ПОДРУЖНИЦИ
ДРУШТВА НА АД Електрани на Македонија
- Друштвото за угостителство и туризам „Молика“ ДООЕЛ - Битола, АД ЕЛЕМ - Скопје е основано на 28.3.1996 година;
- Друштвото за угостителство и туризам Попова Шапка ДООЕЛ - Тетово, АД ЕЛЕМ -Скопје е основано на 24.7.1998 година;
- Фабриката за опрема и делови ФОД ДООЕЛ – Новаци, АД ЕЛЕМ – Скопје е основано на 21.4.1997 година;
- Фабриката за одржување, ремонт и транспорт ФОРТ ДООЕЛ – Осломеј, АД ЕЛЕМ – Скопје е основано на 24.10.1996 година;
- ЕЛЕМ ТРЕЈД ДООЕЛ - Скопје, основано на 31.12.2009
- Друштво за снабдување со топлинска енергија ЕЛЕМ ТОПЛИФИКАЦИЈА ДООЕЛ Новаци, основано на 25.4.2009
- Друштво за туризам, угостителство, рекрација и спорт ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје, основано 20.7.2012
Со потпишувањето на Договорот за основање енергетска заедница во Југоисточна Европа и со директивите и регулативите на ЕУ, кои претставуваат основни елементи од правната рамка на Договорот за основање енергетска заедница, се наметна потребата од формирање посебен субјект за трговија со електрична енергија, одвоен од АД ЕЛЕМ-Скопје. За таа цел АД ЕЛЕМ основа ново друштво ЕЛЕМ ТРЕЈД ДООЕЛ Скопје.
Потребата за издвојување на продажбата од производството на АД ЕЛЕМ-Скопје е со цел да се обезбеди поголема заштита на корисниците од постоењето монополска положба, спроведување објективно, транспарентно и недискриминаторско однесување кон сите корисници. Со издвојување на продажбата на електрична енергија, АД ЕЛЕМ-Скопје ќе се посвети на својата основна дејност -производство на електрична енергија, како и остварување средства што ќе овозможат реализација на инвестициони проекти од аспект на надградба и модернизација на постојните електрани, како и изградба на нови енергетски објекти.
Целите и задачите на ЕЛЕМ ТРЕЈД ДООЕЛ Скопје произлегуваат од дефинираната основна дејност и се однесуваат на поуспешно спроведување на обврските поврзани со купопродажбата на електрична енергија, а тоа се:
- Спроведувањето транспарентни и недискриминаторни аукции за продажба на вишоците електрична енергија на регулираниот производител во Р. Македонија;
- Имплементација на нови методи за поуспешна продажба на вишоците на електрична енергија;
- Настап на пазарите на соседните земји и пошироко преку учество на берзи на електрична енергија;
- Купопродажба на електрична енергија со други трговци со електрична енергија во земјава и во странство, продажба на електрична енергија на квалификувани потрошувачи, на операторите на преносниот и дистрибутивниот систем, а во иднина и на снабдувачите;

Електричната енергија е најважен фактор за економски развој на една земја.
Водата е еден од изворите на енергија и претставува најзначаен обновлив енергетски извор во Македонија.
Свесни за неопходноста да ја заштитиме, зачуваме и унапредиме животната средина за сегашните и идните генерации нашата компанија ги презема сите чекори за заштита на животната средина.
Приоритет на АД ЕЛЕМ е правилно и константно да ја спроведува инвестициската политика.
Бидете навремено и точно информирани со сите настани од страна на АД ЕЛЕМ.
Поставете прашање до АД "Електрани на Македонија" 





