СТИПЕНДИРАЊЕТО ПРОДОЛЖУВА

Пет студенти на електроенергетските насоки на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во учебната 2012/13 година добија стипендија од 6000 денари месечно, а продожи и стипендирањето на четирите студентите кои во учебната 2011/12 станаа стипендисти на нашата компанија. Освен материјална поддршка, студентите ќе имаат можност да стекнат и практично искуство во компанијата. Со ова поддршката на нашата компанија во едукацијата и оспособувањете стручни и квалитетни кадри од областа на енергетиката продолжува.

Според изјавата на деканот на ФЕИТ, стипендирањето ги поттикнува студентите, тие покажуваат многу повисок просечен успех на положените испити, повеќе се залагаат во учењето, а бројот на новозапишани студенти од година во година расте.

Наша цел како општествено одговорна компанија е да продолжиме со стипендирањето, иницијативата да прерасне во традиција, но и да служи како поттик за другите компании во Македонија да издвојат дел од буџетите за стипендирање на студентите.