ЕМИСИИ ВО ВОЗДУХОТ
Вкупните емисии во воздухот во 2009 година беа повисоки во однос на емисиите забележани во претходната година. Во термоелектраните се користеше јаглен со послаб квалитет поради нехомогениот јагленов слој- поголем однос на прослојци јаглен и јаловина. Емисиите во воздухот беа во рамки на дозволените граници. Во „Енергетика“ за разлика од претходната година кога била ложена една котловска постројка, во 2009 година се ложени три котловски постројки со мазут од јануари до април , и од април до декември со природен гас.
|
|
РЕК Битола |
РЕК Осломеј |
Енергетика
|
||
|
Мазут |
Природен гас |
||||
|
SO2 |
T |
75.044,99 |
19.681 |
55 . 0 |
- |
|
CO |
T |
904 |
1.125 |
0. 9 |
3.9 |
|
NOx |
T |
16.768 |
3.188 |
7 . 5 |
9 . 0 |
|
CO2 |
T |
8.817.909 |
1.470.192 |
- |
- |
|
Прашина |
T |
9.150 |
5.031 |
- |
- |
|
Пепел |
T |
1.456.617 |
222.929 |
- |
- |
|
Згура |
T |
- |
- |
||
КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ (AIR)
- За контрола на квалитетот на воздухот, во подружниците се вршат редовни мерења.Во РЕК „Битола“ квалитетот на воздухот се мери на три мерни места во околните населби, а резултатите се анализираат еднаш неделно.Во РЕК „Осломеј“квалитетот на воздухот се мери секој ден на две мерни места, едно мерно место- во околината на подружницата и второто во рудникот. Квалитетот на воздухот при тие мерења е во дозволените граници.
- Во согласност со новите директиви 2001/80/EC на ЕУ, за ограничување на емисиите на одредени загадувачи во воздухот од големите постројки, кои стапуваат во сила од 2016 година во тек се подготовки за отпочнување на активности за модернизација на трите парни котли во РЕК „Битола“.Крајната цел на проектот е намалување на емисијата на штетни гасови и усогласување со гореспоменатите регулативи, со посебен акцент на NOx .
ХИДРО КАПАЦИТЕТИ
НАБЉУДУВАЊЕ/НАДГЛЕДУВАЊЕ НА АКУМУЛАЦИИТЕ
Набљудување/Надгледување на брани
Во подружницата ХЕЦ „Глобочица“ постои Служба за техничко набљудување и одржување брани и други градежни објекти во АД ЕЛЕМ. Целта е да се обезбеди рационална и ефикасна контрола за сигурност и за стабилност на објектите и навремена интервенција. Службата изготвува Елаборати врз основа на Годишен план за техничко набљудување и во согласност со меѓународните препораки на ИКОЛД (Меѓународна комисија за големи брани.
Во ХЕЦ-овите „Маврово“, „Тиквеш“, „Шпилје“, „Глобочица“ и „Козјак“ редовно се мери нивото на акумулациите, а исто така се вршат мерења за дотекот и истекот на вода.
|
Просечен месечен доток во акумулацијата во m3/sec - 2009 год. |
||||||||||||||
|
ХЕ |
I |
II |
III |
IV |
V |
VI |
VII |
VIII |
IX |
X |
XI |
XII |
Годишен просек |
|
|
2009 |
8.591 |
7.576 |
7.323 |
34.741 |
27.280 |
13.808 |
5.518 |
1.641 |
0.742 |
5.051 |
15.719 |
15.585 |
11.965 |
|
|
Просечен месечен истек во акумулацијата во m3/sec – 2009 год. |
||||||||||||||
|
ХЕ |
I |
II |
III |
IV |
V |
VI |
VII |
VIII |
IX |
X |
XI |
XII |
Годишен просек |
|
|
2009 |
9.865 |
1.072 |
1.080 |
0.912 |
8.061 |
12.499 |
10.459 |
8.555 |
1.666 |
7.029 |
9.826 |
9.204 |
6.730 |
|
|
Просечно месечно ниво на акумулацијата во метри надморска височина – 2009 |
||||||||||||||
|
ХЕ |
I |
II |
III |
IV |
V |
VI |
VII |
VIII |
IX |
X |
XI |
XII |
||
|
2009 |
1214.05 |
1214.01 |
1215.6 |
1217.8 |
1255.6 |
1229.5 |
1229.4 |
1228.1 |
1226.5 |
1226.2 |
1225.6 |
1226.9 |
||
НАБЉУДУВАЊЕ/НАДГЛЕДУВАЊЕ НА ОТПАДНИ ВОДИ И ВОДИ ОД РАЗЛАДНИ КУЛИ
Анализите на отпадни води се вршат во Хемиско-технолошката служба во РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“. Анализите кои се норминирани во согласност со Законот за води, се вршат со титрациски, гравиметарски и со соодветни хемиски анализатори за специфична спроводливост и мерење на Ph -вредностите.
Во 2009 година во РЕК „Осломеј“ е извршен комплетен ремонт на постројката за пречистување на отпадните води. Отпадните води што се испуштаат во реката Темница според мерењата се според стандардите за квалитет на вода.
Во „Енергетика“ процесните води се собираат во базен кој се наоѓа во состав на погонот ХПВ и при секое празнење задолжително се испитува Ph вредноста на водата и според потребите се нормализира на вредност Ph=7,5. Кога ќе се постигне неутрална вредност со пумпи се исфрла во заедничкиот колектор.
|
Третирани отпадни води |
РЕК Битола |
РЕК Осломеј |
Енергетика |
|
|
Количина на отпадни води од хемиско технолошка служба |
m3 |
25.801м3 |
693.500 т/год |
6.000 т/год |
БИОДИВЕРЗИТЕТОТ И ОКОЛИНАТА
При експлоатација на земјиштето во рудниците „Битола“ и „Осломеј“ се деградира земјиштето и растителниот свет. За да се заштити животната средина и растителниот свет се врши пошумување, раззеленување, засадување земјоделски култури, формирање рекреативни центри.
- Ја пошумивме околината во РЕК „Осломеј“ со борови и со дабови садници
- Го уредивме теренот околу реконструираното корито на реката Темница
- Засадивме 5000 млади садници и други зимзелени и листопадни растенија во РЕК „Осломеј“
ОТПАД
- Во РЕК „Осломеј“ е затворена постоечката депонија за пепел со земјен слој со дебелина од 20-30 см на површина од 40 000 м2
- Извршена е контрола и санирање на постоечките брани на каскадите на депонијата за пепел
ВЛИЈАНИЕТО НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
- Студија за заштита на влијанието врз животната средина – ПВЕ „Богданци“
Во 2009 година, АД ЕЛЕМ подготви Известување за намера за изведување на проектот, МЖСПП ја утврди потребата од оцена на влијанието на проектот врз животната средина, и во рамките на ИПФ проектот, беше изработена Студијата за оцена на влијанието врз животната средина. Истата во месец мај 2010 година ќе биде објавена на страната на МЖСПП и ќе биде организирана јавна расправа. Студијата, меѓу другото опфаќа и План за управување со животната средина во сите фази на проектот (пред, за време, по изградбата и за време на работењето на ПВЕ Богданци).....
- За оцена на проектот „Влијанието врз животната средина на локалитетот Осломеј-Запад поради експлоатација на минералната суровина јаглен“ е изработена Студија од фирмата „ Технолаб“.
- Студија МВХ
За ревитализација на ТЕ „Битола“ и подобрување на карактеристиките на термоелектраната во 2009 година фирмата „МВХ Итали Спа“ изработи Студија финансирана од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).
Очекувани резултати од Студијата:
- Подобрување на системот за подготовка на гориво
- Подобрено согорување на горивото
- Ревитализација на површините на топлиноизменувачите
- Модернизација на воздушните предгревачи
- Подобрување на контролниот систем
- Намалување на емисијата на штетни гасови (CO2, SOx, NOx ) и прав во воздухот, за да се достигнат ЕУ- нормативите кои ќе важат по 2016 година
- Климатски промени
Во согласност со тенденцијата за намалување на емисиите на CO2 и на другите стакленички гасови, Управниот одбор на АД ЕЛЕМ во октомври 2009 година донесе Одлука за развивање на проекти што имаат значителен потенцијал за заштеда на емисии на стакленички гасови, во рамките на Механизмот за чист развој:
- ХЕЦ „Св.Петка“
- Ревитализација на трите блока во РЕК „Битола“
- ТЕ-ТО ‘’Енергетика’’
- ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“
- Парк на ветерни електрани „Богданци“
- Проектот „Вардарска долина“
- ХЕЦ „ Бошков мост“
- Ревитализација на 6-те големи хидроелектрани (втора фаза)
- Акумулација „Луково Поле“
- Сончева електрана
Проценетите инвестиции за проектите, потенцијалот за заштеда на стакленички гасови и покриеноста на инвестицијата со ЦДМ-компонентата се дадени во следната табела:
|
|
Тони CO2 годишни заштеди |
Годишен профит |
*21 година кредитен период |
ЦДМ покривање на инвестицијата % |
|
|
ХЕЦ Св.Петка |
60000 |
0.6 |
12.6 |
18.53 |
|
|
ХЕЦ Чебрен и Галиште |
414000 |
4.1 |
86.1 |
14.30 |
|
|
Модернизација на РЕК Битола |
128550 |
1.2 |
25.2 |
72.00 |
|
|
Акумулација Луково Поле |
148000 |
1.48 |
31.08 |
77.70 |
|
|
ХЕЦ Бошков мост |
106 |
1.06 |
22.26 |
27.15 |
|
|
ТЕ-ТО Енергетика |
554000 |
5.54 |
116.34 |
60.91 |
|
|
ПВЕ Богданци |
96075 |
0.96 |
20.16 |
26.88 |
|
|
Соларна електрана |
94640 |
0.94 |
19.74 |
8.77 |
|
|
ВКУПНО |
1495371 |
15.88 |
333.48 |
25.30 |
|

Електричната енергија е најважен фактор за економски развој на една земја.
Водата е еден од изворите на енергија и претставува најзначаен обновлив енергетски извор во Македонија.
Свесни за неопходноста да ја заштитиме, зачуваме и унапредиме животната средина за сегашните и идните генерации нашата компанија ги презема сите чекори за заштита на животната средина.
Приоритет на АД ЕЛЕМ е правилно и константно да ја спроведува инвестициската политика.
Бидете навремено и точно информирани со сите настани од страна на АД ЕЛЕМ.
Поставете прашање до АД "Електрани на Македонија" 


