ЕЛЕМ на прв поглед

Електричната енергија е најважен фактор за економски развој на една земја, а нашата примарна цел покрај континуираното и стабилно производство на електрична енергија, е и изнаоѓање на нови извори на енергија и подобрување на еколошката свест. Електричната енергија не е дар од Бога, таа е најсофистицираниот извор на енергија. Нашата земја изобилува со разновидни природни богатства и ресурси кои можат да обезбедат доволно енергија за сите наши потреби. Ние ја облагодаруваме природата и ја произведуваме електричната енергија. За нас во АД ЕЛЕМ секоја капка вода и секое парче земја има огромно значење, затоа што знаеме дека таму се крие моќ, таму се крие моќта на енергијата.

АД ЕЛЕМ е столбот на државата без негова стабилност нема подобра и посигурна иднина и затоа не треба да постои одлагање на развојното решение за иднината на нашиот систем. Нашите хидро и термо-капацитети работат постојано и се одржуваат деноноќно.

Ние од своите капацитети обезбедуваме околу 90 отсто од вкупното домашно производство. Од термоелектраните со инсталиран капацитет од 842 МW произведуваме просечно годишно до 5.000 GWh електрична енергија, од хидроелектраните со инсталиран капацитет од 554 MW 1.200 GWh просечно годишно електрична енергија, а од ветерните електрани со инсталиран капацитет од 36,8 MW произведуваме преку 100 GWh електрична енергија.

 Политика за квалитет
Политика за здравје и безбедност при работа
 Сертификат OHSAS 18001:2007
 Политика за енергетска ефикасност

НАШИТЕ ЛУЃЕ СЕ НАША МОЌ
Зад успехот, амбициите и добрите резултати стојат вработените. Тие најдобро знаат колку е макотрпно нашите постојни производствени капацитети да се одржуваат во најдобра кондиција. Ние во АД ЕЛЕМ, знаеме дека успехот на работата зависи од луѓето кои свесни за одговорноста и предизвикот, навремено и квалитетно ги извршуваат своите задачи. Ние се грижиме за континуирана едукација на своите вработени преку разновидни обуки, тренинзи и семинари. Ние го стимулираме иновативниот пристап во работата на нашите вработени, а тие ни враќаат со нивната професионалност, посветеност, лојалност и одговорност.

МИСИЈА


ПРИРОДА ПРЕТОЧЕНА ВО ЕНЕРГИЈА
Ние не ја создаваме енергијата. Таа е создадена и се наоѓа во природата во најразлични облици. Ние имаме едуцирани и посветени луѓе, технологија и капацитети кои ја преземаат енергијата од природата и ја преобразуваат во облик кој што на сите нас ни е потребен. Благодетите од електричната енергија ги чувствуваме сите преку другите видови енергија: топлинска, светлинска, механичка и звучна.

Ние природата ја преточуваме во енергија. Нашата работа не застанува тука. Ние се грижиме и за природата. Нашите вработени не се грижат само за процесот на производство, туку и за порационално и планско користење на природата и нејзина заштита, одржување и обнова.

ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА ПОДОБРА И ПОСИГУРНА ИДНИНА
Свесни за неопходноста да ја заштитиме, зачуваме и унапредиме животната средина за сегашните и идните генерации нашата компанија ги презема сите чекори за заштита на животната средина.

  • континуирано следење на количините на штетни гасови и честички кои се емитуваат во воздухот во нашите термоцентрали низ еколошки параметри.
  • рекултивација и пошумување на експлоатираните јагленови ископи и неутрализација на отпадните води.
  • заштита на флората и фауната од влијанието на хидроакумулациите врз макро и микро климата.
  • глобална заштита на луѓето и имотите од поплави како при планирање на нови така и при анализа и експлоатација на постојните хидроакумулации со изработка   на соодветни студии и проекти.

ВИЗИЈА


ДА ПРИДОНЕСЕМЕ КОН ИСКОРИСТУВАЊЕ НА СЕКОЈ МЕТАР ПАД И ЛИТАР ВОДА ВО НАШАТА ЗЕМЈА
ЕЛЕМ е стожерот на електроенергетскиот систем, почетна, и главна алка во системот на производство – пренос – дистрибуција. ЕЛЕМ е производителот на енергенс наречен електрична енергија. ЕЛЕМ во моментов на домашниот пазар нуди три основни производи: активна енергија, реактивна енергија и системски услуги. Компанијата инвестира и верува дека производството од домашни ресурси е најисплатливо и долгорочно прифатливо за Македонија.

ЕЛЕМ работи за да им се придружи на современите и технолошки напредни земји во светот и да стане дел од Европската Унија – слободна трговија со струја, согласно директивите на ЕУ, либерализација, зголемување на конкуренцијата и раздвижување на сите учесници во електроенергетскиот сектор. Само така долгорочно може да се обезбедат средства за развој, да се поттикнат инвестициите во енергетиката и да се зајакне економијата во државава.

МОТО


НИКОГАШ НЕ ЗАПИРАМЕ, ПОСТОЈАНО СЕ РАЗВИВАМЕ
Ние се грижиме за континуирана едукација и надградба на нашите вработени преку разновидни обуки, тренинзи и семинари. ЕЛЕМ е работна средина која стимулира и иновативен пристап во работењето, поттикнувајќи ги своите луѓе за разработка на нови, алтернативни начини за поефикасно и поисплатливо искористување на ресурсите.