Македонски енергетски форум во Струга на 7 и 8 јуни, АД ЕЛЕМ меѓу иницијаторите на настанот

Со особено задоволство го објавуваме одржувањето на Македонскиот енергетски форум 2018 на 7 и 8 јуни во хотел „Изгрев“, Струга. Форумот е поддржан од АД Електрани на Македонија, Владата на Република Македонија и ЗИП Институт.

Македонскиот енергетски форум 2018 ќе биде платформа на која ќе бидат споделени и директно комуницирани светските трендови во енергетиката и нивното влијание во Македонија и на Балканот. На форумот ќе гостуваат панелисти од САД, Европа, претставници од Европската енергетска заедница, членови на Владата на Република Македонија, претставници од енергетски компании,  професори и експерти од МАНУ што ќе дискутираат на различни теми од областа на енергетиката.

Клучното и водечко мото на Македонскиот енергетски форум 2018 ќе биде „Решенија во енергетиката денес – алтернативи за иднината“. На форумот ќе се дискутира за традиционалните, но и за новите енергетски извори, за проектите за гасификација и за максимално искористување на обновливите извори на енергија, како и размислувања за светските трендови во енергетиката, кои се очекуваат во следните години.

Ова се темите на кои ќе се дискутира:

Панел I: Енергетиката во светот во следните 20 години

Панел II: Обновливи извори, микромрежи и батерии

Панел III: Енергетската стабилност и сигурност на Западен Балкан

Панел IV: Гасификација и можни правци за снабдување со природен гас

Панел V: Енергетска политика во Република Македонија – патот напред

За повеќе информации за Македонскиот енергетски форум 2018 посетете ја веб страната отворена специјално за Македонскиот енергетски форум www.mef.mk

На таа веб страна е линкот што ќе ве води низ процесот на регистрација.