Затвори
Тендери

Почетна Термоенергија

Термоенергија

  • PDF

ТОПЛИНА ПРЕТОЧЕНА ВО СОЗДАВАЊЕ


Термоенергетските ресурси се уште познати како фосилни, според начинот на кој настанале. Во нив спаѓаат: јагленот, нафтата, природниот гас и битуминозните шкрилци. Тие се необновливи електроенергетски ресурси што неповратно се трошат. Добивањето на електричната енергија во термоцентралите се одвива со претворање на енергијата на фосилните горива-јагленот, нафтата, гасот во електрична енергија.

Термокапацитетите даваат константна енергија. Термопроизводството има растечка тенденција. За одбележување е изразито високото термопроизводство остварено во електраните ложени на јаглен во последните десетина години, кое се движи и над проектираните величини. Ова особено се однесува на РЕК Битола. Стапката на раст на тремопроизводството е резултат на зголемената искористеност на капацитетите на рудниците за јаглен и на зголемената погонска спремност на објектите и вработените. Од сите нив, Република Македонија располага само со резерви на јаглен и тоа од категоријата млади лигнити.
termo


На територијата на РМ утврдени се околу 20 наоѓалишта на јаглен. Вкупните геолошки резерви се проценувааат на 2,5 билиони тони. За електроенергетски цели од сите овие интересни се Пелагонискиот и Кичевскиот басен, а перспективен потенцијал можат да бидат Мариовскиот и Тиквешкиот басен. На Пелагонискиот и Кичевскиот басен изградени се двете наши термоцентрали на лигнит, кои претставуваат стожер на електроенергетскиот систем на Македонија со учество во вкупно произведената електрична енергија од 80-85% Најголем производен капацитет е Рударско-енергетскиот комбинат "Битола" со своите три блока од по 225 MW и нето производство од околу 1.434 GWh по блок. Комбинатот е целосно заокружена производна целина со повеќе единици. Оваа термоелектрана како основно гориво користи јаглен кој е со просечна калоричност од 7.900 kJ/kg. Другиот термокапацитет во составот на електроенергетскиот систем е Рударско - енергетскиот комбинат "Осломеј" кај Кичево, со инсталирана моќност на блокот од 125 MW и нето годишно производство од околу 700 GWh. И овој термокапацитет како основно гориво користи јаглен со просечна калоричност од 7.660 kJ/kg. Овие термоелектрани имаат важна улога во покривањето на базниот дел од дијаграмот на конзумот на Република Македонија.

Третиот термокапацитет е подружницата "Енергетика" која е проектирана и изградена да овозможи комплетно снабдување на сите потрошувачи на РЖС со електрична енергија, технолошка пареа и врела вода за греење. Сегашниот конзум на електрична енергија изнесува 8-100 MWh, а топлинскиот конзум изнесува 40 MW, а во фаза на изградба е топловод за уште дополнителни 15 MW.

Контакт

АД "ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА"
11. Октомври 9
1000 Скопје
Република Македонија

e-mail:contact@elem.com.mk

Енергетска мапа

energetska_mapa

За нас

Производство

Животна средина

Инвестирање

Општествена одговорност

Контакт

seo emeklilik kanunlar coklu pr sorgulama sira bulucu php script encoder coklu pagerank sorgulama toplu pagerank sorgulama google pagerank sorgula pagerank sorgulama google sra bulucu google sra bulucu site analiz