Информација за одржана аукција за набавка на електрична енергија

АД ЕЛЕМ денеска одржа јавна аукција за набавка на дополнителни количини електрична енергија за потребите на тарифните потрошувачи (домаќинствата и помалите индустриски потрошувачи) за месец ноември.

Од пријавените шест фирми, најповолна цена понудија фирмите ГЕН-И Продажба ДООЕЛ Скопје, ЕФТ Македонија ДООЕЛ Скопје и ДАНСКЕ Комодитис ДООЕЛ Скопје. На аукцијата беа купени 29,7 GWh електрична енергија по средна цена од 62,8 €/MWh.

Набавката беше поделена на два лота, базна електрична енергија и врвна електрична енергија. За првиот лот, базна енергија, понуди дадоа сите пријавени учесници. По 57 поддавања почетната цена од 62,88 €/MWh се намали на 57,95 €/MWh, по која беа купени 12 MW од понудувачот ДАНСКЕ Комодитис ДООЕЛ Скопје и 8MW по цена од 58,05 €/MWh од понудувачот ГЕН-И Продажба ДООЕЛ Скопје, односно за првиот лот постигната е просечна цена од 57,99 €/MWh. За споредба, цената за базна електричната енергија за ноември на берзата HUPX во Унгарија е 58,86 €/MWh.

За вториот лот, врвна електрична енергија, понуди дадоа двајца учесници. По 48 поддавања почетната цена од 72,11 €/MWh е намалена на 67,31 €/MWh, по која беа купени 25 MW од понудувачот ГЕН-И Продажба ДООЕЛ Скопје и 5 MW по цена од 67,41 €/MWh од понудувачот ЕФТ Македонија ДООЕЛ Скопје, односно просечна постигната цена за овој лот е 67,31 €/MWh. За споредба, цената за врвна електричната енергија за ноември на берзата HUPX во Унгарија е 73,93 €/MWh.

Вкупната вредност на набавката изнесува 1 865 154 евра.