АД ЕСМ го помогна одржувањето на годинешниот Меѓународен ракометен турнир во Струга

АД ЕСМ, како дел од својот општествено-одговорен ангажман, го помогна одржувањето на годинешниот 47-ми Меѓународен ракометен турнир во Струга.

Генералниот директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски и претседателот на Ракометниот клуб СТРУГА, нашиот познат ракометар и репрезентативец, Наумче Мојсовски, потпишаа договор за спонзорство, со кое компанијата финансиски ја поддржа оваа значајна и долгогодишна спортска манифестација.

АД ЕСМ има одлична соработка со локалната заедница во Струга, каде работи  нашата подружница ХЕ Црн Дрим со двете хидроелектрани Глобочица и Шпилје.