АД ЕЛЕМ продаде вишоци електрична енергија за 364.837 евра

АД Електрани на Македонија на 5 март продаде 8.400 MWh вишоци електрична енергија за вкупна сума од 364.837 евра. Продадената електричната енергија е за периодот 11.03-17.03.2019 година.
Просечната цена која беше постигната на аукцијата изнесува 44,43 EUR/MWh.
На HUPX (Унгарската берза на електрична енергија), цената за тој период изнесува 43,24 EUR/MWh.