АД ЕЛЕМ секојдневно ќе објавува податоци за нивото на Охридско Езеро

Посетителите на корпоративната страна на АД ЕЛЕМ ќе имаат можност секојдневно да го следат нивото на езерото, а покрај моменталната состојба, се поставени и податоци за минималната и за максималната кота.

Објавените податоци се според сопствените мерења на компанијата, што АД ЕЛЕМ – подружница ХЕС „Црн Дрим“ ги врши со водомерна летва во близина на градското пливалиште во Струга. Новите содржини на веб-страницата се во правец на обезбедување поголема транспарентност во работењето , како и во интерес на засегнатата јавност.