Електричната енергија е најважен фактор за економски развој на една земја, а нашата примарна цел покрај континуираното и стабилно производство на електрична енергија, е и изнаоѓање на нови извори на енергија и подобрување на еколошката свест. Електричната енергија не е дар од Бога, таа е најсофистицираниот извор на енергија. Нашата земја изобилува со разновидни природни богатства и ресурси кои можат да обезбедат доволно енергија за сите наши потреби. Ние ја облагодаруваме природата и ја произведуваме електричната енергија. За нас во АД ЕЛЕМ секоја капка вода и секое парче земја има огромно значење, затоа што знаеме дека таму се крие моќ, таму се крие моќта на енергијата.
АД ЕЛЕМ е столбот на државата без негова стабилност нема подобра и посигурна иднина и затоа не треба да постои одлагање на развојното решение за иднината на нашиот систем. Нашите хидро и термо-капацитети работат постојано и се одржуваат деноноќно.
Ние од своите капацитети обезбедуваме околу 96 отсто од вкупното домашно производство. Од термоелектраните со инсталиран капацитет од 800 МW произведуваме 5.000 GW/h електрична енергија годишно, додека од хидроелектраните со инсталиран капацитет од 530 MW, произведуваме 1.200 GW/h годишно електрична енергија. Само рударско-енергетските комбинати Битола и Осломеј даваат околу 80 отсто, додека хидроелектраните на АД ЕЛЕМ произведуваат околу 16 отсто од вкупната електрична енергија од домашните капацитети.
Од сопствениот енергетски потенцијал на јаглен имаме 7 милиони тони годишно. Оттука, неслучајно АД ЕЛЕМ важи за стратегиски најважна компанија - стожер на македонскиот електроенергетски систем.
НАШИТЕ ЛУЃЕ СЕ НАША МОЌ
МИСИЈА
ПРИРОДА ПРЕТОЧЕНА ВО ЕНЕРГИЈА
Ние не ја создаваме енергијата. Таа е создадена и се наоѓа во природата во најразлични облици. Ние имаме едуцирани и посветени луѓе, технологија и капацитети кои ја преземаат енергијата од природата и ја преобразуваат во облик кој што на сите нас ни е потребен. Благодетите од електричната енергија ги чувствуваме сите преку другите видови енергија: топлинска, светлинска, механичка и звучна.
Ние природата ја преточуваме во енергија. Нашата работа не застанува тука. Ние се грижиме и за природата. Нашите вработени не се грижат само за процесот на производство, туку и за порационално и планско користење на природата и нејзина заштита, одржување и обнова.
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА ПОДОБРА И ПОСИГУРНА ИДНИНА
Свесни за неопходноста да ја заштитиме, зачуваме и унапредиме животната средина за сегашните и идните генерации нашата компанија ги презема сите чекори за заштита на животната средина.
- континуирано следење на количините на штетни гасови и честички кои се емитуваат во воздухот во нашите термоцентрали низ еколошки параметри.
- рекултивација и пошумување на експлоатираните јагленови ископи и неутрализација на отпадните води.
- заштита на флората и фауната од влијанието на хидроакумулациите врз макро и микро климата.
- глобална заштита на луѓето и имотите од поплави како при планирање на нови така и при анализа и експлоатација на постојните хидроакумулации со изработка на соодветни студии и проекти.
ВИЗИЈА
ДА ПРИДОНЕСЕМЕ КОН ИСКОРИСТУВАЊЕ НА СЕКОЈ МЕТАР ПАД И ЛИТАР ВОДА ВО НАШАТА ЗЕМЈА
ЕЛЕМ е стожерот на електроенергетскиот систем, почетна, и главна алка во системот на производство - пренос - дистрибуција. ЕЛЕМ е производителот на енергенс наречен електрична енергија. ЕЛЕМ во моментов на домашниот пазар нуди три основни производи: активна енергија, реактивна енергија и системски услуги. Компанијата инвестира и верува дека производството од домашни ресурси е најисплатливо и долгорочно прифатливо за Македонија.
ЕЛЕМ работи за да им се придружи на современите и технолошки напредни земји во светот и да стане дел од Европската Унија - слободна трговија со струја, согласно директивите на ЕУ, либерализација, зголемување на конкуренцијата и раздвижување на сите учесници во електроенергетскиот сектор. Само така долгорочно може да се обезбедат средства за развој, да се поттикнат инвестициите во енергетиката и да се зајакне економијата во државава.
МОТО
НИКОГАШ НЕ ЗАПИРАМЕ, ПОСТОЈАНО СЕ РАЗВИВАМЕ
Ние се грижиме за континуирана едукација и надградба на нашите вработени преку разновидни обуки, тренинзи и семинари. ЕЛЕМ е работна средина која стимулира и иновативен пристап во работењето, поттикнувајќи ги своите луѓе за разработка на нови, алтернативни начини за поефикасно и поисплатливо искористување на ресурсите.

Електричната енергија е најважен фактор за економски развој на една земја.
Водата е еден од изворите на енергија и претставува најзначаен обновлив енергетски извор во Македонија.
Свесни за неопходноста да ја заштитиме, зачуваме и унапредиме животната средина за сегашните и идните генерации нашата компанија ги презема сите чекори за заштита на животната средина.
Приоритет на АД ЕЛЕМ е правилно и константно да ја спроведува инвестициската политика.
Бидете навремено и точно информирани со сите настани од страна на АД ЕЛЕМ.
Поставете прашање до АД "Електрани на Македонија" 





