Затвори
Тендери

Почетна Рудници

Рудници

  • PDF

БЕСКОНЕЧНОСТ ПРЕТОЧЕНА ВО ЖИВОТ


Заробеното богатство во земјата го преточуваме во енергија. Јагленот е доминантен електроенергетски ресурс за производство на електрична енергија. Јагленот и гасот учествуваат со повеќе од 50 отсто во производството на електрична енергија во Европската унија и ќе останат во наредните децении важни карики во енергетскиот микс. Јагленот – лигнитот е основен енергент во електроенергетскиот систем во Македонија. Јагленот се применува и во индустријата, топлификацијата, но и за широка потрошувачка, а за нас е од суштинска важност понатамошното истражување на изворите, производството и неговото користење.

Стратешки може да се констатира дека иднината на енергетиката во Македонија е во веќе утврдените и потенцијални резерви на јаглен. Вкупните резерви на јаглен заедно со потенцијалите од Пелагонискиот басен се проценуваат на 2.5 милијарди тони.
Македонските јаглени се лигнити со релативно ниска калорична вредност и висока содржина на влага и пепел од геолошка плиоцентска и миоцентскастарост. Јагленот во РМ во моментов се експлоатира во два типа на рудници. Првиот тип се рудниците кои се во состав на термоелектраните за производство на електрична енергија (Суводол, Осломеј), а вториот тип се рудниците кои ги задоволуваат потребите на индустријата и широката потрошувачка од јаглен како гориво.
rudnici

Базната енергија на електроенергетскиот систем на државата се темели врз јагленовиот потенцијал на Кичевскиот и Пелагонискиот басен со утврдените јагленови наоѓалишта: Суводол, Брод-Гнеотино, Живојно, Осломеј, Поповјани и Страгомиште, кои овозможија отворање на двата наши големи површински копови на јаглен - ПК Осломеј и ПК Суводол.

Природните услови и утврдените резерви на јагленовите лежишта, како и техничките можности на енергетскиот систем се своевидна гаранција дека и во наредниот период ќе продолжи континуираното работење на термоелектраните. Од вкупно утврдените 664 милиони тони геолошки резерви на јаглен во РМ, се проценува дека 38% можат да се екплоатираат со површинско откопување, а остатокот со јамско-подземна технологија. Јамската експлоатација на јагленот на нашите простори сеуште не е застапена.

Се очекува јагленот и во иднина да има голема примена во индустријата, топлификацијата и широката потрошувачка. Нашата земја е енергетски зависна од неговото истражување, производство и користење.
Загадувањето на животната средина при користењето на лигнитите е нивна слаба страна, но поставувањето на строги еколошки критериуми и максималната грижа за заштита на работната и животната средина се наши приоритети.

Контакт

АД "ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА"
11. Октомври 9
1000 Скопје
Република Македонија

e-mail:contact@elem.com.mk

Енергетска мапа

energetska_mapa

За нас

Производство

Животна средина

Инвестирање

Општествена одговорност

Контакт

seo emeklilik kanunlar coklu pr sorgulama sira bulucu php script encoder coklu pagerank sorgulama toplu pagerank sorgulama google pagerank sorgula pagerank sorgulama google sra bulucu google sra bulucu site analiz