ЕЛЕМ продаде вишоци електрична енергија за 429.763 евра

АД Електрани на Македонија продаде 9.600 MWh вишоци електрична енергија за вкупна сума од 429.763 евра.

Продадената електричната енергија е за периодот 4-10 март 2019г. Просечната цена која беше постигната на аукцијата вчера изнесува 44,77 EUR/MWh.

На HUPX (Унгарската берза на електрична енергија), цената за базна енергија  за  тој период изнесува 44,48 EUR/MWh.