невистинити бидејќи овие 250 луѓе со години работат во РЕК Битола и се стручни и компетентни во својата работа. Во врска со обвинувањата за висината на платата сакаме да истакнеме дека согласно новиот Закон за пресметка и исплата на бруто - плата, од почетокот на оваа година средствата за храна и превоз станаа дел од нето-платите на вработените со што дојде до зголемување на висината на средствата исплатени за ангажман на овие привремено вработени лица. Што се однесува до трошоците за интернет, телефонија и слично, потребно е да се знае дека АД Електрани на Македонија е дисперзирана компанија која има свои подружници низ цела Македонија и податоците за работа и производството на секоја производна единица постојано, он-лајн, се дистрибуираат во координативниот ценар во Скопје заради координација и управување, отчитување на мерењата и нормалното комерцијалното работење на компанијата. Во првите три месеци од 2009 година се вршеше интензивно тестирање и ставање во функција на новиот систем систем за делечинско мерење, регистрација и координација помеѓу електраните што резултира со зголемени трошоци за пренос на податоци. Во однос на мобилната телефонија, во АД ЕЛЕМ постојат ограничувања на бројот на лицата кои може да користат службен мобилен телефон како и органичување на средствата кои за таа намена ги покрива компанијата. Секое надминување на овие ограничувања се казнува со запирање на вишокот потрошени средства од платата на соодветниот вработен за што постојат соодветни правни акти донесени од страна на УО и НО на компанијата. На крај, би сакале да апелираме сега и во иднина политичките партии да престанат да ја користат компанијата АД ЕЛЕМ за шпекулации и дневно политички пресметки. АД ЕЛЕМ |
||
| 2009-09-28 | ||
| ПРЕДЛОГ МРЕЖНИ ПРАВИЛА ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ЗА ГРЕЕЊЕ |
||
| И З В Е С Т У В А Њ Е
Се известуваат заинтересираните дека АД ЕЛЕМ – Скопје изготви Предлог Мрежни правила за дистрибуција на топлинска енергија за греење на АД ЕЛЕМ – Скопје дистрибутер АД ЕЛЕМ Подружница “Енергетика” – Скопје. Предлог текстот на Мрежните правила е изложен на јавен увид на интернет страницата на АД ЕЛЕМ – Скопје од 29.09 до 13.10.2009 година на www.elem.com.mk. За време на јавната расправа Вашите предлози и забелешки по предлог текстот на Мрежните правила да ги доставите во писмена форма на следната адреса: АД ЕЛЕМ Подружница Енергетика – Скопје, ул. 16-та Македонска бригада, бр. 18, 1000 Скопје. АД ЕЛЕМ – Скопје јавната расправа ќе ја заврши со организирање на состанок по Предлог текстот на Мрежните правила на ден 14.10.2009 година, со почеток во 11 часот, во салата за состаноци во Подружница Енергетика Скопје на ул. 16-та Македонска бригада, бр. 18, Скопје кога ќе го презентира Предлог текстот на Мрежните правила и ќе ги разгледа сите пристигнати предлози и забелешки, задржувајќи го правото да не одговара поединечно на секој предлог односно забелешка. АД ЕЛЕМ – СКОПЈЕ ПРЕДЛОГ МРЕЖНИ ПРАВИЛА ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ЗА ГРЕЕЊЕ 2009 година Врз основа на член 111 од Законот за енергетика (Службен весник на Република Македонија бр. 63/06, 36/07 и 106/08) и член 20 и 51 од Статутот на АД ЕЛЕМ во државна сопственост Скопје, Управниот одбор на состанокот одржана на 18.09.2009 година донесе: ПРЕДЛОГ МРЕЖНИ ПРАВИЛА ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ЗА ГРЕЕЊЕ ПРВ ДЕЛ - ОПШТИ ОДРЕДБИ ГЛАВА 1 ВОВЕД Член 1 Предмет на уредување Со овие Мрежни правила за дистрибуција на топлинска енергија за греење (во понатамошниот текст: Мрежни правила)се утврдуваат: -Техничко- технолошки услови за поврзување на производителите и на корисниците на топлинската енергија на системот за дистрибуција на топлинска енергија, -Техничките и други услови за сигурно и безбедно функционирање на системот за дистрибуција на топлинска енергија, -мерките ,активностите и постапките во случај на хаварии, -условите и начинот за пристап на трети страни до системот за дистрибуција, -финкционалните барања и класата на точност на мерните уреди , како и начинот на мерење на топлинската енергија, -правила за планирање, -начин на обезбедување на системските услуги по пат на транспарентни , недискриминаторни и пазарно орјентирани постапки, -правила за исклучување. Член 2 Примена на Мрежните правила Кон овие мрежни правила се должни да се придржуваат сите корисници на системот за дистрибуција на топлинска енергија за греење и тоа: -вршителот на дејноста производство на топлинска енергија (во понатамошниот текст :Производител); -вршителот на дејноста дистрибуција на топлинска енергија за греење и управување со системот за дистрибуција (во понатамошниот текст:Дистрибутер ); -вршителот на дејноста снабдување со топлинска енергија за греење (во понатамошниот текст:Снабдувач ); -правцни и физички лица , кои ја користат топлинската енергија за греење (во понатамошниот текст:Потрошувач ). Член 3 Дефиниција на поими Изразите употребени во овие Мрежни правила го имаат следното значење: “Безбедност“ е состојба добиена со превземање на потребни мерки при производство и дистрибуција на топлинска енергија за греење.Безбедносните мерки се превземаат за заштита на здравјето и животот на луѓето и заштита на животната средина. “Систем за топлинскa енергија за греење“(Систем) е целина од енергетски објекти ,постројки, уреди и инсталации меѓусебно поврзани така што представуваат единствен технички систем за производство , дистрибуција и снабдување со топлинска енергија за греење. “Систем за дистрибуција на топлинска енергија за греење“ (Дистрибутивна мрежа) е дел од Системот составен од објекти ,постројки, уреди и инсталации за пренесување на топлинска енергија, од мерното место на превземање на топлинската енергија од Производителот до мерното место на предавање на Потрошувачот. “Корисник на дистрибутивната мрежа“ е лице(физичко и правно) кое ја користи Дистрибутивната мрежа за предавање и превземање на топлинската енергија за греење. “Приклучок“ претставува функционална врска на меѓусебно поврзани опрема и уреди, од местото на спојување до мерното место на корисникот со Дистрибутивната мрежа. “Приклучување“ претставува операција на ставање на приклучокот во функција. “Пристап“ е овозможување на Производителот да ја користи Дистрибутивната мрежа за испорака и користење на топлинската енергија за греење. “Топлинска енергија за греење“ е произведена топлинска енергија наменета за греење на простории. “Топлиноносител“ е водата со која се пренесува топлинската енергија за греење од Производителот на топлинската енергија до Потрошувачот на топлинска енергија за греење. “Енергетски објект за производство на топлинска енергија“ е објект за производство на топлинска енергија со вкупна инсталирана моќност поголема од 1 MW. “Производител на топлинска енергија“ е носител на лиценцата кој врши енергетска дејност производство на топлинска енергија за греење. “Регулиран производител на топлинска енергија“ е носител на лиценца за енергетска дејност производство на топлинска енергија кој има обврски да му ја продава целокупната произведена топлинска енергија на Снабдувачот, според регулиран договор и да го почитува температурниот режим за работа на топланите. “Нерегулиран производител на топлинска енергија“ е носител на лиценца кој врши енергетска дејност производство на топлинска енергија за греење и нема обврска да го почитува температурниот режим за работа на топланите на Регулираниот производител. “Дистрибутер“ е носител на лиценца кој врши дејност дистрибуција на топлинска енергија за греење на определено подрачје на територијата на Р.Македонија. “Снабдувач“е носител на лиценца за вршење енергетска дејност снабдување со топлинска енергија за греење, кој купува топлинска енергија за греење од Регулираниот производител на топлинска енергија за греење , и ја продава на тарифните потрошувачи приклучени на Дистрибутивната мрежа на определено подрачје на територијата на Република Македонија. “Топлинска станица“ е дел од Системот кој се приклучува на Дистрибутивната мрежа и служи за регулирање на влезните параметри на топлиноносителот во објектот на потрошувачот и мерење на испорачаната топлинска енергија . “Грејна инсталација на потрошувачот“ е дел од системот која се надоврзува на топлинската станица и служи за оддавање на топлинска енергија кај потрошувачот.Границата помеѓу топлинската станица и потрошувачот при директен систем на греење е мешачкиот дел а при индиректен систем на греење е топлиноизменувач. “Мерен уред на излез од топланата – влез во дистрибутивната мрежа“ е уред за мерење на испорачаната топлинска енергија од Производителот до Дистрибутерот. “Мерен уред на влез во топлинска станица“ е уред за мерење на испорачаната топлинска енергија од Дистрибутивната мрежа на влез во објектот на потрошувачот. “Мерен уред кај потрошувачот“ е уред чија функција е регистрирање на испорачана топлинска енергија на поединечен Потрошувач во индивидуален или колективен објект. ГЛАВА 2 ПРАВА,ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТИ НА КОРИСНИКОТ НА ДИСТРИБУТИВНАТА МРЕЖА И РАЗГРАНИЧУВАЊЕ НА НАДЛЕЖНОСТИТЕ Член 4 Дистрибутер Дисрибутерот е должен да обезбеди ефикасно,сигурно,непрекинато и безбедно функционирање , како и одржување ,надградување и проширување на системот за дистрибуција во согласност со Законот за енергетика и друг пропис на градот Скопје,овие Мрежни правила ,како и обврските и условите определени во лиценцата , а кои што се однесуваат особено на : сигурно,безбедно и непрекинато пренесување на топлинската енергија за греење преку Дистрибутивната мрежа, од местото на приклучок на објектот за производство на топлинска енергија (во понатамошниот текст: топлана), до местото на приклучување на Потрошувачите (топлинска станица); пренесување на топлинската енергија со пропишан квалитет преку Дистрибутивната мрежа; долгорочна прогноза за развој на Дистрибутивната мрежа. Дистрибутерот како вршител на дејноста управување со системот за дистрибуција на топлинска енергија е должен особено да обезбеди: оперативно управување со Дистрибутивната мрежа на топлинска енергија во согласност со условите утврдени со законот за енергетика , друг пропис,овие Мрежни правила и лиценцата за управување со системот за дистрибуција; усогласување на погонската манипулација со системот заради непречена дистрибуција на топлинска енергија; регулирање на протокот и притисокот на топлиноносителот низ системот за дистрибуција на топлинска енергија; надзор и тестирање на системот за дистрибуција на топлинска енергија ; следење на техничката и функционалната исправност на објектите, постројките, уредите и инсталациите за дистрибуција на топлинска енергија; превземање мерки за безбедно и сигурно функционирање на дистрибутивниот систем за топлинска енергија; урамнотежување на отстапувањата меѓу фактичката и договорената потрошувачка на топлинска енергија, и долгорочна прогноза на развој на Дистрибутивната мрежа. Член 5 Снабдувач Снабдувачот е одговорен за: безбедно,континуирано и квалитетно снабдување со топлинска енергија за греење на тарифните потрошувачи согласно законите и други прописи и општи акти; набавка на потребните количини на топлинска енергија и обезбедување на потребен дистрибутивен капацитет за испорака на на топлинска енергија до крајниот потрошувач; склучување на договори со носителите на лиценци за производство и дистрибуција на топлинска енергија одобрени од Регулаторната комисија за енергетика, како и договори со крајните корисници; мерење на превземената и испорачаната топлинска енергија на потрошувачи приклучени на системот за дистрибуција на топлинска енергија; фактурирање и наплата на измерената испорачана топлинска енергија на потрошувачите; исплата на обврските за потрошена топлинска енергија кон Регулираниот производител и Дистрибутер. изготвување на годишни биланси за потребите на потрошувачите и врз основа на нив,склучување на годишни договори за купување на топлинска енергија , кои се доставуваат до Регулаторна комисија за енергетика и до градоначалниците на општините или градот Скопје во согласност со лиценцата за снабдување со топлинска енергија на тарифни потрошувачи; долгорочна прогноза на потребите од топлинска енергија. Снабдувачот има право: на пристап на секој имот или објект до мерните уреди заради контрола ,вградување надзор,промена и замена на мерниот уред на топлинската енергија; пристап во секој имот или објект заради ислучување на испораката на топлинска енергија , во случај кога сопственикот или станарот направи прекршок од овие Мрежни правила или не извршил плаќање за топлинска енергија во согласност со обврските од договорот за снабдување или роковите и условите за давање на услуга. Член 6 Производител на топлинска енергија Вршителот на дејноста производство на топлинска енергија е одговорен за своите производни единици во кои спаѓа и целата опрема од процесот на производство до мерното место на излез од топлана. За исполнување на својата функција Регулираниот производител на топлинска енергија треба да обезбеди сите негови производни единици да бидат во состојба да одговорат на потребите за производство на топлинска енергија според договорот со Снабдувачот. Регулираниот производител на топлинска енергија е одговорен за квалитетно одржување на своите производни капацитети и треба однапред да ги извести Дистрибутерот и Снабдувачот за : евентуалните намалувања или прекини на испорака на топлинска енергија , како и за причините на прекинот на производство на топлинска енергија предизвикани од планирани и редовни зафати на производните единици, како и очекуваното време на траење на прекинот, на начин и услови определени со лиценцата за производство; непланирани прекини на испорака на топлинска енергија , како и за причините на прекинот на производство на топлинска енергија ,предизвикани од непланирани зафати на производните единици, како и очекувано време на траење на прекинот на на начин и услови определени со лиценцата за производство. Член 7 Опрeделување на место на разграничување меѓу корисниците на Дистрибутивната мрежа 1.Границата меѓу Производителот на топлинска енергија и Дистрибутерот е мерен уред (мерно место) поставен на излез од топланата, односно влез во Дистрибутивната мрежа, со кој се мери количината на топлинска енергија предадена од Регулираниот производител на топлинска енергија , односно превземена од Дистрибутерот; 2.Граница меѓу Нерегулираниот производител на топлинска енергија и Дистрибутерот е мерниот уред (мерно место) поставен на влез во Дистрибутивната мрежа , со кој се мери количината на топлинска енергија предадена од Нерегулираниот производител на топлинска енергија, односно превземена од дистрибутерот. 3.Границата меѓу Дистрибутерот и Снабдувачот со топлинска енергија е мерното место,односно мерниот уред на влез во топлинската станица со кој се мери испорачаната топлинска енергија на влез во објектот на потрошувачот. Со посебни протоколи за постапување во определени случаи на местото на разграничување ќе се уреди начинот на постапување на двата субјекти на местото на разграничување. Член 8 Основни елементи на договорите Основни елементи на договорите кои меѓусебно ги склучуваат Производителот ,Дистрибутерот и Снабдувачот се: Предмет на договорот, Определување на количини, рокови на испорака и цена, Начин на фактурирање,плаќање и обезбедување на гаранции за плаќање, Дефинирање на мерењето и пресметка на топлинската енергија, Обврски на производителот(температура на топлиноносителот на влез во Дистрибутивната мрежа од _оС до _оС,минимален притисок на топлиноносителот __bar на влез во Дистрибутивната мрежа и проточни количини на топлиноносителот од _m3/h до _m3/h и Обврски на снабдувачот (температура на топлиноносителот на поврат во Дистрибутивната мрежа од _оС до _оС, минимален притисок на топлиноносителот _bar на поврат во Дистрибутивната мрежа. ГЛАВА 3 ПЛАНИРАНИ И НЕПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ Член 9 Обврски на Дистрибутерот при планирани прекини Дистрибутерот може привремено да ја прекине испораката на електрична енергија од Системот при приклучување на нови корисници , испитување и контролни мерења на објектите, уредите и инсталациите. Привремениот прекин од став 1 на овој член Дистрибутерот може да го врши во време кога најмалку им нанесува штета на корисниците , во согласност со програмата за одржување на објектите,уредите и постројките и годишниот енергетски биланс. За денот и часот на привремениот прекин Дистрибутерот е должен најмалку седум дена пред прекинот писмено да го извести Снабдувачот, потрошувачите и Министерството за економија. За привремениот прекин од ставот 1 на овој член Дистрибутерот е должен категоријата домаќинства и други помали корисници на енергијата да ги извести преку средствата за јавно информирање, најмалку три дена пред прекинот. Член 10 Обврски на дистрибутерот при непланирани прекини Во случај на непланирани прекини при дистрибуција на топлинска енергија, Дистрибутерот е должен да преземе мерки за отстранување на причините за настанатиот прекин во најкус можен рок и веднаш преку средствата за јавно информирање и преку својата веб страна да ги извести корисниците на кои им била прекината испораката на топлинска енергија за причините на непланираниот прекин , како и за очекуваното време за за одстранување на прекинот. ВТОР ДЕЛ – ПРАВИЛА ЗА ПЛАНИРАЊЕ ГЛАВА 4 ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПЛАНИРАЊЕ Член 11 Правила за планирање При планирањето на одржувањето и развојот на системот за дистрибуција на топлинска енергија се применуваат критериумите за проектирање и постапките определени со овие Мрежни правила имајки ги предвид барањата и потребите на сите корисници на системот за дистрибуција. Планирањето на развојот на системот за дистрибуција , Дистрибутерот го усогласува со Програмата за развој на енергетиката на Град Скопје и Општините во него. Идејните проекти за развој ,односно за проширување на системот за дистрибуција кои се однесуваат за период од најмалку три години,Дистрибутерот е должен да ги објави во Службениот гласник на Градот Скопје и на својата веб страна. Дистрибутерот системот за дистрибуција го планира , проектира и гради согласно деталниот урбанистички план. Член 12 Принцип за планирање Планирањето на одржувањето и развојот на Дистрибутивната мрежа, треба да се засновува на два битни функционални аспекти и тоа: Адекватност како способност на Дистрибутивната мрежа да ја превземе и испорача потребната топлинска енергија до Потрошувачите во дефинираното време за испорака , земајки ги во предвид и разумно очекуваните непланирани испади на елементите на Дистрибутивната мрежа. При планирањето,адекватноста на Дистрибутивната мрежа се постигнува со димензионирање на елементите на мрежата во согласност со прифатениот критериум за исполнување на минималните барања на Дистрибутивната мрежа во однос на испадот на било кој елемент од Дистрибутивната мрежа при што не смее да се загрози безбедноста на работењето на Дистрибутивната мрежа заради постигнување на номиналните вредности на притисокот или температурата во рамките на толерантно поле ,односно граничните вредности, како и резервни варијанти на снабдување со топлинска енергија во случај на изолирање на дел од Дистрибутивната мрежа за задоволување на потребите на корисниците. Сигурност е способност на Дистрибутивната мрежа да ги надмине ненадејните пореметувања и непредвидени испади на елементите. При анализа на системот за дистрибуција треба да се дефинираат случајните пореметувања и расположивите корективни мерки за соодветните пореметувања, односно: 1. Расположива разлика на притисок на приклучното место на Потрошувачот,при што мрежата треба да се димензионира така да на секое место на приклучок на влез на објектот биде задоволена минималната граница за разликата на влезниот и излезниот притисок, која обезбедува неопходен протек на топлиноносител за испорака на потребната количина на топлинска енергија во сите услови на испорака и постигнување на гарантираната температура во просториите кои се греат.Минималната разлика на влезниот и излезниот притисок на местото на приклучување не може да биде помала од ∆ р= 0,5 bar. 2. Протекот на приклучокот (во топлинската станица) треба да биде доволен да обезбеди гарантиран протек за најнеповолниот Потрошувач во најнеповолните услови на работа. 3. Протекот низ Дистрибутивната мрежа треба да обезбеди гарантирани протеци на најнеповолните приклучни места во најнеповолните услови на работа. 4. Вредностите на притисокот на топлиноносителите на местото на приклучокот да бидат над долните гранични вредности на притисокот потребни да обезбедат полнење на инсталацијата на корисникот со топлиноносител а во спротивно приклучувањето на Потрошувачот да биде со индиректен систем или други технички решенија. 5. Мрежата се смета за стабилна кога после издвојување на одредена делница ,останатиот дел од системот за дистрибуција може да работи нормално и преку истиот може да се врши ненарушена (редовна)испорака на топлинска енергија на корисниците. Член 13 Технички податоци за системот ------ Нормален притисок 16bar ------ Најмала притисна разлика 0,5bar ------ Номинална температура на топлиноносителот 120оС ------ Температурата на топлиноносителот на излез натопланата при температура на надворешниот воздух -15оС 110оС ------ Температура на топлиноносителот на излез на топлана при температура на надворешен воздух +4оС 75оС Член 14 Податоци за планирање 1. Доверливост на системот за дистрибуција на топлинска енергија, се оценува со анализа на енергетскиот систем за топлинска енергија за греење со симулации на Дистрибутивната мрежа за задоволување на предвидените потреби на Потрошувачите како и утврдување на потребата од подобрување и зајакнување на Дистрибутивната мрежа.Податоците кои се неопходни за оценување на доверливоста на Дистрибутивната мрежа ги утврдува Дистрибутерот и истите треба да се доставуваат од страна на Регулираниот производител на топлинска енергија и Снабдувачот, по барање на Дистрибутерот. 2. Прелиминарни податоци за планирање се податоци кои што му се потребни на Дистрибутерот да може да врши планирање на системот, а се однесуваат на предвидените развојни планови на корисниците на системот за дистрибуција. Корисниците на системот за дистрибуција , се должни да му достават на Дистрибутерот податоци за нивните постројки за производство и потроѓувачка на топлинска енергија, за да му овозможат на Дистрибутерот да направи соодветни студии, неопходни за изготвување на развојни планови на системот за дистрибуција на топлинска енергија. Дистрибутерот треба предвремено да побара прелиминарни податоци за планирање од Регулираните производители на топлинска енергија и Снабдувачите на системот за дистрибуција на топлинска енергија , заради вршење на дополнителни студии за проширување на системот за дистрибуција. 3. Официјални податоци за планирање Со приклучувањето на корисникот на системот за дистрибуција ,податоците од договорот за приклучување и користење на системот за дистрибуција како и нивните измени, податоците кои се однесуваат на развојните планови на корисникот како податоците кои се барани од Дистрибутерот во соглсност со правилата за планирање , стануваат официјални податоци за планирање и истите ја дефинираат основата за планирање на системот за дистрибуција. ГЛАВА 5 ОЦЕНКА НА ДОВЕРЛИВОСТА НА СИСТЕМОТ ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА Член 15 Правила за одржување на доверливост на Дистрибутивната мрежа Остварувањето на законски утврдената надлежност за одржување и развој на Дистрибутивната мрежа, како и извршувањето на обврските за обезбедување на јавна услуга кои што се однесуваат на сигурно , навремено и квалитетно снабдување со топлинска енергија за греење, Дистрибутерот го уредува со Правила за одржување на доверливоста на Дистрибутивната мрежа. Правилата за одржување на доверливоста на Дистрибутивната мрежа треба да биде засновна на: -прогнозираните потреби за топлинска енергија за греење; -оценка на адекватноста на производните капацитети и -оценка на адекватноста на Дистрибутивната мрежа. Правилата за одржување на доверливоста на Дистрибутивната мрежа , треба да ги содржат мерките со кои треба да се обезбеди задоволување на идната потрошувачка. ГЛАВА 6 ОДБРАНБЕН ПЛАН Член 16 Општа одредба Заради спречување на ширење и пренесување на појави и настани кои што предизвикале или би можеле да предизвикаат дефекти или нарушување на граничните вредности во Дистрибутивната мрежа и заради отстранување на дефектите и нарушувањата, треба да се превземат превентивни мерки и корективни дејствија, предвидени во Одбранбениот план кој што е должен да го изготви Дистрибутерот. Заради спроведување на превентивните мерки, Дистрибутерот е должен да врши и периодични проверки на системот за дистрибуција на топлинска енергија со испитен притисок, за откривање на потенцијално слабите места на системот. Превентивните мерки се состојат во управување на Дистрибутивната мрежа на таков начин со што ќе се постигне елиминирање на можноста појавениот дефект на било кој дел од Дистрибутивната мрежа да прерасне во големо пореметување на Системот. Корективните дејствија се состојат во изолирање на делот од Дистрибутивната мрежа каде што се појавил дефектот, за да се избегне понатамошно ширење на последиците од дефектот и да се одржи поголемиот дел од Дистрибутивната мрежа во нормала. Одбранбениот план треба да содржи: -мерки за заштита при зголемени губитоци на топлоносителот; -мерки за заштита од дерегулација на Дистрибутивната мрежа. Член 17 Мерки за заштита при губитоци на топлоносителот Во одбранбениот план треба да се предвидат мерки и дејствија со кои ке се намалат, односно спречат : -последиците од влијанието на зголемените губитоци на топлиносистемот на работењето на постројките на Регулираниот производител на топлинска енергија кои што може да доведат до испад на топланите, и -промените на параметрите за квалитетот на топлинската енергија на местото на испорака, настанати поради зголемување на губитоци на топлиноносителот. Член 18 Мерки за заштита од дерегулација на функционирањето на Дистрибутивната мрежа За одржување на потребниот протек на топлиноносителот во Дистрибутивната мрежа , неопходно е местата на приклучок на корисниците да бидат обезбедени со соодветни регулатори (ограничувачи) на протекот на топлиноносителот и друга опрема која е во функција на одржување на протекот кај корисниците. • Во случај на дерегулација на функционирањето на Дистрибутивната мрежа, односно промена на параметрите на топлоносителот на местата на приклучување на корисниците на Дистрибутивната мрежа предизвикани од несоодветен начин на приклучување и користење на Дистрибутивната мрежа од страна на корисниците, Дистрибутерот е должен: • -да изврши контрола на местата за можна појава и да ги утврди причините за настанатата дерегулација на функционирањето на Дистрибутивната мрежа и • -да превземе мерки за елиминирање на утврдените причини за појавата на дерегулација на функционирањето на дистрибутивната мрежа. ТРЕТ ДЕЛ - ПРАВИЛА ЗА ПРИКЛУЧУВАЊЕ И ИСКЛУЧУВАЊЕ ГЛАВА 7 ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 19 Општа одредба Дистрибутерот е должен да ја надградува и развива Дистрибутивната мрежа, за да овозможи приклучување на нови корисници , како и измена на постојните приклучоци, на начин со кој ќе обезбеди сигурно и економски оправдано работење на Дистрибутивната мрежа. Сите постројки за производство и потрошувачка на топлинската енергија, треба да бидат приклучени на Дистрибутивната мрежа во согласност со важечките технички стандарди и овие Мрежни правила, со цел да се избегне нарушување на доверливоста на целиот систем. Член 20 Цел на правилата за приклучување Целта на правилата за приклучување утврдени со овие Мрежни правила е да се утврдат: Техничките ,проектните и оперативните критериуми кои мора да бидат исполнети од страна на секој барател за приклучување на Дистрибутивната мрежа, и Техничките ,проектните и оперативните критериуми кои Дистрибутерот мора да ги исполни а кои се однесуваат на делот на Дистрибутивната мрежа на местото каде што се бара да се изврши приклучување на корисникот. Техничките услови за приклучување утврдени со овие Мрежни правила се применуваат и за постојните инсталации приклучени на Дистрибутивната мрежа во случаи кога не се исполнети критериумите од став 1 на овој член за која цел Дистрибутерот и корисникот ги договараат условите и рокот во кој тие треба да бидат исполнети. Нерегулираниот производител на топлинска енергија со приклучувањето кон Дистрибутивната мрежа не смее да предизвика зголемување на трошоците за дистрибуција на топлинска енергија и не смее да предизвика пореметување на хидрауличните и температурните параметри на Дистрибутивната мрежа. ГЛАВА 8 ПОСТАПКА ЗА ПРИСТАП И ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ДИСТРИБУТИВЕН СИСТЕМ Член 21 Должности и обврски на Дистрибутерот и Потрошувачот Дистрибутерот е должен да овозможи пристап и приклучување на сите Корисници на Дистрибутивната мрежа, освен во случаи кога Дистрибутерот ќе оцени дека не постојат оперативни и технички услови за да се изврши приклучувањето. Во случаи кога не постојат оперативни и технички услови за да се изврши приклучувањето, Дистрибутерот е должен со решение да го одбие Барањето за пристап и приклучување и да даде аргументирано образложение за одбивањето. Член 22 Дистрибутерот е должен во секој момент да располага со податоци за оптовареноста на системот за дистрибуција и истите ќе ги објавува на својата веб-страница, со цел да бидат достапни за потрошувачите и производителите кои сакаат да бидат приклучени на Дистрибутивната мрежа. Податоците за оптовареноста на системот за дистрибуција, Дистрибутерот ги определува врз база на температурите, притисоците и протоците во системот за дистрибуција, инсталационата моќност на приклучените капацитети за производство на топлинска енергија, од податоците за склучени договори за снабдување, како и од податоците за инсталираната и ангажираната моќност од издадените согласности за приклучување на системот за дистрибуција. Член 23 Дистрибутерот е должен согласно потребите од топлинска енергија за греење на одредено подрачје, дефинирано во ГУП (Генерален урбанистички план) и ДУП (Детален урбанистички план) на градот Скопје, односно општините, по барање на истите да изготви идеен проект за проширување на системот за дистрибуција на топлинска енергија на одредено подрачје, кој треба да биде основ за издавање на согласност за пристап и приклучување. Член 24 Барање на Претходна согласност за пристап Потенцијалниот корисник на системот за дистрибуција на топлинска енергија е должен до Дистрибутерот да поднесе Барање за обезбедување на Претходна согласност за пристап на системот за дистрибуција, кон кое треба да приложи : -одобрение за градба на објектот; -ситуација на објектот 1:1000 со вцртана локација на топлинската подстаница; -време на почеток на користење на топлинската енергија и -режим и намена на користење на топлинската енергија. Покрај наведените податоци Потрошувачите до Дистрибутерот треба да достават и еден примерок од основниот проект за термотехника (согласно Законот за градење) за внатрешната инсталацијата на објектот, кој особено треба да содржи: -рекапитуалација на проектирани топлински потреби по групи на потрошувачи (W); -рекапитулација на грејни површини, односно зафатнините на просториите кои се греат (m2, m3); -технички, општи и сигурносни услови за изведба на инсталацијата во кои се назначени прописите за испитување на инсталацијата и упатство за регулација; -пресметка на трансмисионите и вентилационите загуби на објектот со спецификација на употребените коефициенти за пренос на топлина; -хидраулична пресметка на цевната мрежа и режим на регулација; -графички и аналитички приказ на падовите на притисок на водовите и уредот во топлинската станица; -шема на поврзување со означување на опремата; -потребен број на изведбени цртежи; -потребни упатства за монтажа и експлоатација. Член 25 Решение за предходна согласност за пристап Дистрибутерот е должен во рок од 15 дена да го разгледа Барањето и издаде Решение за Претходна согласност за пристап на системот за дистрибуција. Во случај на позитивно Решение за Претходна согласност за пристап, Решението покрај основните податоци за потенцијалниот корисник, треба да содржи: -краен рок за поднесување на Барање за издавање на Решение за приклучок од страна на корисникот на дистрибутивниот систем, кој во зависност од сложеноста на објектот не може да биде подолг од 2 години, од датумот на издавање на Решението за Претходна согласност за пристап; -максимално одобрената количина на топлинска енергија што ќе се предава или презема на/од системот за дистрибуција на топлинска енергија; -основни технички податоци за приклучување. Во случај на негативно Решение за Претходна согласност за пристап на системот за дистрибуција, Дистрибутерот е должен да ги образложи причините поради кои Решението е негативно. Член 26 Барање решение за приклучок Барателот, кој согласно членот 24 има обезбедено Решение за претходна согласност за пристап на системот за дистрибуција, е должен во рокот определен во Решението за претходна согласност за пристап на системот за дистрибуција, до Дистрибутерот да поднесе Барање за добивање на Решение за приклучок на објектот. Член 27 Решение за приклучок Дистрибутерот е должен во рок од 15 дена да го разгледа Барањето од членот 26 на овие Мрежни правила и да издаде Решение за приклучок на системот за дистрибуција. Решението за приклучок на системот за дистрибуција на топлинска енергија за греење, покрај основните податоци за корисникот, особено треба да содржи: -податок за инсталирана моќност на објектот во kW; -затоплуван простор во m2 и m3; -начин на превземање на топлинската енергија (директен, индиректен); -место на превземање и место на мерење на топлинска енергија; -услови за користење на системот за дистрибуција; -услови под кои приклучната шахта е достапна за Дистрибутерот и -проценета вредност на трошоците за приклучок. Член 28 Изведба на приклучок Врз основа на добиеното Решение за приклучок, Корисникот пристапува кон проектирање и изведба на приклучокот, при што Дистрибутерот учествува во сите фази на изведбата на приклучокот и тоа: -како надзор во фазата на изготвување на проектот за приклучок; -како надзор во фазата на изградба на приклучокот и -врши или учествува во техничкиот прием на приклучокот Изведбата на приклучокот во сите фази е на трошок на Корисникот. Приклучокот по правило се врши преку приклучна шахта со затварачка арматура, исклучиво по одобрение и надзор на Дистрибутерот. По исклучок новиот приклучок може да се изведува и на постоечки приклучок, при што корисникот на постоечкиот приклучок и имот е должен да дозволи приклучување на новиот корисник по претходно решавање на имотно-правните односи. Приклучната шахта на секој приклучен објект мора да биде достапна во секое време на Дистрибутерот. Новиот корисник кој се приклучува преку постоечки приклучок на претходно приклучен објект, должен е да учествува сразмерно на трошоците во заедничката делница врз основа на ангжирањето на капацитетот на топлинската станица (W). Трошоците што ќе настанат со изведбата на приклучокот од став 6 на овој член, се на товар новиот корисник, вклучувајќи ги и трошоците за доведување во првобитна положба на имотот на сопственикот на постоечкиот приклучок. Член 29 Барање за приклучување и пристап Корисникот е должен по завршување на изведба на приклучокот согласно издаденото Решение за приклучок, до Дистрибутерот да поднесе барање за приклучување. Дистрибутерот е должен во рок од 7 дена од денот на приемот на барањето за приклучување да даде писмена согласност за терминот за реализација на приклучувањето Кога Дистрибутерот издал писмена согласност за приклучување, заедно со Корисникот согласно издадената писмена согласност, приклучувањето треба да го извршат во точно закажаниот термин. Терминиот за реализација на приклучувањето е вон грејна сезона. Во рок од 15 дена од денот на издавањето на писмената согласност, Дистрибутерот е должен на корисникот да му овозможи приклучување. Терминиот за реализација на приклучувањето може да се даде и во грејна сезона доколку не се предизвика нарушување на технолошкиот процес на работењето на дистрибутивниот систем. Трошокот за приклучување е на товар на корисникот. Потрошувачот по извршеното приклучување, треба да склучи договор за снабдување со топлинска енергија со Снабдувачот. Доколку корисникот не потпише договор во писмена форма ќе се смета дека склучил договор по пристапување. Член 30 Пробна работа за ново приклучен Потрошувач на Дистрибутивната мрежа Дистрибутерот е должен по налог од Снабдувачот да го приклучи објектот на Потрошувачот на Дистрибутивната мрежа во пробна работа во грејниот период, од 15 ноември во тековната календарска година до 15 февруари во наредната календарска година, при што Потрошувачот е должен до Снабдувачот дa ја достави следната документација: - записник за извршен технички прием на приклучокот, топлинската потстаница, потпишан од страна на Дистрибутерот; - записник за извршено испитување под притисок со вода на постројките и инсталациите на Потрошувачот, потпишан од страна на изведувачот и надзорот од страна на инвеститорот; и - записник за извршен технички прием и добиено одобрение за употреба на објектот. По барање на Снабдувачот, Дистрибутерот во претходно определен рок го става во пробна работа објектот кој се приклучува на Дистрибутивната мрежа. Пробната работа трае од 15 до 30 дена и се наплаќа согласно Тарифниот систем за топлинска енергија за греење. По завршување на пробната работа Снабдувачот изготвува Изјава за термоенергетски прием на топлинските постројки на грејната инсталација на Потрошувачот и истата се доставува до Инвеститорот, Дистрибутерот и Потрошувачите. Доколку со Изјавата се одобрува термоенергетски прием на објектот, Снабдувачот со Потрошувачот склучува договор за испорака на топлинска енергија за греење, а Дистрибутерот е должен да отпочне со редовна испорака на топлинска енергија за греење, од датумот определен во Договорот. Доколку со Изјавата не се одобрува термоенергетски прием, Снабдувачот во Изјавата е должен да ги наведе причините. Член 31 По исполнувањето на условите дефинирани во членот 29 од овие Мрежни правила, Потрошувачот стекнува право на пристап до Дистрибутивната мрежа, односно право за превземање на топлинска енергија за греење од системот за дистрибуција на топлинска енергија. Меѓусебните обврски и права сврзани со превземањето или предавањето на топлинска енергија за греење, се уредуваат со договор помеѓу корисниците на системот за дистрибуција на топлинска енергија за греење. Член 32 Барање за пристап на постоен приклучен корисник кој одреден временски период не ја користел Дистрибутивната мрежа Барање согласност за пристап до системот за дистрибуција на топлинска енергија, е должен до Снабдувачот да поднесе и постојниот Потрошувач, кој што е веќе приклучен на системот за дистрибуција на топлинска енергија и кој што нема превземано топлинска енергија во период подолг од 1 година. Член 33 Барање согласност за изменување на постоен приклучок Постојниот корисник-Потрошувач на топлинска енергија, е должен до Дистрибутерот да поднесе Барање согласност за изменување на постоен приклучок, во случаи ако: -ја зголемува приклучната инсталирана моќност над 20% во однос на претходно одобрената; -го менува постојниот приклучок; -врши промени на мерната опрема; -врши одделување на едно мерно место на поголем број мерни места на иста локација. Член 34 По Барањето од членот 33 на овие Мрежни правила, Дистрибутерот е должен да донесе Решение во рок од 15 дена. Решението од ставот 1 на овој член, зависно од видот на измената на приклучокот, треба да ги содржи сите технички услови кои треба да бидат исполнети од Барателот, за да приклучокот по извршената интервенција биде ставен повторно во функција. ГЛАВА 9 ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПРОЕКТИРАЊЕ И ТЕХНИЧКИ БАРАЊА Член 35 Општа одредба Објектите на корисниците приклучени на системот за дистрибуција треба да ги задоволат техничките барања во однос на техничкото решение за приклучок, топлинска станица, уредите за мерење и комуникациските системи определени со овие Мрежни правила и Посебните техничките услови за проектирање и приклучување на системот за дистрибуција на топлинска енергија. Посебните техничките услови за проектирање и приклучување на Дистрибутивната мрежа, се транспарентни и објавени на веб-страната на Дистрибутерот. ГЛАВА 10 ПРАВИЛА ЗА ИСКЛУЧУВАЊЕ Член 36 Корисникот кој што презема топлинска енергија за греење од дистрибутивната мрежа, а кој што сака да биде исклучен од дистрибутивната мрежа поднесува писмено барање до Снабувачот за исклучување и за прекин на договорот за снабдување со топлинска енергија за греење. Доколку Снабдувачот утврди дека Корисникот ги исполнил сите достасани обврски за преземената топлинска енергија согласно договорот за снабдување, барањето за исклучување ќе го достави до Дистрибутерот. Дистрибутерот е должен да ги обезбеди потребните технички услови за извршување на исклучувањето и да го извести Снабдувачот за денот и часот кога може да се изврши исклучувањето. Во случај кога исклучувањето го бара потрошувач кој е во колективен објект, барањето за исклучување го доставува до Снабдувачот. Одкако Снабдувачот ќе утврди дека се исполнети сите достасани обврски за преземената топлинска енергија согласно договорот за снабдување и по овозможување на технички услови за извршување на исклучувањето од страна на дистрибутерот, ќе го извести Потрошувачот за денот и часот кога може да се изврши исклучувањето. Исклучувањето од став 4 на овој член, потрошувачот може да побара да го изврши Снабдувачот. Контролата на извршеното исклучување во сите случаи, е обврска на Снабдувачот. За извршеното исклучување се составува Записник кој се потпишува од страна на Снабдувачот и лицето кое што барало исклучување. Лицето кое бара исклучување ги поднесува сите трошоци поврзани со исклучувањето. Член 37 Присилно исклучување Барање и реализација за присилно исклучување на корисници од системот може да спроведе Снабдувачот или Дистрибутерот во следниве случаеви: Снабдувачот, во случај кога корисникот кој што е потрошувач не ги исполнува условите од договорот за снабдување со топлинска енергија, а по известување и обезбедување на услови за реализација од страна на Дистрибутерот, и Дистрибутерот, во случај кога корисникот предизвикува дерегулација на системот, ја загрозува безбедноста на извршителите и функционалноста на системот од техничка неисправност на грејната инсталација, за што писмено ќе ги извести корисникот и снабдувачот. Член 38 Место и начин на исклучување Местото на исклучување кај корисниците е местото каде се врши примопредавање на топлинската енергија, при што се применува начин на исклучување кој што не предизвикува физичко оштетување на дел од системот, а се оневозможува повторно приклучување без најава кај Дистрибутерот. Место на исклучување кај Потрошувачите се приклучоците на грејните тела или приклучокот на инсталацијата која ги поврзува грејните тела на Потрошувачот. ГЛАВА 11 ЗАШТИТА НА СИСТЕМОТ Член 39 Општа одредба Со цел да се обезбеди заштита на Дистрибутивната мрежа, проектирањето и изведбата на Дистрибутивната мрежа треба да се врши на начин кој ќе овозможи исклучување на пооделните делови на Дистрибутивната мрежа поради било какво пореметување, за тоа да не се одрази на останатите делови од системот за дистрибуција на топлинска енергија. Заштитата на Дистрибутивната мрежа по правило се постигнува преку вградување на затварачка арматура заради изолирање, заштита од ангажирање на протек над дозволениот заради спречување на хидраулична дерегулација на Дистрибутивната мрежа и продор на хемиски нетретирана вода од инсталацијата на објектот во Дистрибутивната мрежа и друго. Член 40 Права и обврски на Дистрибутерот Дистрибутерот со свои интерни акти уредува правила и стратегии за превземање на мерки и постапки за безбедно функционирање на Дистрибутивната мрежа, како и за ефикасно отстранување на разни можни облици на дефекти и пореметувања во Дистрибутивната мрежа. Член 41 Права и обврски на корисникот на приклучокот Заради обезбедување на доверливост и работење на Дистрибутивната мрежа, корисниците на Дистрибутивната мрежа се должни да вградат регулациона и заштитна опрема согласно Решението за приклучок од член 27 од овие Мрежни правила. ГЛАВА 12 МЕРЕЊЕ НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА Член 42 Обврска за приклучување преку мерни уреди Секоја производна единица на топлинска енергија за греење, односно топлана, мора да има вградено мерен уред на секое место на предавање на топлинската енергија во системот за дистрибуција. Секој објект кој користи топлинска енергија за греење мора да има вградено мерен уред за мерење на превземената количина на топлинска енергија за греење, на местото на разграничување со Дистрибутивната мрежа. Член 43 Мерни уреди Мерните уреди ги набавуваат корисниците на Дистрибутивната мрежа, а може и Дистрибутерот. За првата верификација на мерилата должен е да се грижи сопственикот на мерилото. Потребниот простор и комплетната инсталација за мерните уреди ја обезбедува корисникот. Производителот на топлинска енергија ги одржува и е одговорен за периодична и вонредна верификација на мерните уреди на местото на предавање на топлинската енергија во Дистрибутивната мрежа. Дистрибутерот ги одржува и е одговорен за периодична и вонредна верификација на мерниот уред на приклучното место на колективните и индивидуалните објекти кои користат топлинска енергија за греење. Снабдувачот ги одржува и е одговорен за периодична и вонредна верификација на мерните уреди (распределители) во внатрешната инсталација на колективните објекти. Мерната опрема се испитува согласно МКС ЕН 17025 Контрола и замена на мерниот уред во топлинската станица ја врши на свој трошок Дистрибутерот. Дистрибутерот е должен да го извести Снабдувачот за секоја контрола и замена на мерниот уред. Контрола на мерниот уред во топлинската станица може да се изврши по барање на Снабдувачот или Потрошувачот преку Снабдувачот. Ако со контролата се утврди дека мерниот уред не е исправен, трошокот за контролата е на товар на Дистрибутерот, во спротивно трошокот за контролата е на товар на лицето кое ја побарало контролата. При замена на мерниот уред, како последица на трајно оштетување, кај индивидуални објекти, кај потрошувачите во колективни станбени објекти, вклучувајќи ги и распределителите на потрошувачите на топлинска енергија за греење, трошоците ги подмирува сопственикот на мерниот уред на начин и постапка утврдени во меѓусебните договори. Член 44 Стандарди на мерна опрема Мерните уреди треба да бидат со соодветна класа на точност и прописно пломбирани и баждарени на начин и рок утврдени со Законот за метрологија и други прописи. Мерните уреди треба да: -бидат соодветно опремени за мерење на протек на топлиноносителот, температура на влезната и повратната линија на топлиноносителот, да имаат единица за пресметка на енергија и да бидат димензионирани според потребите на соодветниот корисник; -одговараат на МКС ЕН 1434 стандарди; -имаат класа на точност согласно важечките прописи. Мерните уреди потребно е да можат да се проверуваар раздвоено или во склоп. Член 45 Мерени големини на топлиноносителот на влез во Дистрибутивната мрежа Мерните уреди инсталирани на цевководите на излез од секоја поединечна топлана, односно на влез на цевководите од Дистрибутивната мрежа, треба да мерат и локално да ги покажуваат следниве технички големини: -измерена температура на топлиноносителот во потис во оC; -измерена температура на топлиноносителот во поврат во оC, односно разлика помеѓу измерената температура на топлиноносителот нa потис и на поврат во оC; -измерена топлинска енергија во kWh или MWh (GJ); -кумулативен протек нa волумен на топлиноносителот во m3; -моментален протек на топлиноносителот во m3/h или l/s; -моментална моќност (kW, MW). Мерните уреди треба да бидат во состојба да работат најмалку шест месеци без надворешен извор на енергија. Член 46 Мерни големини на топлиноносителот во топлинските станици Мерните уреди, инсталирани во топлинските станици на влез во објектите кај Потрошувачите, треба да мерат и локално да ги покажуваат следниве технички големини: -измерена кумулативна топлинска енергија во kWh или MWh ; -протекнат кумулативен волумен на топлиноносителот во m3; -температура на топлиноносителот на влез во топлинската станица кај Потрошувачот во оC; -температура на топлиноносителот на излез од топлинската станица кај Потрошувачот во оC; -моментален протек на топлиноносителот во m3/h или l/s. Мерните уреди треба да бидат во состојба да работат најмалку шест месеци без надворешен извор на енергија. Член 47 Табела за презентација на измерените големини Податоците од член 44 на овие Мрежни правила кои што се однесуваат на измерените големини на мерниот уред, инсталиран на цевковод низ кој се внесува топлиноносителот во Дистрибутивната мрежа, Регулираниот производител на топлинска енергија ги меморира во компјутерска база на податоци во табела како што е прикажано, заради презентирање на податоци од претходен период на часовно, просечно дневно, просечно месечно и просечно годишно ниво. Табела за презентација на измерени големини на мерен уред на цевковод во топлана Топлана Цевковод Надворешна Тепература на Теперату Моментален Кумулати Кумулативна Ангажирана Дата час температура топлиноносител ра на протек на вен количина на моќност на на воздухот во потис топлинон осител во топлиноноси тел протек на топлинон произведена топлинска котел / топлана поврат осител енергија 2009.01.01 01:00 tnad tpotis tpovrat Protek (m3/h) Protek (m3) Q (GJ ; MWh) S ( MJ / h; MW ) Согласно Табелата од став 1 на овој член, имајќи ги во предвид измерените големини на секој цевковод поединечно, а во рамките на производната единица (топлана), Регулираниот производител на топлинска енергија треба да ги презентира на часовно ниво, следните збирни просечни податоци: Табела за презентација на збирните просечни податоци на мерен уред во топлана Топлана Надворешна пресметана пресметана пресметан пресметана пресметана Дата час температура просечна просечна просечен просечна просечна на воздухот температура на температура на кумулативен кумулативна ангажирана топлиноносите топлиноносите протек на количина на моќност на л во потис л во поврат топлиноносите произведена топлана л топлинска енергија 2009.01.01 01:00 tnad tpotis tpovrat Protok (m3) Q (GJ; MWh) S ( MJ / h; MW ) Мерењето на температурата на надворешниот воздух треба да се врши со мерен уред верифициран согласно Законот за метрологија. Температурата на надворешниот воздух се регистрира и се користи во примената на Температурниот режим за работа на топланата. Мерните уреди за мерење на температурата на надворешниот воздух треба да бидат приспособени за далечинско отчитување. Член 48 Регистрираните измерени големини на ниво на цевковод, презентирани во Табелата од став 1 на член 46 од овие Мрежни правила, Регулираниот производител на топлинска енергија е должен да ги достави до Дистрибутерот, Снабдувачот и до Регулаторната комисија за енергетика во писмена и во електронска форма најдоцна до петтиот ден од тековниот месец за претходниот месец. Пресметаните просечни големини на ниво на топлана, презентирани во Табелата од став 2 на членот 46 од овие Мрежни правила, Регулираниот производител на топлинска енергија е должен да ги достави до Дистрибутерот, Снабдувачот и до Регулаторната комисија за енергетика во писмена и во електронска форма најдоцна до петтиот ден од тековниот месец за претходниот месец. Член 49 Собирање на мерните податоци Корисниците на системот за дистрибуција треба да му овозможат на Дистрибутерот електронски да ги собира меморираните податоци на местото на мерење, односно во нивните постројки. ЧЕТВРТ ДЕЛ – ОПЕРАТИВНИ ПРАВИЛА ГЛАВА 13 КВАЛИТЕТ, РЕГУЛАЦИЈА И КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ Член 50 Квалитет, регулација и контрола на квалитетот на топлинска енергија За обезбедување на нормално снабдување на Потрошувачите со топлинска енергија, Регулираниот производител на топлинска енергија треба да испорачува топлинска енергија според климатските услови и дефинираните потреби на Потрошувачите, која Дистрибутерот треба да ја дистрибуира до нив, со цел во пропишаниот дневен период на греење во текот на грејната сезона, кај Потрошувачот да се обезбеди внатрешна собна температура од 20+10С. Регулацијата на испорачаната топлинска енергија се врши согласно Температурен режим за работа на топлана во зависност од надворешната температура на воздухот, прикажан во следната табела: Температурен режим за работа на топлана во зависност од температурата на надворешниот воздух tnad -15 -14 -13 -12 -11 -10 -9 -8 -7 -6 -5 -4 -3 -2 tpotis 110 108 106 104 102 100 98 96 95 94 92 90 88 86 tpovrat 60 59 58 57 57 56 56 55 55 54 54 53 53 52 tnad -1 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 tpotis 85 83 81 79 77 75 72 70 68 66 64 62 61 60 tpovrat 52 51 50 49 48 48 47 47 46 45 45 44 44 44 tnad (0C) -температура на надворешниот воздух кај топланата tpotis (0C) -минимална излезна температура на топлоносителот од топлана tpovrat (0C) -повратна температура на топлоносителот во топлана Регулираниот производител е должен во своето работење да го спроведува Температурниот режим за работа на топланите. Регулираниот производител на топлинска енергија е должен да ги почитува определените температури на топлиноносителот на излез од топланата дадени во табелата кои се минимални.Во спротивно ќе се смета дека Регулираниот производител на топлинска енергија не ги исполнува минималните технички критериуми за излезната температура на топлиносистемот. Регулацијата на испорачаната топлинска енергија на Потрошувачите, Дистрибутерот по налог на Снабдувачот ја врши со регулација на температурата на топлиноносителот на влез во инсталацијата на Потрошувачите, согласно следната табела: Температурни режими на влез во грејната инсталација на Потрошувачот во зависност од температурата на надворешниот воздух т.реж. 1.0 1.1 1.2 1.3 1.4 1.5 1.6 1.7 1.8 1.9 2.0 tnad td, iz td, p td, iz td, p td, iz td, p td, iz td, p td, iz td, p td, iz td, p td, iz td, p td, iz td, p td, iz td, p td, iz td, p td, iz td, p 12 42 37 41 36 40 36 38 35 37 34 36 33 35 32 34 31 33 31 32 30 31 29 11 44 39 43 38 42 37 40 36 39 35 37 34 36 33 35 32 34 32 33 31 32 30 10 46 41 45 39 43 39 42 37 41 36 39 35 38 34 37 33 35 33 34 32 33 31 9 48 42 47 41 45 40 43 39 42 38 40 36 39 35 38 34 37 34 35 33 34 32 8 51 44 49 42 47 41 45 40 44 39 42 37 41 36 39 35 38 34 37 33 35 33 7 53 45 50 44 49 43 47 41 45 40 43 38 42 37 41 36 39 35 38 34 36 33 6 55 47 52 45 51 44 49 42 47 41 45 40 43 38 42 37 40 36 39 35 37 34 5 57 48 54 46 53 45 50 43 49 42 46 41 45 39 43 38 41 37 40 36 38 35 4 59 49 56 48 54 46 52 45 50 43 48 42 46 40 44 39 43 38 41 37 39 35 3 61 51 58 49 56 48 53 46 52 44 49 43 47 41 46 40 44 39 42 37 40 36 2 62 52 60 50 58 49 55 47 53 46 50 44 49 42 47 41 45 40 43 38 41 37 1 64 53 61 51 60 50 57 48 55 47 52 45 50 43 48 42 46 40 44 39 42 38 0 66 54 63 52 61 51 58 49 56 48 53 45 51 44 49 43 47 41 45 40 43 38 -1 68 56 65 54 63 52 60 50 58 49 54 46 52 45 50 43 48 42 46 40 44 39 -2 70 57 67 55 64 53 61 51 59 50 56 47 54 46 51 44 49 43 47 41 45 40 -3 72 58 68 56 66 54 63 52 60 51 57 48 55 47 53 45 50 43 48 42 46 40 -4 73 59 70 57 68 55 64 53 62 51 58 49 56 47 54 46 51 44 49 43 47 41 -5 75 60 72 58 69 56 66 54 63 52 60 50 57 48 55 47 52 45 50 43 48 42 -6 77 61 73 59 71 57 67 55 64 53 61 51 58 49 56 47 53 46 51 44 48 42 -7 78 63 75 60 72 58 68 56 66 54 62 52 59 50 57 48 54 46 52 45 49 43 -8 80 64 76 61 74 59 70 57 67 55 63 52 61 51 58 49 55 47 53 45 50 43 -9 82 65 78 62 75 60 71 58 68 56 64 53 62 51 59 49 56 48 54 46 51 44 -10 83 66 79 63 76 61 72 59 70 57 65 54 63 52 60 50 57 48 54 46 52 44 -11 85 67 81 64 78 62 74 59 71 58 67 55 64 53 61 51 58 49 55 47 52 45 tnad -температура на надворешниот воздухот td.iz. -температура на топлиноносителот на излез од топлинската станица, односно на влез на грејната инсталација на потрошувачот td.p. -температура на топлиноносителот на излез од грејната инсталација на потрошувачот, односно на влез во топлинската станица. Температурните режими во табелата означени со 1.0 до 2.0 претставуваат нумерички дијаграми на греење, каде излезните температури од топлинската станица произлегуваат од електронските регулатори на греење во топлинската станица, а повратните температури се добиени пресметковно, за систем на греење 90/70°С, теоретски протек во инсталацијата на Потрошувачите и внатрешна температура 20 +1°С. Температурниот режим во топлинската станица за одреден објект го дефинира Снабдувачот врз база на измерените внатрешни температури во периодот на пробното греење и потоа дава налог на Дистрибутерот да го спроведе и е составен дел на Договорот помеѓу Снабдувачот и Дистрибутерот. Снабдувачот може да побара измена на првично поставениот температурен режим. Наведените температури на топлиноносителот на излез од топлинската станица, односно на влез во грејната инсталација на потрошувачот на објектот, Дистрибутерот е должен да ги почитува, во спротивно ќе се смета дека Дистрибутерот не ги исполнува минималните технички критериуми. Снабдувачот е должен, температурниот режим за греење на Потрошувачот кој го применува за работа во грејната сезона да го постави на видно место во соодветната топлинска станица. Дистрибутерот е должен на својата web-страна да го објави списокот на сите топлински станици (со полна адреса) и со применуваните соодветни температурни режими за греење. ГЛАВА 14 РАБОТЕЊЕ ВО РЕГУЛАРНИ УСЛОВИ И ВО УСЛОВИ НА ПОРЕМЕТУВАЊЕ Член 51 Работење во регулирани услови Регуларното работење на системот се остварува во услови кога: сите Потрошувачи се снабдени со топлинска енергија за греење со соодветен квалитет, согласно овие Мрежни правила; сите гранични вредности се задоволени (чл.12 и чл.49). на топлиноносителот. Во услови на регуларно работење треба да се одржуваат сите гранични вредности, односно да се обезбедат минимални гранични вредности на приклучокот на Потрошувачот, расположива разлика на притисок, минимален протек и минимална температура на топлиноносителот. Член 52 Работење во услови на пореметување Сите отстапувања од состојбата на регуларно работење се сметаат за режими на работа во услови на пореметување. Работењето во услови на пореметување се карактеризира со тоа што: -сите потрошувачи се снабдувани со топлинска енергија, но со несоодветен квалитет,согласно овие Мрежни правила -граничните вредности не се задоволени и -сите Потрошувачи не се снабдувани со топлинска енергија. Дистрибутерот, како оператор на системот за дистрибуција, има обврска да ги превземе сите потребни мерки утврдени со Одбрамбениот план, за спречување на ширењето на пореметувањето, односно за воспоставување на ефикасно снабдување на корисниците на системот за дистрибуција со топлинска енергија. Член 53 Пресметка на количината на испорачана топлинска енергија од топлана во дистрибутивната мрежа во случај на неисправност на мерниот уред Во случај на дефект на мерниот уред на вод х, пресметката нa топлинската енергија која е испорaчана преку тој мерен уред ќе се врши преку споредбена метода со било кој исправен уред на друг вод n и соодветните испорачани топлински енергии во претходен месец кога двата мерни уреди биле исправни: каде: - [MWh] – пресметана испорачана топлинска енергија од вод х во тековниот месец кога мерниот уред е во дефект, - [MWh] – измерена испорачана топлинска енергија од вод х во претходниот месец кога мерниот уред бил исправен - [MWh] – измерена испорачана топлинска енергија од споредбен исправен мерен уред на вод n во тековниот месец - [MWh] – измерена испорачана топлинска енергија од споредбен исправен мерен уред на вод n во претходниот месец . Како споредбен исправен мерен уред на вод n може да се земе било кој исправен мерен уред на водовите од топланите кои се во функција. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 54 Рок за приклучување преку мерни уреди Секој корисник на системот за дистрибуција , кој нема вграден мерен уред за мерење на предадена /превземена количина на топлинска енергија за греење во/од дистрибутивниот систем е должен да вгради мерен уред за мерење на количината на топлинска енергија за греење, на секое место на прием од Дистрибутивната мрежа. Член 55 Рок за изработка на интерни акти Дистрибутерот е должен до 31 декември 2009 година да го донесе Правилникот за доверливост на Дистрибутивната мрежа и да го објави на веб- страната. Член 56 Измени и дополнувања Измени и дополнувања на овие Мрежни правила се врши на ист начин и постапка како и за нивно донесување. Член 57 Влегување во сила на Мрежните правила Овие мрежни правила влегуваат во сила осмиот ден од денот на објавување во “Службен весник на Република Македонија“. АД ЕЛЕМ- СКОПЈЕ |
||
| 2009-07-24 | ||
| ЕЛЕМ ИМПЛЕМЕНТИРА НОВ ДЕЛОВЕН ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМ |
||
| Електрани на Македонија (АД ЕЛЕМ) за производство на електрична енергија во државна сопственост е во процес на надградување и зајакнување на нејзините деловни можности. Една од главните компоненти на овој процес е воведување на Интегриран компјутеризиран Деловен информациски систем (БИС).
Вчера(23.јули) беше потпишан договорот со консултантот VIALTO од Унгарија за деловниот информациски систем на АД ЕЛЕМ. Со потпишување на договорот, во почетокот на август ќе почне првата фаза од проектот со изработка на анализа на потребите на АД ЕЛЕМ во однос на имплементација на деловниот информациски систем. Согласно предвидената динамика, оваа фаза треба да финишира во средината на 2010 година со објавување на тендер за набавка на софтвер. Севкупната цел на проектот е да се обезбеди систем кој ќе го подобри квалитетот и ќе ги оптимизира сите деловни процеси во АД ЕЛЕМ, со што ќе се намалат трошоците за деловното работење на компанијата. |
||
| 2009-05-27 | ||
| Информација за јавност |
||
| Владимир Здравев и Влатко Чингоски, генералните директори на АД МЕПСО и АД ЕЛЕМ денеска (среда 27 мај 2009 година) потпишаа Договор за обезбедување на системски услуги, одобрени количини електрична енергија потребни за покривање технички загуби при трансформација и пренос на електрична енергија и други регулирани услуги.
Со овој договор во правна рамка се ставени сите активности согласно лиценците на двете компании. Со овој договор се регулирани правата и обврските на двете компании за производство и набавка на електрична енергија, пренос низ преносната мрежа на АД МЕПСО на енергијата до потрошувачите. Исто така, опфатени се и правата и обврските на двете компании за обезбедување електрична енергија (од АД ЕЛЕМ) и користење (од АД МЕПСО) наменета за системски услуги неопходни за сигурна и доверлива работа на електро-енергетскиот систем на Република Македонија. Со овој договор регулирани се меѓусебните односи за обезбедување количини електрична енергија за покривање на техничките загуби низ преносната мрежа. Овој билатерален договор е направен согласно Законот за енергетика и е одобрен од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија. Двете компании очекуваат дека наскоро, согласно Законот за енергетика ќе склучат билатерални договори за регулирање на меѓусебните односи и со компанијата за дистрибуција на електрична енергија на македонскиот електро енергетскиот пазар. |
||
| 2009-05-12 | ||
| Реакција по повод Соопштението за јавноста пласирано од страна на АД ЕВН – Македонија на 11.05.2009 |
||
| Било каква манипулација да смисли ЕВН Македонија АД за својата медиумска кампања против АД ЕЛЕМ и против македонското судство, тоа нема да му помогне да ја одбегне сосема јасната обврска за плаќање на долгот како што пресуди македонскиот суд. Во последното продолжение од кампањата под наслов „ЕЛЕМ ја дезинформира јавноста“ дури и се злоуптребуваат шест амбасади во Република Македонија, така што им се дава улога на адвокати на ЕВН во судскиот процес.
Како поинаку може да се протолкува тврдењето на ЕВН дека е запознат со писмото испратено од страна на амбасадите до Владата по однос на овој судски спор, кога истото не е јавно објавено. Веруваме дека амбасадите своите писма до Владата преходно не ги испраќаат до ЕВН. Затоа, уверени сме дека ЕВН, впрочем како и досега, повторно ја манипулира јавноста со се поперфиден притисок врз македонското судство за да издејствува пресуда спротивна на фактите. Невистинито е и веќе правно несериозно тврдењето дека постоело некакво „старо ЕСМ“ кое не било предмет на приватизација и кое сега веќе не постои. ЕСМ е еден правен субјект кој никогаш не бил стар или нов, туку едно друштво, во кое со приватизацијата е само сменет сопственикот, а потоа и името, но побарувањата и долговите не зависат од промена на сопствениците и ребрендирањето на компанијата. Како ли ЕВН купи акции и стана сопственик на акции на компанија која не постои? Ако со промена на сопственикот или име се одбегнуваат долговите, тоа би било лесен рецепт патентиран од големиот инвеститор ЕВН. Доколу ЕВН тврди дека ЕЛЕМ објавил погрешен Биланс, зошто истовремено со своето тврдење не го објави точниот биланс на компанијата што ја купил? Само за потсетување, судот, преку вештаци ги утврди точните биланси и утврди дека ЕВН имал побарувања од 13 милијарди денари (што е повеќе од цената што ја платил за купување на 90% акции на АД ЕСМ) и долг кон АД ЕЛЕМ од 6,5 милијарди денари. Токму членот 7 од Анекс договорот е изваден од контекст од страна на ЕВН, затоа што како што и судот утврди, со Анкес договорот не можело да дојде до отстапување на побарувањата од страна на ЕЛЕМ кон ЕВН во случај кога непостои прецизна Спецификација на побарувања, верифицирана и потпишана од двете страни. На крајот, му благодариме на ЕВН Македонија АД што конечно призна дека речиси еден месец води невидена кампања на притисок без факти, објавувајќи дека дури сега ќе почнел да ги објавува фактите и тоа постепено. Зошто не ги објавува одеднаш? Најверојатно, за да имаат време да смислат уште некоја нова варијанта на објаснување на случајот, како што беше на судот каде најпрвин тврдеа дека долгот не е стасан и тужбата е преуранета, па потоа дека долг непостои, за на крај преку соопштение да лиферуваат теза дека долгот бил затворен! Почитувани колеги од ЕВН, каде и како во светот се затвораат долгови без претходно истите да да се платат во целост? |
||
| 2009-04-22 | ||
| ИНФОРМАЦИЈА ВО ВРСКА СО СУДСКИОТ СПОР ПО ТУЖБАТА НА АД ЕЛЕМ |
||
| Во врска со вчерашното Соопштение објавено во медиумите од страна на АД ЕВН Македонија-Скопје за текот на постапката по судскиот спор по тужбата на АД ЕЛЕМ-Скопје за долг во износ од скоро 6 милијарди денари (околу 96 милиони евра), а во функција на вистинско информирање на македонската јавност, АД ЕЛЕМ се чувствува должен и одговорен да го истакне следното:
При поделбата на старото АД ЕСМ на две компании, АД ЕЛЕМ и АД ЕСМ, направен е Договор за делбен биланс помеѓу двете компании со пресек на 31 август 2005 година за побарувањата кои старото АД ЕСМ го имало на тој датум по основ на произведена и продадена електрична енергија. Според овој договор вкупните побарувања на тој датум изнесувале нешто над 13 милијарди денари (околу 220 милиони евра). Со посебен Анекс на овој Договор утврден е и начинот на наплата на овие побарувања од должниците, при што 50% од овие средства да ги задржува АД ЕСМ на име на наплата на испорачаната и фактурирана електрична енергија, додека останатите 50% редовно да се уплаќаат кон АД ЕЛЕМ како резултат на производство на таа електрична енергија. Со овој Анекс на Договор, АД ЕСМ прифаќа долг кон АД ЕЛЕМ во износ од 6,5 милијарди денари. Овој долг е утврден и од страна на Консултантот за приватизација Мајнл Капитал Адвајзорс и потврден од страна на тогашното Министерество за Економија како наплатлив долг кој АД ЕСМ го има кон АД ЕЛЕМ. Како таков тој станува дел од документацијата доставена до сите потенцијални кандидати за приватизација на АД ЕСМ – соодветно и на АД ЕВН АГ од Австрија. Со самото купување на АД ЕСМ, по автоматизам овој долг кој го имаше АД ЕСМ кон АД ЕЛЕМ станува долг и обврска на неговиот купувач, АД ЕВН АГ, Австрија, односно на новоформираната компанија АД ЕСМ ЕВН кон АД ЕЛЕМ. Со доаѓањето на сегашниот менаџерски тим на АД ЕЛЕМ во октомври 2006 година, покрената е инцијатива за формирање на заедничка Комисија помеѓу АД ЕСМ ЕВН и АД ЕЛЕМ за реализација на овие побарувања. И покрај сите напори од страна на АД ЕЛЕМ, оваа комисија не успеа да ги разреши несогласувањата и АД ЕСМ ЕВН заклучно со јули 2008 година му префрли само 8,9% од вкупната сума на долгот од околу 6,5 милијарди денари (околу 9 милиони евра од вкупниот долг од 96 милиони евра). Врз основа на ова како и врз основа на ревизијата на работењето на АД ЕЛЕМ направена од страна на Државниот завод за ревизија, АД ЕЛЕМ доби насоки за итно преземање на мерки вклучувајќи и судска наплата на преостанатиот долг кој АД ЕСМ ЕВН го има кон АД ЕЛЕМ за заштита на државниот капитал во компанијата. Бидејќи овој долг не беше регулиран по нормален пат до истекот на законскиот рок од 3 години, кој важи за решавање на облигациони односи помеѓу два правни субјекта во Македонија, а врз основа на важечката правна регулатива во Македонија, АД ЕЛЕМ во месец јули 2008 година го тужи АД ЕСМ ЕВН (сега АД ЕВН Македонија) со цел по судски пат да ги наплати преостанатите долгови кои АД ЕСМ ги имаше кон АД ЕЛЕМ и на тој начин да го заштити државниот капитал на Македонија. Вистинските факти се дека АД ЕВН АГ Австрија го купи АД ЕСМ Македонија не со долгови туку со побарувања од вкупно 13 милијарди денари (околу 220 милиони евра). Интересно е да се напомене дека цената која АД ЕВН АГ Австрија ја плати за купување на 90% од акциите на АД ЕСМ Македонија беше 225 милиони евра или речиси идентична со моменталните побарувања кои ги имаше АД ЕСМ во моментот кога истата беше купена од страна на АД ЕВН АГ Австрија. Заради тоа, тезата која ја пласира АД ЕВН Македонија дека ако некој знаел дека се толкави побарувањата на компанијата што ја купува никогаш нема да ја купел се апсолутно погрешни, тенденциозни и во целост ја искривуваат вистинската ситуација. Во текот на вчерашниот ден беше одржано завршното рочиште на овој речиси едногодишен судски спор, во кој според сите доставени доказни материјали од двете страни, судот одлучи во целосна корист на АД ЕЛЕМ, односно во корист на државата Република Македонија. Јавноста треба да знае дека во целокупниот тек на судската постапка АД ЕВН Македонија не му дозволи на судот преку вештото лице да го утврди точно наплатениот износ на побарувањата, со што уште повеќе се засили неофицијалната теза дека АД ЕВН Македонија всушност ги има наплатено овие средства, но никогаш не ги префрлила кон АД ЕЛЕМ, односно не го отплатила долгот за произведена и фактурирана електрична енегија во износ од речеси 6,5 милијарди денари (околу 96 милиони евра) кој го презела со самиот чин на купување на АД ЕСМ во 2006 година.На крај уште еднаш АД ЕЛЕМ сака да нагласи дека овој правен спор се води помеѓу два домицилни правни субјекти и под полна правна јурисдикција на македонските судови и македонското право. Пресудата го обврзува АД ЕВН Македонија да го плати целокупниот преостанат долг заедно со каматите за задоцнето плаќање кон АД ЕЛЕМ, односно кон граѓаните на Република Македонија, врз основа на валиден писмен облигациски договор во кој тој долг е утврден. Во ниту еден момент во овој правен спор не се јавува Владата на Република Македонија како странка. Правниот спор се води помеѓу АД ЕВН Македонија и АД ЕЛЕМ, валидно регистрирани македонски правни лица. Самиот спор е во доменот на облигационо-правни односи, а најмалку за било какви политички релации како што се прави обид да се алудира со Соопштението издадено вчера од страна на АД ЕВН Македонија. Обидите да се дефокусира процесот и од чисто трговски односи да се прикажат за политички мотивирани целосно ги отфрламе и ги оценуваме како своевиден притисок врз Владата и врз работата на независните судски органи во земјава. |
||
| 2009-04-01 | ||
| Соопштение за јавност |
||
| Денеска(01.04.2009), околу 11 часот во рудникот „Суводол“ на одлагалиштето на Нулти БТО систем, се случил мал одрон од околу 1-2 метри кубни земја која притиснала еден работник кон градежна машина, која во моментот не била во функција. Притоа работникот се здобил со тешки телесни повреди. Од страна на медицинска екипа е направен обид за реанимација, но била констатирана смрт.
Станува збор за работник на фирмата „Бетон-ком“ –Битола , која врз основа на договор извршува работи во Подружница РЕК „Битола“. Во моментот,на местото на настанот се излезени надлежните истражни органи, како и претставници на РЕК „Битола“, а во тек е увид со цел да се утврдат причините за оваа несреќа при работа. |
||
| 2009-03-30 | ||
| Рокот за доставување понуди по меѓународен јавен повик Бр.01-1/2008 за Финансирање, изградба и работно користење на Комбинираната Гасна Електрана “Енергетика”, како партнер во заедничко вложување со АД “ЕЛЕМ” се продолжува до 20 Мај 2009 година. |
||
| ИЗВЕСТУВАЊЕ БР.2
ЗА УЧЕСНИЦИТЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ЈАВЕН ПОВИК БР. 01-1/2008, ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА КРАЈНИОТ РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИ По барање на учесник во Тендерската Постапка и во согласност со параграф 17.3, Книга 1 – Инструкции за Понудувачи од Тендерската Документација за Меѓународниот Јавен Повик бр. 01-1/2008, Ве информираме дека крајниот рок за поднесување на понуди за избор на најдобар понудувач за финансирање, изградба и работно користење на Когенеративната Електрана Енергетика, како партнер во Заедничко Вложување со АД “ЕЛЕМ“ е продолжен до 20ти Мај 2009 година. Ние искрено се надеваме дека продолжувањето на рокот за поднесување на понуди ќе им даде шанса на сите потенцијални понудувачи да ги подготват своите понуди на посуштински и конкурентски начин. СКОПЈЕ 27.03.2009 АД “Електрани на Македонија” |
||
| 2009-03-18 | ||
| АД ЕЛЕМ со инвестиција од преку 2 милиони евра - Инвестицијата ќе биде имплементирана од германски „Сименс“ |
||
| АД „Електрани на Македонија“ ќе инвестира 2,2 милиони евра сопствени средства за имплементација на управувачки Диспечерски центар (SCADA) кој ќе обезбеди прецизно планирање и регулација на постојните термо и хидроелектрани при производството на електрична енергија.
Врвната технологија што ќе ги поврзе капацитети за производство на електрична енергија ќе биде лоцирана во Дирекцијата на АД „Електрани на Македонија“ во Скопје, а хардверските и софтверските решенија ќе ги обезбеди и имплементира реномираната германска компанија „Сименс“ чија понуда беше избрана за најповолна на меѓународниот јавен повик со претквалификациска фаза што беше распишан минатата година. „Со реализацијата на овој проект вложуваме во нашата професионална опрема и во кадри, но истовремено и во модернизација и подобрување на перформансите на компанијата која претставува важен чинител во енергетскиот систем на Република Македонија. Целта е единствена – да се обезбеди непречено и квалитетно производство на електрична енергија“ - вели д-р Влатко Чингоски, генерален директор на АД ЕЛЕМ. Според договорот потпишан помеѓу АД ЕЛЕМ и „Сименс“, германската компанија ќе треба да ја инсталира новата опремa и пушти во употреба до крајот на годинава. За потребите на Диспечерскиот центар, АД ЕЛЕМ веќе обучува кадри кои ќе бидат подготвени соодветно да одговорат на работниот процес . |
||
| 2009-02-27 | ||
| Избрани шест компании за набавка на електрична енергија во посебни услови |
||
| Комисијата за јавни набавки при АД ЕЛЕМ, избра шест компании пријавени на распишаниот Меѓународен јавен повик бр. 01-2/2008 со кои ќе заклучува рамковни договори за набавка на електрична енергија. Запазувајќи ги принципите за транспарентност и недискриминторна политика кон лиценираните компании -трговци со електрична енергија, избрани се понудувачите: Vivid Power ( Бугарија), Rudnap (Србија), GEN-I (Словенија), ABS-Power( Србија), Korlea Invest(Словачка) и EFT (Швајцарија).
Овие евентуални набавки на електрична енергија се однесуваат за непредвиливи случаи како што се непредвидливи промени во конзумот на електрична енергија, како и непланирани технички испади во домашните електро-енергетски капацитети. Доколку нема потреба за ваква набавка, АД ЕЛЕМ нема да биде обврзано со договорите да увезува дополнителни количини електрична енергија. Со склучување на договорите АД ЕЛЕМ обезбеди платформа за транспарентна набавка на електрична енергија, како и сигурно и доверливо снабдување со електрична енергија за тарифните потрошувачи. |
||
| 2009-02-11 | ||
| АД ЕЛЕМ го награди најдобриот студент на ФЕИТ |
||
| Факултетот за електротехника и информациски технологии(ФЕИТ) свечено ги врачи дипломите на првите магистри и дипломирани инженери на ЕКТС – програмата. „Вие сте генерација која ќе стане интелектуална елита и носител на развојот на нашата земја, регионот, Европа и светот. Имате можност да се вклопите во брзиот и технолошки се понапреден свет и да станете онаа сила која помага, која гради и која го движи светот напред –им се обрати д-р Вангел Фуштиќ, деканот на ЕТФ, на дипломците.
Претставникот од инженерската институција на Македонија, г.Александар Димитриевски, ги поздрави најдобрите студенти и во нејзино име им додели признанија – инженерски прстен. Овие признанија претставуваат не само личен поттик, туку и можност за вклучување во современиот инженерски подмладок. АД ЕЛЕМ и оваа година во рамките на програмата за високо образование финансиски ги поддржа студиите на ФЕИТ и за најдобриот студент Дарко Митровски на смерот Електро-енергетски системи(ЕЕС) обезбеди пригоден дар – лаптоп. Подарокот го врачи д-р Влатко Чингоски, генерален директор на АД ЕЛЕМ. Д-р Чингоски му го честита успехот на Митровски и му посака добро здравје и напредок во кариерата. -Вакви кадри и се потребни на Република Македонија. Со постојана надградба на вашето знаење, ќе бидете една од важните алки за зајакнување на електро-енергетскиот сектор во Македонија- нагласи д-р Чингоски. Образованието е најголемиот капитал во секоја држава, смета менаџерскиот тим на АД ЕЛЕМ, бидејќи претставува основен двигател на економскиот развој. Енергетскиот сектор можеме да го развиваме само преку создавање на стручен кадар кој ќе одговара на потребите на развиениот свет кој секојдневно оди напред. |
||
| 2008-12-30 | ||
| Соопштение во врска со набавката на електрична енергија за периодот јануари-април 2009 година |
||
| Врз основа на усвоениот Енергетски биланс на Република Македонија за 2009 година, АД ЕЛЕМ во државна сопственост согласно членот 69 од Законот за енергетика, ги дефинира потребите за набавка на електрична енергија, за периодот јануари-април 2009 година.
Според извршената евалуција од страна на стручна комисија во АД ЕЛЕМ, врз основа на понудите доставени на меѓународниот јавен повик за набавка на електрична енергија за најповолни понудувачи се избрани словенечката фирма „ГЕНИ-И“, и ЕФТ А.Г. - Швајцарија. Согласно потребите на тарифните потрошувачи, од понудувачот ЕФТ –Швајцарија ќе бидат преземени 194.773 MWh за периодот јануари-март 2009 година(183.685МWh дневна, 11.088 МWh ноќна количина на ЕЕ) по просечна цена од 72.40 евра за MWh. Од понудувачот „ГЕН-И“ ќе биде извршена набавка на 23.033 MWh за јануари 2009 година( 21.080 MWh дневна количина на енергија, 1,695 MWh ноќна количина ЕЕ) по просечна цена од 74. 43 евра за MWh. Согласно утврдениот Енергетски биланс за наредната година и проектираните потреби, АД ЕЛЕМ во април нема да увезува електрична енергија. Набавката на електрична енергија ќе се реализира со платени прекугранични капацитети што значи дека трошоците за пренос на електричната енергија од надворешните енергетски системи се вклучени во цената за понудената електрична енергија. |
||
| 2008-12-21 | ||
| АД ЕЛЕМ во 2009 година ќе инвестира над 2,7 милиони евра сопствени средства за реконструкција на турбоагрегатите во „ЕНЕРГЕТИКА“ |
||
| АД „Електрани на Македонија“ во државна сопственост ќе инвестира над 2,7 милиони евра сопствени средства за целосна реконструкција и модернизација на два турбоагрегати во својот производствен капацитет „Енергетика“, лоциран кај скопската населба Железарница. АД ЕЛЕМ успешно ја финализира тендерската постапка за избор на изведувач на работите и овој значаен проект и го додели на хрватската компанија „Алстом“ од Карловац, избрана како најдоброрангирана на меѓународниот јавен повик.
Предмет на инвестицијата е модернизација на старите турбини произведени во периодот од 1964 до 1966 година кои со години не беа во функција и кои после реализацијата на проектот ќе работат во когенеративен режим и комбинирано ќе произведуваат електрична и топлинска енергија. Со реализацијата на проектот, АД ЕЛЕМ дополнително ќе добие на располагање приближно 30 MW нова инсталирана моќност за потребите на електро-енергетскиот систем на Република Македонија. Подружницата „Енергетика“ се предвидува да произведува годишно до 160 GWh електрична енергија, со едновремена можност за производство до 200 GWh топлинска енергија. Како погонско гориво ќе се користи природниот гас кој досега на истата локација се користеше само за производство на топлинска енергија. Оваа инвестицијата се очекува значително да ги намали трошоците за производство на топлинска енергија, а истовремено да ја зголеми ефикасноста на агрегатите при производството на електрична енергија. „Алстом“, согласно договорот ќе треба да ја заврши планираната реконструкција пред почетокот на наредната грејна сезона, односно најдоцна до средината на октомври 2009 година, кога двата турбоагрегати ќе бидат на располагање на АД ЕЛЕМ, подготвени да испорачуваат електрична енергија за потребите на електро-енергетскиот систем на Република Македонија и топлинска енергија за потребите на локалниот топлификациски систем на АД ЕЛЕМ. |
||
| 2008-12-16 | ||
| Соопштение во врска со објавениот Меѓународен јавен повик со претквалификација за набавка на електрична енергија за 2009 година |
||
| Поради обезбедување на целосна доверливост и сигурност на електроенергетскиот систем на Република Македонија, АД „Електрани на Македонија“ распиша јавен повик со претквалификација за набавка на електрична енергија за 2009 година, притоа запазувајќи ги принципите за транспарентност и недискриминторна политика кон лиценираните компании -трговци со електрична енергија.
Овие евентуални набавки на електрична енергија се однесуваат за интервентни односно непредвиливи случаи како што се непредвидливи промени во конзумот на електрична енергија како и непланирани технички испади во домашните електро-енергетски капацитети. Доколку нема потреба за интервентна набавка, АД ЕЛЕМ нема да биде обврзано со овие договори да увезува дополнителни количини електрична енергија. Со склучување на договорите преку отворениот јавен повик, АД ЕЛЕМ ќе обезбеди платформа за транспарентна набавка на електрична енергија, како и сигурно и доверливо снабдување со електрична енергија за тарифните потрошувачи. |
||
| 2008-12-09 | ||
| Утре јавно отворање на понудите врз основа на Отворениот повик за набавка на електрична енергија за јануари-април 2009 година |
||
| Со цел транспарентна и отворена постапка при набавка на ЕЕ, утре (10.12.2008г) во 10 часот, во просториите на АД ЕЛЕМ ќе биде одржано јавно отворање на понудите врз основа на Отворениот повик за набавка на електрична енергија за периодот јануари-април 2009 година.
Во стандардната процедура, учество ќе земе Тендерскaта комисија при АД ЕЛЕМ. |
||
| 2008-07-04 | ||
| РЕК "Битола" и руската компанија "Енергомашиноградба" потпишаа спогодба за соработка |
||
| Рударско-енергетскиот комбинат "Битола" и руската компанија "Енергомашиноградба" денеска во Москва потпишаа спогодба за соработка со која се предвидува заедничка реализација на програмата за долгорочен развој на битолскиот рударско-енергетски комбинат.
Стратегискиот документ го потпишаа директорот на РЕК "Битола" г-дин Зоран Коњановски, директорот на термоелектраната "Битола" г-дин Боро Рутевски и генералниот директор на руската компанија што ја произведува опремата за РЕК, г-дин Борис Васиљев, во присуство на амбасадорот на Република Македонија во Руската Федерација, г-дин Златко Лечевски. Договорот предвидува доследно спроведување на мерки за обезбедување трајна и ефикасна работа на енергетските блокови на термоелектраните за периодот до 2025 година и готовност на руската компанија за енергомашиноградба да обезбеди секаква техничка и финансиска подршка и помош за реализација на таа задача. Соработката меѓу двете компании, која е традиционална, треба да се темели врз современите технички решенија и модернизација на енергетските блокови на термоелектраните "Битола" што ќе биде во функција за подобрување на нејзините техничко-економски карактеристики на работа. |
||
| 2008-06-24 | ||
| Заврши редовниот годишен ремонт, РЕК "Осломеј" вклучен во електроенергетскиот систем |
||
| По завршените годишни ремонтни активности, ТЕ "Осломеј" од прексиноќа во 20 часот повторно е вклучена и синхронизирана во електроенергетскиот систем на Република Македонија.
Термоелектраната со инсталирана моќност од 125 MW продолжи да произведува електрична енергија според потребите на системот и согласно енергетскиот Биланс за годинава.
Пред влeгувањето во редовен ремонт на 25 април, РЕК "Осломеј" произведе околу 250 GW/h електрична енергија или 10,3 % повеќе од планираното производство заклучно со првите четири месеци од годинава. Оваа термоелектрана, досега на македонскиот електро-енергетски систем му испорача околу 42% од планираното годишно производство, а заклучно со декември треба да произведе уште 350GW/h, што претстав ува околу 10% од вкупното проектирано домашно производство за 2008 година. |
||
| 2008-06-18 | ||
| Свечено пуштен во употреба транспортер |
||
| Генералниот директор на АД ЕЛЕМ д-р Влатко Чингоски и директорот на РЕК "Битола" Зоран Коњановски, денеска во рудникот Суводол го пуштија во функција самоодниот транспортер "Бандваген 1800", постројка тешка 670 тони вредна 5,4 милиони евра. - Со помош на оваа машина очекуваме од почетокот на идната година да профункционира рудникот Брод-Гнеотино и да го даде планираниот јаглен за електраните "Битола" односно да се овозможи непречена работа на сите три блока, истакна Чингоски на свеченоста во Суводол. Чингоски најави модернизација на трите блока во РЕК "Битола" со цел за нивно поекономично искористување. - Целокупното производство на електраните во Македонија се одвива со предвидената динамика и повеќе од 45 отсто од потребите, односно од преземената одговорност кон државата се веќе реализирани. Заклучно со 15 јуни произведени се повеќе од 2,6 милијарди киловатчасови електрична енергија, потенцираше д-р Чингоски. Како следен приоритет, тој го посочи донесувањето на новиот Закон за енергетика. Монтажата на "Бандваген" транспортерот почна на први ноември минатата година под надзор на производителот на опремата "Thyssen-Krupp". - Транспортерот го монтираа работниците на РЕК "Битола" и неколку фирми подизведувачи - "Факом", "Каскада" и "Карго-инспект", со што беа заштедени 500.000 евра-истакна директорот на РЕК Битола, Зоран Коњановски. Во првите пет месеци од оваа година во РЕК "Битола" зголемено е производството на јаглен во однос на минатата година за 300.000 тони, со што е овозможена заштеда во износ од 10 милиони евра. Во овој период е зголемено и производството на електрична енергија за 30.000 мегаватчасови. ФАКТИ ЗА БАНДВАГЕН БРС 1800/31 Бандвагенот BRs 1800/37 + 39x16,5 претставува самооден транспортер со независни стрели наменет за прием на јаловина, јаглен или било кој друг материјал, и негов континуиран транспорт од приемен транспортер (Т1) на истоварен транспортер (Т2) и истовар на материјалот на системските транспортери со гумени ленти. Технички карактеристики: Ознака BRs 1800/37 + 39x16,5 B……...................самооден транспортер R……...................механизам за транспорт со гасеници s……....................вртлива горна конструкција 1800(мм).............ширина на транспортната гумена лента 37(м)....................должина на приемниот транспортер 39(м)....................должина на истоварниот транспортер 16,5(м).................максимална висина на подигање на истоварната стрела • Брзина на транспорт на постројката 6 (м/мин) • Двете стрели се подигаат со хидраулични цилиндри независно една од друга • Можност за независно вртење на двете стрели • Максимален капацитет 5500 (м3/час) • Брзина на движење на транспортните ленти 5,2 (м/сек) • Вкупна тежина на постројката 670 тона • Цена на изработка без монтажа - 5,4 милиони евра Производител на опремата е фирмата Thyssen Krupp од Германија Продизведувачи: - За челични конструкции: ФАКОМ-Скопје, ФОД-Битола, ДАММОНТ-Београд - За преносна опрема: КРУП, ФЛЕНДЕР, АББ, СИМЕНС Монтажата на бандвагенот почна на 01 ноември 2007 година на монтажното плато на РЕК "Битола", која се реализираше исклучиво од страна на стручни лица и работници од Комбинатот и работна сила од надворешни изведувачи кои со важечки договори се вклучени во одржување на технолошкиот процес во РЕК "Битола". Супервизијата на монтажата, како обврска од договорот, беше од страна на производителот на опремата Thyssen-Krupp. За запазување на законските норми за монтажа на ваков вид на рударска машина е ангажирана независната надворешна институција КАРГО-ИНСПЕКТ од Скопје со обврска за испитување и контрола на заварените споеви, челичната конструкција и антикорозивната заштита. Во наредниот период следи транспорт на постројката до местото на употреба каде се очекува да пристигне до почетокот на следниот месец. Пробната работа на постројката, што исто така е обврска од договорот, ќе почне во јули со едносменско работење, а ќе заврши после 192 работни часа со работа во три смени. Доколку во овој пробен период постројката го задоволи бараниот капацитет, таа се предава на инвеститорот за нејзина континуирана употреба , и од тој период почнува да тече гарантниот период. Во досегашната практика на РЕК "Битола" монтажата на разновидната опрема ја изведувале реномирани монтажерски фирми. Овојпат, со поддршка од раководството на АД ЕЛЕМ и РЕК-Битола одговорноста за монтажата ја презеде тимот од проверени, искусни и квалитетни стручни кадри од Комбинатот на чело со Наум Ќушковски, Роберт Зинзовски и Стојан Ристевски, кои квалитетно, стручно и навремено ја заврши монтажата на транспортерот. |
||
| 2008-02-26 | ||
| ЕЛЕМ ДОНИРА СРЕДСТВА ЗА НАЈДОБРИТЕ СТУДЕНТИ НА ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИОТ И НА МАШИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ |
||
| ЕЛЕМ и оваа година во рамките на Програмата за високо образование финансиски ги поддржа студиите на Машинскиот и на Електротехничкиот факултет со намера кај идните студенти да поттикне интерес за студирање како и да ја поттикне образовната надградба на креативни и надарени кадри. Средствата во висина од 60.000 денари ќе ги добијат најдобрите студенти на Електро-техничкиот и на Машинскиот факултет.
Сметаме дека Република Македонија има огромен потенцијал и предуслови на своите универзитети да создаде кадар кој ќе ги забрза активностите на полето на раздвижувањето на државата. Идните машински и електроинженери се потенцијалните менаџери на нашата Компанија, подготвени за сите работни предизвици кои се дел од функционирањето на АД ЕЛЕМ.
Менаџерскиот тим на АД ЕЛЕМ е свесен дека светските професионални трендови може да се следат само преку создавање на образован кадар кој ќе одговара на потребите на модерниот свет кој секојдневно граби кон нови достигнувања. Главната цел на ЕЛЕМ е да помогне во развојот на техничките и културните способности на младите електро и машински инженери и да ги поттикне успешно да ги совладаат идните образовни предизвици.
Оваа поддршка на вакви или слични иницијативи ќе продолжи и во иднина. |
||
| 2008-02-25 | ||
| Доставени 13 понуди за набавка на јаглен за ТЕ "Битола" и ТЕ "Осломеј" |
||
| На јавниот меѓународен повик 06/2008 за набавка на 200.000 тони јаглен за потребите на ТЕ "Осломеј" и 400.000 тони за потребите на ТЕ "Битола" доставени се 13 понуди. На повикот учествуваа фирми од Македонија, Косово, Србија, Словенија и САД.
Комисијата за јавни набавки при АД ЕЛЕМ ќе пристапи кон разгледување и евалуација на понудите. Воедно, компанијата го задржува правото набавката да ја додели на повеќе фирми- понудувачи. Согласно правилата на јавниот повик, 90 бодови носи понудената цена по тон јаглен, додека со 10 бодови се оценува начинот на плаќање понуден страна на фирмите учеснички на отворениот повик. |
||
| 2008-02-19 | ||
| Информација за јавноста |
||
| И покрај намалените дотоци на вода во акумулациите од 37%, вкупното производство од капацитетите на АД ЕЛЕМ е помало за 4,6% од предвиденото, согласно електро- енергетскиот Биланс за 2008 година. АД ЕЛЕМ и понатаму ќе продолжи да произведува електрична енергија за потребите на домашниот електро-енергетски систем со максимално ангажирање на своите производни капацитети во рамките на можностите. АД ЕЛЕМ е во секојдневна редовна коресподенција со АД МЕПСО и заеднички работат на одржување стабилен електро-енергетски систем . |
||
| 2008-02-13 | ||
| Експертски тим на АД ЕЛЕМ врши анализи на природните дотоци во акумулациите |
||
| Согласно Барањето од страна на АД МЕПСО за можно ревидирање на електро-енергетскиот биланс, експертски тим од АД ЕЛЕМ врши анализи на природните дотоци во акумулациите поради евентуално ревидирање на годишниот план за производство од постојните хидроелектрани. Веднаш штом бидат изготвени, истите ќе бидат испратени до операторот на електро-енергетскиот систем АД МЕПСО. |
||
| 2007-12-10 | ||
| Реката Темница тече по своето ново корито, рудникот "Осломеј" подготвен за експлоатација |
||
| Новото речно корито на река Темница е долго 2.000 метри од кои 300 метри се во усек, 240 метри на самоникло тло, а на останатите 1.460 метри речното корито е изградено на насипи од кои најголемиот насип е во должина од 400 метри и висина од 25 метри, а на самото речно корито изградени се 7 каскади.... |
||
| 2007-11-21 | ||
| д-р Влатко Чингоски, Генерален директор на ЕЛЕМ за "БИЗНИС" : |
||
| Неодамна најавивте дека државните електроцентрали ќе можат да ја продаваат електричната енергија на фирми, фабрики на слободниот пазар, но и да извозуваат, што предизвика лавина реакции...
"Електрани на Македонија" и досега произведуваа и продаваа електрична енергија од домашните енергетски рес... |
||
| 2007-11-05 | ||
| Почна експлоатацијата на јагленокопот Брод-Гнеотино |
||
| Со ископот на првите количества на јаловина и ставање во функција на роторниот багер "СРС 2000", вчера и официјално почна да работи новиот површински коп на јаглен Брод-Гнеотино, кој ќе го продолжи животниот век на РЕК "Битола" до 2025 година...
"Електрани на Македонија" и досега произведуваа и продаваа електрична енергија од домашните енергетски рес… |
||
| 2007-09-18 | ||
| РЕК "Битола" со максимална моќност од 20 октомври |
||
| Една од заложбите на менаџерските тимови на АД ЕЛЕМ и на РЕК "Битола" е малите дефекти во системот да ги локализираат и да ги отстранат во најкус можен рок. Во 2004 година не беше извршен ремонт на првиот блок, во 2005 немаше ремонт на третиот, а лани не се ремонтирал ниту еден блок во комбинатот, ... |
||
| 2007-08-29 | ||
| Заврши првата фаза од меѓународниот тендер за услуги за осигурување на АД ЕЛЕМ |
||
| Заврши првата фаза од ограничениот Меѓународен јавен повик за услуги на осигурување според кој треба да биде избрано осигурително друштво кое ќе дава услуги на осигурување на имотот на АД ЕЛЕМ, во периодот од 01.01.2008 година до 31.12.2010 година… |
||
| 2007-07-31 | ||
| По три децении ископ во рудникот Суводол роторниот багер Срс-2000/1 оди во ремонт, а потоа се сели на копот Брод-Гнеотино |
||
| Багерот Срс 2000/1, денеска од рудникот Суводол замина на монтажно-ремонтно плато, каде во наредните два и пол месеци на врз него ќе биде извршена потребната ревитализација.... |
||
| 2007-07-26 | ||
| Натрфлено производството од термоелектраните за првото полугодие од 2007 година |
||
| РЕК "Битола" произведе 5 % отсто повеќе електрична енергија од ревидираниот и зголемен план за производство за првата половина од годинава. |
||
| 2007-07-17 | ||
| Вклучен и третиот блок на РЕК "Битола" |
||
| Експертски тим на АД ЕЛЕМ го вклучи третиот блок на РЕК Битола во електроенергетскиот систем. |
||
| 2007-07-02 | ||
| Зоран Коњановски именуван за директор на подружница РЕК "Битола" |
||
| Со одлука на Управниот одбор на АД ЕЛЕM денеска, за директор на подружницата РЕK "Битола" е именуван Зоран Коњановски , дипломиран машински инженер. |
||
| 2007-06-25 | ||
| ЕЛЕМ иницира формирање на Здружение за електроиндустрија |
||
| Формирање на здружение за електроиндустрија во рамки на Сојузот на стопански комори беше тема на иницијативниот состанок кој го одржаа неколку членки на ССК. |
||
| 09-02-11 | ||
| АД ЕЛЕМ го награди најдобриот студент на ФЕИТ |
||
| Факултетот за електротехника и информациски технологии(ФЕИТ) свечено ги врачи дипломите на првите магистри и дипломирани инженери на ЕКТС – програмата. „Вие сте генерација која ќе стане интелектуална елита и носител на развојот на нашата земја, регионот, Европа и светот. Имате можност да се вклопите во брзиот и технолошки се понапреден свет и да станете онаа сила која помага, која гради и која го движи светот напред –им се обрати д-р Вангел Фуштиќ, деканот на ЕТФ, на дипломците.
Претставникот од инженерската институција на Македонија, г.Александар Димитриевски, ги поздрави најдобрите студенти и во нејзино име им додели признанија – инженерски прстен. Овие признанија претставуваат не само личен поттик, туку и можност за вклучување во современиот инженерски подмладок. АД ЕЛЕМ и оваа година во рамките на програмата за високо образование финансиски ги поддржа студиите на ФЕИТ и за најдобриот студент Дарко Митровски на смерот Електро-енергетски системи(ЕЕС) обезбеди пригоден дар – лаптоп. Подарокот го врачи д-р Влатко Чингоски, генерален директор на АД ЕЛЕМ. Д-р Чингоски му го честита успехот на Митровски и му посака добро здравје и напредок во кариерата. -Вакви кадри и се потребни на Република Македонија. Со постојана надградба на вашето знаење, ќе бидете една од важните алки за зајакнување на електро-енергетскиот сектор во Македонија- истакна д-р Чингоски, при врачувањето на подарокот. Образованието е најголемиот капитал во секоја држава, смета менаџерскиот тим на АД ЕЛЕМ, бидејќи претставува основен двигател на економскиот развој. Енергетскиот сектор можеме да го развиваме само преку создавање на стручен кадар кој ќе одговара на потребите на развиениот свет што секојдневно оди напред. |
||