Корпоративно управување

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДРУШТВОТО
Организациските делови на Друштвото се: Дирекцијата и седум подружници кои немаат својство на правно лице. Дирекцијата е со седиште во Скопје, а подружниците се: РЕК „Битола“ – Новаци со седиште во Новаци, РЕК „Осломеј“ – Осломеј со седиште во Осломеј, ХЕС „Маврово“ – Гостивар со седиште во Гостивар, ХЕС „Црн Дрим“ – Струга со седиште во Струга, ХЕС „Треска“ – Скопје со седиште во Скопје, ХЕЦ „Тиквеш“ – Кавадарци со седиште во Кавадарци и „Енергетика“ – Скопје со седиште во Скопје. Со секоја Подружница раководи директор односно директори, кои ги назначува Управниот одбор, а чии надлежности се утврдени во Статутот и Правилникот за внатрешна организација на Друштвото. Со Правилникот за внатрешна организација поконкретно е уредена внатрешната организација на Друштвото по сектори, служби, одделенија со работни места и опис на работните задачи за секое работно место.

ОСНОВНА ГЛАВНИНА
Основната главнина на Друштвото изнесува 31.738.878.000 денари или 517.818.006 еур според среден курс на Народна банка на Република Македонија. Основната главнина на Друштвото е поделена на 31.738.878 обични акции со номинална вредност од 1.000 денари.

ВРАБОТЕНИ И КВАЛИФИКАЦИСКА СТРУКТУРА НА ВРАБОТЕНИТЕ
Во АД ЕЛЕМ – Скопје, заклучно 2016 година, има 4.892 вработени, од кои во: подружница ХЕС „Маврово“ – Гостивар 339, подружница ХЕС „Црн Дрим“ – Струга 220, подружница ХЕЦ „Тиквеш“ – Кавадарци 92, подружница ХЕС „Треска“ – Скопје 101, подружница РЕК „Битола“ – Новаци 2.800, подружница РЕК „Осломеј“ – Осломеј 1.002, подружница „Енергетика“ – Скопје 148 и Дирекција – Скопје 190.

Според степенот на стручна подготовка најголем број вработени или 41,7% се со IV степен средно училиште, 25% од вработените се со III степен средно училиште, 11,2% се ПК работници со II степен, 10,5% се со VII/1 степен или високо образование, 5% се со I степен – неквалификувани вработени, 2,8% се со VI степен вишо образование, 2,5% се со V степен – високо квалификувани работници,1,3% се со VII/2 степен – магистри и речиси 0,2% од вработените во друштвото се со VIII степен – доктори на науки.