Конкурс за доделување 10 стипендии за студентите на Машинскиот факултет – Скопје

Врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу АД ЕЛЕМ и Машинскиот факултет – Скопје при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, се распишува

                                                                                         КОНКУРС

за доделување 10 стипендии за студентите на Машинскиот факултет – Скопје

На конкурсот можат да се пријават:

• Редовни студенти на Факултетот кои се запишани за прв пат, во прва година на студии во академската учебна 2017/2018 година

• Студенти кои студираат на една од следните студиски програми:

o Хидраулично инженерство и менаџмент на води (ХИМВ),

o Термичко инженерство (ТИ),

o Енергетика и екологија (ЕЕ).

Право на учество имаат сите студенти кои ги исполнуваат следните критериуми:

 студентот да е редовен студент запишан на прв циклус студии по првпат во прва студиска година во учебната 2017/2018 година;

 просечната оценка по завршување на првиот семестар на студентот да не е помала од 8.0;

 студентот да не е корисник на стипендија или кредит од друга установа, институција или компанија;

 студентот да е државјанин на Република Македонија;

Изборот и селекцијата на кандидатите го врши Комисија за стипендирање составена од 3 (три) члена и тоа: 2 (два) члена од редот на вработените во АД ЕЛЕМ и 1 (еден) член од Машинскиот факултет-Скопје факултет .

Селекцијата на заинтересираните кандидати за остварување право на стипендија ќе биде направена врз основа на остварениот просечен успех на студентот во првиот семестар, освоените поени при упис на факултет и резултатите од реализираното интервју, кое ке го врши комисијата составена од два претставници од АД ЕЛЕМ и еден претставник од факултетот согласно следната методологија:

• максимиум освоени поени од остварениот просечен успех на студентот во првиот семестар, најмногу 70 поени.

• освоените поени при упис на факултетот, најмногу 25 поени. • резултати од реализираното интервју, најмногу 5 поени.

Висината на стипендијата изнесува 6.000,00 денари месечно и ќе се доделува за времетрање од 10 (десет) месеци годишно, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од исполнувањето на обврските од страна на студентите пропишани со Договорот за стипендирање. Со избраниот кандидат ќе се потпише Договор за стипендирање. Кандидатите на кои ќе им биде доделена стипендија имаат обврска студиската година да ја завршат во рок и со просек не помал од 8, во спротивно, стипендистот го губи правото на стипендија и се обврзува да го врати примениот износ на компанијата со која го склучил Договорот за стипендирање и други обврски пропишани во Договорот за стипендирање.

Потребна документација за аплицирање:

• Пополнета апликација/прашалник подготвен од страна на АД ЕЛЕМ

• Мотивациско писмо

• Потврда за редовен студент запишан во прва година на студии

• Уверение за положени испити и остварен успех во прв семестар за учебна 2017/2018

• Изјава дека не сте корисник на стипендија или кредит од друга установа, институција или компанија потпишана и од солидарен гарант.

• Копија од уверение за државјанство на Република Македонија.

Апликацијата/прашалникот е објавена на интернет-страницата на Машинскиот факултет-Скопје: www.mf.edu.mk Начин на аплицирање: Документите се поднесуваат во Архивата на Машинскиот факултет – Скопје (во Деканатот) или по пошта на адреса Машински факултет –Скопје, п. Фах 464, 1000 Скопје во периодот од 29.05.2018 до 12.06.2018 година. Конкурсот е објавен и на страната на Машинскиот факултет на следниот линк  https://www.mf.edu.mk/mk/elem-stipendii-mfs