Затвори
Тендери

Почетна Хидроенергија

Хидроенергија

  • PDF

МОЌ ПРЕТОЧЕНА ВО ЕНЕРГИЈА


Моќта на водата ја преточуваме во енергија.

Водата е еден од најисплатливите извори на енергија и претставува најзначаен обновлив енергетски извор во Македонија. Хидропроизводството претставува 15% од вкупното производство на електрична енергија во АД ЕЛЕМ. Нашите хидроелектрани работат на принципот на конверзија на механичка во електрична енергија, при што основен двигател се водените текови, односно проточните води во земјата.
Вкупниот волумен на акумулациите е 891 000 000 м3 со вкупно годишно производство од 1000 GWh. Вкупната инсталираност на хидрокапацитетите изнесува 504MW, односно 39% од вкупните капацитетите на АД ЕЛЕМ.

Енергијата на водата претставува еден од првите енергенси кој што човекот ги користел во својата историја. Уште од 4-от век пред нашата ера е започнато користењето на енергијата на водата за движење на воденичкото тркало, а подоцна со развојот на науката и техниката започнува и изградбата на првите хидроцентрали (1882 година, на реката Фокс - Висконсин) за производство на електрична енергија.

Хидроенергијата е најзначајниот обновлив извор на енергија познат досега.
hidro

Неговото искористување е поврзано со изградба на значајни градежни објекти, пред се брани и акумулации, односно долги доводни тунели или цевоводи, кои објектите ги прават од една страна скапи за изградба но од друга страна допринесуваат за целокупниот развој на еконoмијата во земјата. Наспроти големата цена на изградбата, годишната експлоатација на објектите и производството на електрична енергија од истите е многу ниско.

Со оглед на ограниченоста на природните ресурси во Република Македонија, искористувањето на хидропотенцијалот е од витално значење за развојот на електроенергетскиот сектор и  државата во целост. Хидро-производството учествувало со 15% во вкупното производство на електрична енергија во АД ЕЛЕМ и тоа пред сè за задоволување на дневните варијации на потрошувачката на електрична енергија со што се постигнува поголема флексибилност и расположивост на електроенергетскиот систем, како и соодветен процент на производство од обновливи извори на енергија.
Просторот во Р Македонија според конфигурацијата на теренот и климатските услови е предодреден за искористување на проточните води од реките, изградба на брани и формирање на поголеми и помали акумулациии.

Денес, со постојната изграденост на хидроенергетските извори, од технички искористивиот потенцијал се користи само 26,6%. Прикажано по сливови тоа изгледа вака:
Слив Теоретски потенцијал Технички потенцијал Искористен потенцијал
  GWh  GWh  GWh 
Вардар 6.660 4.559,3 1.150,0
Црн Дрим 2.203 964,9 583,0
Вкупно 8.863 5.524,2 1.471,7

Вкупниот волумен на акумулациите во републиката е 891 милиони метри кубни и вкупно годишно производство од  1000 GWh. Вкупната инсталираност на хидрокапацитетите изнесува  504 MW или 39% од вкупната инсталираност на капацитети на АД ЕЛЕМ.
Во развојните планови на АД ЕЛЕМ голем акцент се става на изградба на нови хидроенергетски објекти, како и на ревитализација на постојните хидроелектрани.

Контакт

АД "ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА"
11. Октомври 9
1000 Скопје
Република Македонија

e-mail:contact@elem.com.mk

Енергетска мапа

energetska_mapa

За нас

Производство

Животна средина

Инвестирање

Општествена одговорност

Контакт

seo emeklilik kanunlar coklu pr sorgulama sira bulucu php script encoder coklu pagerank sorgulama toplu pagerank sorgulama google pagerank sorgula pagerank sorgulama google sra bulucu google sra bulucu site analiz