Затвори
Тендери

Почетна Енергетска ефикасност

Енергетска ефикасност

energy-label-teaser-228267

Примарна дејност на АД ЕЛЕМ е производството на електрична енергија и сите проектите што ги спроведува компанијата се директно насочени кон зголемување на производствените капацитети со цел зголемување на производството на електрична енергија. Енергетската ефикасност е индиректна придобивка бидејќи во сите проекти за зголемување на производствените капацитети на компанијата се зема предвид енергетската ефикасност.

Дел од проектите со чија реализација се зголемила или ќе се зголеми енергетската ефикасност:

Реконструкција на турбоагрегатите во подружница „Енергетика“ - АД ЕЛЕМ ги проширува своите активности на полето на когенеративни постројки, изнаоѓајќи притоа енергетски ефикасни решенија за индустриските потрошувачи. Во 2009 година беше реализиран договорот со изведувачот „АЛСТОМ“ од Хрватска и беа реконструирани и пуштени во употреба два турбоагрегата во подружницата „Енергетика“ во Скопје. 

Модернизација и ревитализација на РЕК “Битола“ - Во 2013 година беше изведен зафатот за модернизација на котелскиот систем во ТЕ „Битола 2“. Со проектот вреден 88,5 милиони евра се направи целосна промена на јагленовиот тракт, доводот на јаглен, доводот на воздух, промена на поголемиот дел од цевниот систем со што се продолжува животниот век на котлите за 120.000 часови и се зголемува нивната енергетска ефикасност.

АД ЕЛЕМ е во фаза на изградба на деловна зграда која ги следи сите пропишани стандарди за енергетска ефикасност.

Контакт

АД "ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА"
11. Октомври 9
1000 Скопје
Република Македонија

e-mail:contact@elem.com.mk

Енергетска мапа

energetska_mapa

За нас

Производство

Животна средина

Инвестирање

Општествена одговорност

Контакт