ХЕС МАВРОВО ГО ИСПОЛНИ ГОДИШНИОТ ПЛАН ЗА ПРОИЗВОДСТВО

Хидроенергетскиот систем „Маврово“ во првата декада на август во целост го исполни годишниот план за производство на електрична енергија предвиден со електроенергетскиот биланс.  Заклучно со 8 август, хидроелектраните Вруток, Врбен и Равен вкупно испорачале над 235.465 MWh, што е и 63% повеќе од планираното за овој период. Се очекува нашиот најголем хидроенергетски систем значително да го натфрли планот за производство со оглед на тоа што до крајот на годината остануваат помалку од пет месеци, а во мавровската акумулација има резерви вода доволно за произвoдство на околу 300.000 MWh.

Инаку, вкупниот годишен план од сите хидроелектрани во рамките на АД ЕЛЕМ е реализиран на 20 јули. Заклучно со 8 август хидропотенцијалите произведоа 981.731 MWh што претставува натфрлање на планoт за 2018 година за 7,8 проценти, а планот за тековниот период е надминат за 70 проценти.