ДОНАЦИЈА ЗА ОСВЕТЛУВАЊЕ НА СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНА

Во Зоолошката градина во Скопје е поставено ново осветлување и нов систем за видео надзор со што посетителите имаат можност да ја прошетаат и во вечерните часови. Со реализацијата на проектот вреден 10 милиони денари,  поставени се 32 видео-камери на сите улични патеки во Зоолошката и 102 светилки со кои е овозможено целосно осветлување на живеалиштата

Во собата за мониторинг е поставен нов ЛЦД монитор за контролен надзор на снимките од камерите.Направен е и комплетно нов приклучок за поголема моќност, за рамномерно распоредување на електричната енергија. Новото осветлување и видео надзор е донација на општествено одговорните енергетски компании ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН.

АД ЕЛЕМ како општествено одговорна компанија го препозна значењето на овој проект и со средства се вклучи во негова реализација. Зоолошката градина последните години стана одлично катче за поминување на слободното време за децата, но и за возрасните. Со воведувањето на новините, АД ЕЛЕМ како општествено одговорна компанија придонесе скопската зоолошка градина, да го продолжи своето работно време и во вечерните часови и да стане уште поинтересно место за сите посетители.