ТЕ Битола 2 во РЕК Битола се враќа во мрежа

По 15 часовен застој поради прекин во помошното напојување, ТЕ Битола 2 во РЕК Битола се враќа во мрежа.

Застојот настана вчера, 1.1.2018 г. во 19.57 ч. и по извршената инспекција утврдено е дека до застојот дошло поради прекин во помошното напојување и дека не постои поголем технички дефект.

По извршениот протокол за утврдување на причината, нејзино отстранување и проверка на сите параметри, во моментов тече рестартирањето на блокот и најдоцна до 13ч. ТЕ Битола 2 ќе биде приклучен на мрежата на електроенергетскиот систем на Р. Македонија.