Надзорниот одбор го назначи Васко Ковачевски за генерален директор на АД ЕСМ

Надзорниот одбор на АД Електрани на Северна Македонија (АД ЕСМ) го назначи Васко Ковачевски за претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕСМ. Ковачевски е дипломиран инженер по термоенергетика и на оваа функција доаѓа од местото директор на РЕК Битола, најголемата подружница на АД ЕСМ и најголем производител на електрична енергија.

Нов директор на РЕК Битола ќе биде назначен од страна на Управниот одбор на АД ЕСМ.