АД ЕЛЕМ ќе продава вишоци електрична енергија

АД Електрани на Македонија в среда на аукција ќе продаде вишоци електрична енергија за периодот 25 февруари до 3 март 2019, во вкупни количини од 9.600 мегават часови електрична енергија.

Количините се одредени согласно моменталната состојба на производните капацитети и нивото во акумулациите.

На унгарската берза на електрична енергија (HUPX) моменталните цени за базна енергија за неделата од 25 февруари до 3 март изнесуваат 50,38 евра за мегават час.