Одржлив развој и заштита на животната средина

Одржливиот развој е концепт кој се грижи за потребите на идните генерации, а истовремено делува да ги задоволи потребите на тековните генерации. Концептот на одржливиот развој е темел на нашата компанија врз основа на кој се креира генералната политика следејќи ги светските трендови по ова прашање. Секој нов проект се спроведува согласно принципите на одржливост кои произлегуваат од Националната стратегија за одржлив развој на Република Северна Македонија. Одржливиот развој се базира на три основни аспекти:

  • Економски
  • Социјален и
  • Заштита на животната средина

Во моментов се работи на неколку тековни проекти кои се базирани на концептот на одржлив развој:

Проект „Ревитализација и модернизација на РЕК Битола, фаза III“
Економски аспекти – производство на гипс и негово можно пласирање на пазарот, можно намалување на екстерните трошоци (заради намалено отсуствување од работа и сл.).

Социјални аспекти – подобрени услови за вработените и населението кое живее околу РЕК Битола.

Аспекти за заштита на животна средина – намалување на емисијата и имисијата на SОx и прашина во гранични вредности според eвропските директиви и македонското законодавство. Подобрување на амбиенталниот воздух во околината на РЕК Битола и во градот Битола. Намалување на бучавата на постројката.

Проект „Бошков Мост“
Економски аспекти – зголемување на производството на примарната електрична енергија, зголемување на портфолиото на Р. Северна Македонија за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија (ОИЕ), подобрување на инфраструктурата, зголемување на капацитетот на достапна вода, намалување на увозот на електрична енергија, соодветно обештетување на земјиштето, ангажирање домашни компании во изведбата на проектот.

Социјални аспекти – грижа за вработување на локалното население, грижа за културното и историско наследство, зголемување на атрактивност на областа, промоција на други стопански гранки.

Аспекти за заштита на животна средина – спроведување на активности за заштита на животната средина согласно Законот за животна средина и Законот за заштита на природата, спроведување активности за зголемување на заштитата на НП „Маврово“, комуникација со засегнатите страни, спроведување на активности кои се во согласност со процедурите за заштита на животна средина на Европска банка за обнова и развој (ЕБОР).

Проект „Луково Поле, довод на Корапски води и изградба на МХЕ Црн Камен“
Економски аспекти – зголемување на производството на примарната електрична енергија, зголемување на портфолиото на Р. Северна Македонија за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија (ОИЕ), подобрување на енергетската инфраструктурата, зголемување на капацитетот на достапна вода, намалување на увозот на електрична енергија.

Социјални аспекти – грижа за вработување на локалното население, зголемување на атрактивност на областа, промоција на други стопански гранки.

Аспекти за заштита на животна средина – спроведување на активности за заштита на животната средина согласно Законот за животна средина и Законот за заштита на природата, спроведување на активности за зголемување на заштитата на НП Маврово, комуникација со засегнатите страни, спроведување на активности кои се во согласност со процедурите за заштита на животна средина на Светска банка.

Проект ветерен парк “Богданци“
Економски аспекти – зголемување на производството на примарната електрична енергија, зголемување на портфолиото на Р. Северна Македонија за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија (ОИЕ), подобрување на енергетската и патна инфраструктура, намалување на увозот на електрична енергија.

Социјални аспекти – грижа за вработување на локалното население, зголемување на атрактивноста на областа, промоција на други стопански гранки, обештетување на  земјиштето.

Аспекти за заштита на животна средина – спроведување на активности за заштита на животната средина согласно Законот за животна средина и Законот за заштита на природата, спроведување на активности за зголемување на заштитата на областа.

Нашата развојна стратегија става акцент на проширувањето на производствените капацитети од обновлива енергија, особено на производството на електрична енергија од ветер и од вода. Секој производствен капацитет која се планира да се развие задолжително вклучува и спроведување на оценка на влијанието врз животна средина. Изградбата на новите производствени капацитети несомнено влијае врз животната средина, а наша цел е намалување на негативното влијание врз животната средина во сите фази: планирањето, проектирањето и изведбата. Информациите во врска со животната средина се разликуваат од фаза до фаза на проектот и редовно се објавуваа на нашата веб страница за да има јавноста увид во нив. АД ЕСМ има оформен тим кој ги координира програмите за животна средина, со што е овозможено контролирањето на еколошкото изведување на проектите. При изградба на нова електрана потребно е активно вклучување на јавноста и локалните заедници во сите фази на проектот. Тоа вклучување е дел и од законските барања за оценка на влијанието на проектите врз животната средина.