АД ЕЛЕМ повторно ќе продава вишоци електрична енергија

АД ЕЛЕМ повторно објавува продажба на  вишоци на електрична енергија, за јуни 2018г., во вкупни количини од 24.480 MWh електрична енергија, од кои 14.400 MWh се ,,базна” и 10.080 МWh се ,,врвна” eлектрична енергија.

Продажбата ќе се одржи на 22 мај 2018г. (вторник) во просториите на Дирекција на АД ЕЛЕM – Скопје, по пат на аукциско надавање од страна на лиценцираните трговци и снабдувачи со електрична енергија, со кои АД ЕЛЕМ има склучено рамковни договори.

Во понатамошниот период ќе следуваат нови објави за продажба на вишоци електрична енергија за јули 2018г., благодарение на добрата оперативна и производствена кондиција во која се наоѓаат термоелектраните и хидроелектраните на АД ЕЛЕМ, како и поради добрата оптимизација на производството која е направена во изминатиот период и која овозможува дополнително производство на електрична енергија.

Последната продажба во АД ЕЛЕМ се одржа на 3 мај 2018г.,  на која беа продадени вишоци електрична енергија за 3. 874.598 евра.