ПРОДАЖБА НА ВИШОЦИ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
Врз основа на Законот за енергетика (Службен весник бр. 63/06, 36/07, 106/08), член 69, став 4, Акционерското друштво за производство на електрична енергија, Електрани на Македонија во државна сопственост, Скопје како лиценциран регулиран производител го дефинира начинот на продажба на вишоци на електрична моќност и енергија, при тоа задоволувајќи го принципот на спроведување на отворена, транспарентна и недискриминаторна процедура по пазарни услови. АД ЕЛЕМ - Скопје на својата интернет страна ги објавува сите значајни информации и временски рокови кои се врзани за процедурата за продажба на вишоци на електрична моќност и енергија. АД ЕЛЕМ - Скопје го задржува правото на дополнување и/или измена на Правила за продажба на вишоци на електрична моќност и енергија.

Електричната енергија е најважен фактор за економски развој на една земја.
Водата е еден од изворите на енергија и претставува најзначаен обновлив енергетски извор во Македонија.
Свесни за неопходноста да ја заштитиме, зачуваме и унапредиме животната средина за сегашните и идните генерации нашата компанија ги презема сите чекори за заштита на животната средина.
Приоритет на АД ЕЛЕМ е правилно и константно да ја спроведува инвестициската политика.
Бидете навремено и точно информирани со сите настани од страна на АД ЕЛЕМ.
Поставете прашање до АД "Електрани на Македонија" 





