Затвори
Тендери

Почетна Настани Известување за направената распределба на средства по Јавниот повик бр. 2/11 за прибирање на апликации за распределба на средства согласно Декларацијата за општествена одговорност на АД ЕЛЕМ – Скопје

Известување за направената распределба на средства по Јавниот повик бр. 2/11 за прибирање на апликации за распределба на средства согласно Декларацијата за општествена одговорност на АД ЕЛЕМ – Скопје

  • PDF

По  Јавниот повик бр. 2/11 за прибирање на апликации за распределба на средства согласно Декларацијата за општествена одговорност на АД ЕЛЕМ – Скопје, до Здружението Конект кое е овластено од страна на АД ЕЛЕМ да го врши администрирањето на повикот,  беа доставени вкупно 327 апликации. Согласно Декларацијата за општествена одговорност на АД ЕЛЕМ – Скопје,  а врз основа на правила и критериуми за доделување средства образложени во Упатството за пријавување на апликации, се изврши селекција на пристигнатите апликации и изготви предлог листа на апликанти на кои ќе се доделат средства. Ваквата предлог листа беше усвоена од страна на Управен Одбор на АД ЕЛЕМ – Скопје со Одлука бр.02-4638/168/5 од 26.09.2011 год. и потврдена од страна на Надзорен Одбор на АД ЕЛЕМ – Скопје со Одлука бр.02-4774/51/6 од  05.10.2011 год.
Вкупно доделени финансиски средства по овој Повик се  18.272.425,00 денари, од кои:
•    Здравство и здравствена заштита = 1.330.000,00 ден.
•    Социјална заштита = 540.570,00 ден.
•    Спорт = 11.888.240,00 ден.
•    Екологија = 380.000,00 ден.
•    Култура и уметност =  2.373.000,00 ден.
•    Образование и наука  = 830.615,00 ден.
•    Развој на граѓанско општество  = 130.000,00 ден.
•    Поддршка на религиозните заедници  = 800.000,00 ден.

Во рамки на Повикот беа доделени и нематеријални средства.

Сите учесници во постапката се поединечно писмено известени за исходот по нивната апликација. Им благодариме на сите апликанти за покажаната доверба кон АД ЕЛЕМ – Скопје.

Со почит,
АД ЕЛЕМ - Скопје


Назад

Контакт

АД "ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА"
11. Октомври 9
1000 Скопје
Република Македонија

e-mail:contact@elem.com.mk

Енергетска мапа

energetska_mapa

За нас

Производство

Животна средина

Инвестирање

Општествена одговорност

Контакт