ИЛИНА АРСОВА НА МОНТ ЕВЕРЕСТ

Триесетгодишната Илина Арсова е првата жена Македонка која го развиори македонското знаме на Монт Еверест, највисокиот врв на светот. Искачувањето на овој врв од жени е реткост, па затоа, овој подвиг на Илина Арсова е документиран и од филмска екипа.

Илина за Монт Еверест се подготвуваше долго време, но експедицијата „Прва Македонка на Монт Еверест” три години се одложуваше заради недостиг од финансиски средства. АД ЕЛЕМ како општествено одговорна компанија, спроведувајќи ја доследно усвоената Декларација за општествена одговорност, како поддржувач на спортот, со голем ентузијазам и почит за талентот на младата алпинистка финансиски  ја помогна Илина да го оствари својот сон. Илина е ликовен уметник, а љубовта кон планинарењето ја стекнала како дете. Сите ние во Македонија ја споделивме нејзината радост и сме горди на неа. Нејзиниот  личен успех претставува успех за целата држава и мотив за сите млади луѓе и сите спортисти дека нема несовладлива препрека, доколку постои посветеност, упорност и работа.