АРХЕОЛОШКИ ПАРК – „Археопарк Бразда“

На падините на Скопска Црна Гора во с. Бразда, општина Чучер – Сандево се отвори првиот археолошки парк во Македонија „Археопарк Бразда“. Проектот го реализираше  здружението „Археологика“ со поддршка на АД ЕЛЕМ. Целта на овој проект е да се заштити и промовира културното наследство на Република Македонија, да се заштити природата што не опкружува и со тоа да креира нова туристичка атракција – археопарк во непосредна близина на главниот град.

Долги години од неговото откривање, локалитетот Градиште с. Бразда, беше недостапен за посетители, а многуте случајни и намерни минувачи немаа можност да се информираат за особеностите на ова значајно културно
наследство.