ХЕС „Црн Дрим“ со новогодишно изненадување за децата од ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга

АД ЕЛЕМ, Подружница ХЕС„Црн Дрим“ денеска организираше новогодишно изненадување за учениците од паралелката со посебни потреби „Порака“ во ОУ „Браќа Миладиновци“ Струга. Децата сe дружеа со Дедо Мраз и кловнот Анита кои им поделија пакетчиња и материјали за нивните часови.

-Ова е еден мал гест со кој се обидовме да ги израдуваме овие ученици, но и да го свртиме вниманието кон нив со цел да растат  во подобра околина, полна со љубов. Ние како општествено одговорна компанија се трудиме секогаш да излеземе во пресрет на заедницата со посебен акцент на ранливите категории. Ова е само дел од низата акции кои ги посветуваме и со кои се трудиме нашето место на живеење да го направиме поубаво и подобро за живеење-изјави Сашо Коркут, директор на АД ЕЛЕМ, Подружница ХЕС Црн Дрим.