ТЕ Осломеј ќе се исклучи, се вклучува Блок 2 во РЕК Битола

АД ЕЛЕМ ја информира јавноста дека термоелектраната Осломеј ќе се исклучи и на нејзино место ќе биде вклучен Блок 2 во РЕК Битола. И покрај тоа што дефектот на системот за водено отпепелување е отстранет и ТЕ Осломеј може да работи по сите еколошки стандарди, раководството на АД ЕЛЕМ одлучи да го запре производството на електрична енергија во електраната, имајќи ја предвид загриженоста и сензитивноста на населението од околните места.

Блок 2 во РЕК Битола  е веќе во мрежа, по превентивниот зафат во текот на викендот, и може непречено да се вклучи во производниот процес.