ХЕС „Црн Дрим“ предвреме го оствари годишниот план за производство

Како резултат на исклучително поволната хидрологија, како и подготвеноста на електромашинската опрема во Хидроенергетскиот слив (ХЕС) „Црн Дрим“, што го сочинуваат хидролектраните „Шпиље“ и „Глобочица“, веќе е реализиран годишниот план за производство на електрична енергија.

Во двете електрани за пет месеци произведени се вкупно 364 милиони киловат часови електрична енергија, што значи отсто исполнување на усвоениот електроенергетски биланс за годинава.

Во ХЕ „Шпиље“ произведени се 230 милиони киловат часови електрична енергија, што е речиси двапати поголемо производство во однос на планираното за овој период од годината, а 3,5 пати поголемо во однос на истиот период од минатата година. Во ХЕ „Глобочица“ произведени се 134 милиони киловати часови струја што е двапати поголемо во однос на планираното за овој период, а повеќе од трипати поголемо во однос на истиот период од минатата година.

Обете хидроелектрани технички се во солидна кондиција, а во акумулациите има одлична резерва на вода за производство. Во акумулација ХЕ „Шпиље“ има резерва за производство на 42 милиони киловат часови, додека во акумулацијата ХЕ „Глобочица“ со Охридско Езеро 75 милиони киловат часови електрична енергија.

Годинава се очекува ХЕС „Црн Дрим“ да оствари рекордно производство на електрична енергија.