Затвори
Тендери

Почетна За нас Корпоративно управување

Корпоративно управување

  • PDF

SEMA_ELEM

Дејан Бошковски, генерален директор
Да се биде на чело на најголемата електроенергетска македонска компанија АД „Електрани на Македонија“ е исклучително силен мотив за себедокажување на целиот менаџерски тим, привилегија, но истовремено и огромна одговорност во насока на зајакнување на иднината на електроенергетскиот систем на Република Македонија. Продолжуваме со имплементацијата на новите проекти за модернизација и ревитализација на постојните производствени капацитети, како и во изргадба на нови електрани кои ќе ја подобрат енергетската слика на Р. Македонија.

Билјана Василева, директор за правни и општи работи
„Секторот за правни и општи работи во рамките на својата надлежност континуирано врши следење и примена на законските, подзаконските и другите прописи, совесно, одговорно и целосно ги спроведува активностите од својот делокруг на работа кои се поврзани со организирање на работата на Органите на Управување и Органите на Надзор, застапување пред судовите и другите државни органи, правилно насочување на човечките ресурси од Компанијата, а со цел да се обезбеди извршување на работите на високо ниво како и постигнување на организационите цели“

Коста Папастеревски, директор за комерцијални работи
„Одделот за купопродажба и мерење електрична енергија континуирано врши организирање и следење на продажбата на електричната енергија произведена од производствените капацитети на АД ЕЛЕМ и набавена од други друштва. Во Одделот за јавни набавки со воведување на новиот начин на планирање на потребните набавки на ниво на АД ЕЛЕМ, строга контрола при реализација на истите и доследна примена на законските и интерните процедури, постигната е рационализација и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделување договори за ЈН. Ваквиот начин на работа придонесува контрола на квалитетот на набавените стоки, услуги и работи, како и значително подобрување во менаџирањето со резервите.“

Славица Бесова, директор за финансиски работи
„Секторот за финансии одговори на поставените задачи кои се во делокругот на неговите надлежности и континуирано се залагаше за остварување подобри резултати во работењето. Редовно следење и почитување на регулативата на Република Македонија, континуирано подобрување на финансиското информирање и негово усогласување со МСС. Секторот за финансии во овој период се залагаше при имплементацијата на новиот систем САП кој претставува интегриран систем на работењето од сите сектори на АД ЕЛЕМ.“

Димитар Танурков, директор за производство на електрична енергија
„Стабилноста и квалитетот на испораката на електрична енергија се главни приоритети во работата на АД ЕЛЕМ. Тоа подразбира ангажман на високопрофесионален кадар, софистицирани системи за планирање, следење и оптимизирање на работата. Менаџирањето со природните богатства за производство на електрична енергија за потребите на граѓаните на Р. Македонија е обврска и за сегашните и за идните генерации.”

Јасна Иванова-Давидовиќ, директор за развој и инвестиции
„Во овој период успешно реализираме голем инвестициски циклус: почна со работа новата хидроелектрана „Св. Петка“, го пуштивме во употреба транспортниот систем за за водено складирање на пепелта во РЕК „Осломеј“, и Главниот транспортен систем за јаглен од површинскиот коп „Брод-Гнеотино“ до површинскиот коп „Суводол“. Во тек се два многу значајни проекта во РЕК „Битола“ - за модернизација и за ревитализација на агрегатите и за модернизација и ревитализација на котлите и намалување на NOx емисиите. Исто така во фаза на реализација е проектот за ревитализација на ХЕ – II фаза, кој е продолжување на првата фаза. Ревитализацијата ги опфаќа хидроелектраните „Вруток“, „Равен“, „Врбен“, „Глобочица“, „Шпилје“ и „Тиквеш“, како и имплементација на информациски бизнис-систем (САП-ЕРП). Се работеше уште и на подготовките за реализација на три многу значајни капитални проекти како за АД ЕЛЕМ, така и за Република Македонија: ХЕЦ „Бошков Мост“, брана „Луково Поле“ и довод на корабски води и паркот на ветерни електрани „Богданци“.

Фатмир Лимани, заменик-генерален директор
„АД ЕЛЕМ постојано ја следи висината на енергетските резерви и се грижи да ги примени најефикасните решенија за нивно оптимализирање. На тоа се должи успешната работа на компанијата. АД ЕЛЕМ е компанија од стратегиско значење за Република Македонија и затоа целосно ја спроведува политиката за квалитет, како дел од определбата за успешно работење. Оттука произлегуваат обврските на компанијата да се профилира како општествено одговорно претпријатие со висока заложба за имплементирање на стандардите во работењето“.

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДРУШТВОТО
Организациските делови на Друштвото се: Дирекцијата и седум подружници кои немаат својство на правно лице. Дирекцијата е со седиште во Скопје, а подружниците се: РЕК Битола – Новаци со седиште во Новаци, РЕК Осломеј – Осломеј со седиште во Осломеј, ХЕС Маврово - Гостивар со седиште во Гостивар, ХЕС Црн Дрим - Струга со седиште во Струга, ХЕС Треска – Скопје со седиште во Скопје, ХЕ Тиквеш – Кавадарци со седиште во Кавадарци и Енергетика – Скопје со седиште во Скопје. Со секоја Подружница раководи директор односно директори, кои ги назначува Управниот одбор, а чии надлежности се утврдени во Статутот и Правилникот за внатрешна организација на Друштвото. Со Правилникот за внатрешна организација поконкретно е уредена внатрешната организација на Друштвото по сектори, служби, одделенија со работни места и опис на работните задачи за секое работно место.

ОСНОВНА ГЛАВНИНА
Основната главнина на Друштвото изнесува 31.738.878.000 денари или 517.818.006 еур според среден курс на Народна банка на Република Македонија. Основната главнина на Друштвото е поделена на 31.738.878 обични акции со номинална вредност од 1.000 денари.

ВРАБОТЕНИ И КВАЛИФИКАЦИСКА СТРУКТУРА НА ВРАБОТЕНИТЕ
Во АД ЕЛЕМ-Скопје, со состојба на 31.12.2011 година има 4.023 работници, од кои во подружниците РЕК Битола, Новаци-2274, РЕК Осломеј, Осломеј - 732, ХЕЦ Маврово, Гостивар -375, ХЕЦ Глобочица, Струга - 119, ХЕЦ Шпилје, Дебар - 79, ХЕЦ Тиквеш, Кавадарци -81, ХЕЦ Треска, Скопје -101, Енергетика, Скопје - 127 и во Дирекција - 135 работници

Во текот на 2011 година спроведена е постапка за доброволно престанување на работниот однос на работниците во Дирекцијата и во подружниците на АД ЕЛЕМ-Скопје, согласно Колективниот договор на АД ЕЛЕМ, со склучување писмени спогодби за откажување на договорите за вработување на работниците и по овој основ престана работниот однос на вкупно 76 работници. Од вкупниот број на работници, со VIII степен стручна подготовка има 6 работници, со VII/2 - 39 работници, со VII/1 степен - 438, со VI степен - 134, со V степен – 118, со IV степен – 1656, со III степен – 1003, со II степен – 352 и со I степен – 277 работници.

Broj_vraboteni1

Контакт

АД "ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА"
11. Октомври 9
1000 Скопје
Република Македонија

e-mail:contact@elem.com.mk

Енергетска мапа

energetska_mapa

За нас

Производство

Животна средина

Инвестирање

Општествена одговорност

Контакт

seo emeklilik kanunlar coklu pr sorgulama sira bulucu php script encoder coklu pagerank sorgulama toplu pagerank sorgulama google pagerank sorgula pagerank sorgulama google sra bulucu google sra bulucu site analiz